Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

2. Мојсеева 16:1-36

16  Потоа заминаа од Елим+ и целата заедница од синови на Израел дојде во пустината Син,+ која е помеѓу Елим и Синај, на петнаесеттиот ден од вториот месец по излегувањето од египетската земја.  И целата заедница од синови на Израел почна да мрмори во пустината против Мојсеј и против Арон.+  Синовите на Израел им велеа: „Камо да умревме+ од Јеховината рака во египетската земја додека седевме крај лонците со месо,+ додека јадевме леб до ситост! Нѐ доведовте во оваа пустина за да изумре од глад целата оваа заедница“.+  Тогаш Јехова му рече на Мојсеј: „Еве, ќе пуштам да ви паѓа леб од небото.+ Народот нека оди и нека си собере секој ден онолку колку што му треба за денот,+ за да го искушам и да видам дали ќе живее* по мојот закон или не.+  А на шестиот ден+ нека го подготват она што ќе го донесат, и ќе биде двојно повеќе од она што го собирале секој ден“.+  Потоа Мојсеј и Арон им рекоа на сите синови на Израел: „Вечер ќе спознаете дека Јехова е тој што ве изведе од египетската земја.+  А утре изутрина ќе ја видите Јеховината слава,+ зашто Јехова чу како мрморите против него. Што сме ние, па да мрморите против нас?“  И Мојсеј продолжи: „Вечерва Јехова ќе ви даде месо да јадете, а утре изутрина ќе ви даде леб да се наситите, зашто Јехова го чу вашето мрморење, чу дека мрморите против него. А што сме ние? Вие не мрморите против нас, туку против Јехова“.+  Потоа Мојсеј му рече на Арон: „Кажи ѝ на целата заедница од синови на Израел: ‚Дојдете пред Јехова, зашто тој го чу вашето мрморење‘ “.+ 10  Кога Арон ѝ го кажа ова на целата заедница од синови на Израел, тие се свртија со лицето кон пустината, и гледај, Јеховината слава се покажа во облакот.+ 11  И Јехова му рече на Мојсеј: 12  „Го чув мрморењето на синовите на Израел.+ Кажи им вака: ‚Приквечер* ќе јадете месо и утре изутрина ќе се наситите со леб.+ Тогаш ќе знаете дека јас сум Јехова, вашиот Бог‘ “.+ 13  И вечерта се појавија потполошки+ и го прекрија логорот, а изутрината росата покри сѐ околу логорот.+ 14  Кога росата испари, по површината на пустината лежеше нешто фино како снегулки,+ фино како мраз+ кога ќе се фати по земјата. 15  Кога го видоа, синовите на Израел се прашуваа еден со друг: „Што е ова?“, бидејќи не знаеја што е. А Мојсеј им рече: „Тоа е лебот што ви го дава Јехова за јадење.+ 16  Ова е заповедта што ја дава Јехова: ‚Соберете од тоа колку што му треба секому за јадење! Земете по еден гомор*+ на човек, секој според бројот на душите што се во неговиот шатор!‘ “ 17  И синовите на Израел направија така. Некои собраа многу, а некои малку. 18  Кога ќе ги измереа на гомор, оној што имаше собрано многу, немаше премногу, а оној што имаше собрано малку, немаше премалку.+ Секој собра онолку колку што му требаше за јадење. 19  Тогаш Мојсеј им рече: „Никој да не остава ништо до утрото!“+ 20  Но тие не го послушаа Мојсеј. Некои оставија нешто од тоа до утрото, но тоа црвоса и се засмрде.+ Затоа Мојсеј се разлути на нив.+ 21  И така го собираа тоа секое утро,+ секому колку што му требаше за јадење. Штом ќе изгрееше сонцето, тоа се растопуваше. 22  А на шестиот ден насобраа двапати повеќе леб,+ по два гомора на човек. И сите поглавари на заедницата дојдоа и му го јавија тоа на Мосеј. 23  Тогаш тој им рече: „Вака рече Јехова: утре е ден за одмор, свет саботен ден* посветен на Јехова.+ Што сакате да печете — испечете, и што сакате да готвите — згответе,+ а сиот вишок оставете си го и чувајте го до следното утро!“ 24  И така го оставија до утрото, како што заповеда Мојсеј. И не се засмрде, ниту се појавија црви во него.+ 25  Тогаш Мојсеј рече: „Јадете го тоа денес, зашто денес е ден за одмор+ посветен на Јехова! Денес нема да го најдете во полето. 26  Шест дена ќе собирате, но седмиот ден е ден за одмор.+ Тогаш ќе го нема“. 27  Сепак, на седмиот ден некои од народот отидоа да собираат, но не најдоа ништо. 28  Затоа Јехова му рече на Мојсеј: „До кога ќе одбивате да се покорите на моите заповеди и закони?+ 29  Не заборавајте дека Јехова ви го даде денот за одмор.+ Затоа на шестиот ден ви дава леб за два дена. Секој нека остане таму каде што е.+ Никој да не го напушта своето место во седмиот ден!“ 30  И народот се одмораше на седмиот ден.+ 31  Израеловиот дом ја нарече таа храна „мана“.* Беше бела како коријандрово семе, а имаше вкус на медени колачи.+ 32  Тогаш Мојсеј рече: „Ова е заповедта што ја даде Јехова: ‚Земи еден полн гомор од тоа за да се чува од поколение до поколение,+ за да го видат вашите потомци лебот што ви го дадов за јадење во пустината кога ве изведов од египетската земја‘ “.+ 33  И Мојсеј му рече на Арон: „Земи еден сад и стави во него еден гомор мана и стави ја пред Јехова за да се чува од поколение до поколение“.+ 34  Како што му заповеда Јехова на Мојсеј, така Арон ја стави пред Сведоштвото*+ за да се чува. 35  И синовите на Израел јадеа мана четириесет години,+ сѐ додека не дојдоа во населена земја.+ Маната ја јадеа сѐ додека не дојдоа на границата на ханаанската земја.+ 36  Гомор е десетти дел од ефа.*

Фусноти

Буквално: „оди“.
„Приквечер“ — буквално: „помеѓу две вечери“. Види ја фуснотата за 2Мо 12:6.
Околу 2,2 литри. Види го додатокот 13.
Буквално: „свет сабат“. Хебрејскиот збор „шабат“, односно „сабат“ (од кој преку грчкиот јазик доаѓа македонскиот збор „сабота“) значи „починка, одмор, мирување“. Сабатот почнува по заоѓањето на сонцето во петок и трае до заоѓањето на сонцето во сабота. Според еврејскиот календар, саботата била седмиот ден во седмицата.
„Мана“, веројатно доаѓа од хебрејскиот израз ман ху, кој значи „Што е ова?“ Види го 15. стих.
По сѐ изгледа дека изразот се однесува на ковчег во кој се чувале важни записи.
Една ефа е 22 литри. Види го додатокот 13.