Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

2. Мојсеева 17:1-16

17  Целата заедница од синови на Израел тргнаа од пустината Син,+ поминувајќи дел по дел од патот, како што им заповеда Јехова.+ И се улогорија во Рафидин.+ Но тука немаше вода за да пие народот.  И народот почна да се препира со Мојсеј и да му вели:+ „Дај ни вода да пиеме!“ А Мојсеј им рече: „Зошто се препирате со мене? Зошто го испитувате Јехова?“+  Но народот таму ожедне за вода, па мрмореше против Мојсеј и му велеше: „Зарем нѐ изведе од Египет за да нѐ убиеш со жед нас и нашите синови и нашата стока?“+  И Мојсеј извика кон Јехова: „Што да правам со овој народ? Уште малку, па ќе ме каменуваат!“+  Тогаш Јехова му рече на Мојсеј: „Излези пред народот+ и земи со себе неколку старешини на Израел и стапот со којшто удри по реката Нил.+ Земи го в рака и оди.  Еве, јас ќе стојам пред тебе онаму, на карпата на Хорив.* Удри по карпата и од неа ќе потече вода, па нека пие народот!“+ И Мојсеј направи така пред очите на старешините на Израел.  И тоа место го нарече Маса*+ и Мерива,*+ бидејќи синовите на Израел се препираа и го испитуваа Јехова,+ велејќи: „Дали е Јехова меѓу нас или не е?“+  Тогаш дојдоа Амаличаните+ да се борат со Израел во Рафидин.+  И Мојсеј му рече на Исус Навин:+ „Избери луѓе за нас, па оди+ и бори се со Амаличаните! Утре ќе застанам на врвот од ридот, со стапот на вистинскиот Бог в рака“.+ 10  И Исус Навин направи како што му рече Мојсеј+ и завојува со Амаличаните, а Мојсеј, Арон и Ор+ се искачија на врвот од ридот. 11  И додека Мојсеј ги држеше рацете кренати, надвиваа Израелците,+ а кога ќе ги спуштеше, надвиваа Амаличаните. 12  Кога на Мојсеј му отежнаа рацете, зедоа еден камен, го ставија под него и тој седна. А Арон и Ор му ги држеа рацете, едниот од едната, а другиот од другата страна, така што рацете му останаа кренати сѐ до зајдисонце. 13  Така Исус Навин ги порази со сечилото на мечот+ Амаличаните и војската што беше со нив. 14  И Јехова му рече на Мојсеј: „Запиши го тоа во книгата за спомен+ и кажи му на Исус Навин: ‚Ќе го избришам споменот за Амаличаните од под небото‘ “.+ 15  Мојсеј направи жртвеник и го нарече Јехова-Ниси.* 16  И рече: „Поради тоа што кренаа рака на престолот+ на Јах,+ Јехова ќе војува со Амаличаните од поколение до поколение“.+

Фусноти

Овде не станува збор за планината на која Бог ги дал Десетте заповеди, туку за планинското подрачје во близина на планината Синај, кое на други места се нарекува Синајска Пустина.
„Маса“ значи „искушување; испит“.
„Мерива“ значи „препирка; караница; судир“.
„Јехова-Ниси“ веројатно значи „Јехова е моето копје (за знаме)“.