Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

2. Мојсеева 13:1-22

13  Јехова понатаму му рече на Мојсеј:  „Посвети ми го секој првороден, секој што ја отвора материцата меѓу синовите на Израел, и од луѓето и од животните, зашто мене ми припаѓа“.+  И Мојсеј му рече на народот: „Сеќавајте се на овој ден во кој излеговте од Египет,+ од куќата на ропството, зашто Јехова ве изведе оттаму со силата на својата рака.+ Затоа, да не се јаде ништо со квасец.+  Излегувате денес, во месецот авив.*+    Кога ќе те одведе Јехова во земјата на Ханаанците, Хетејците, Аморејците, Евејците и Евусејците,+ за која им се заколна на твоите прататковци дека ќе ти ја даде,+ земја во која тече мед и млеко,+ тогаш врши ја оваа служба во овој месец.  Седум дена јади бесквасен леб,+ а седмиот ден е празник во чест на Јехова.+  Бесквасниот леб нека се јаде седум дена.+ Кај тебе да не се види ништо со квасец+ и на твоето подрачје да не се види никаде потквасено тесто.+  И во тој ден речи му на својот син: ‚Ова е поради она што го стори Јехова за мене кога излегов од Египет‘.+  И тоа нека ти биде како знак на раката и како спомен на челото,+ за да биде Јеховиниот закон во твојата уста.+ Зашто, со силна рака те изведе Јехова од Египет.+ 10  И држи ја оваа одредба од година на година во одреденото време.+ 11  А кога Јехова ќе те доведе во земјата на Ханаанците,+ како што ви се заколна тебе и на твоите прататковци,+ и кога ќе ти ја предаде, 12   посвети му го на Јехова секој првороден син,+ а исто така и секое првородено од твојата стока.+ Секое машко му припаѓа на Јехова.+ 13  И секое првородено магаре откупи го со едно грло ситна стока, а ако не го откупиш, скрши му го вратот.+ А откупи го и секој првороден меѓу своите синови.+ 14  А ако син ти еден ден те праша:+ ‚Што значи тоа?‘ — одговори му: ‚Со силата на својата рака Јехова нѐ изведе од Египет,+ од куќата на ропството.+ 15  Поради тоа што фараонот стана тврдокорен и не сакаше да нѐ пушти да си одиме,+ Јехова ги погуби сите првородени во египетската земја,+ од првородениот од луѓето до првороденото од животните.+ Затоа му го жртвувам на Јехова секое првородено машко,+ а секој првороден од моите синови го откупувам‘.+ 16  Тоа нека ти биде како знак на раката и како лента на челото,*+ зашто со силата на својата рака Јехова нѐ изведе од Египет“.+ 17  Кога фараонот го пушти народот, Бог не го водеше по патот низ филистејската земја, иако оттаму беше поблиску, зашто Бог рече: „Народот би можел да зажали кога ќе види војна, па да се врати во Египет“.+ 18  Затоа Бог го поведе народот по обиколен пат, низ пустината покрај Црвеното Море.+ И синовите на Израел ја напуштија египетската земја во борбени редови.*+ 19  Мојсеј ги понесе со себе коските на Јосиф, бидејќи Јосиф свечено ги заколна синовите на Израел со зборовите: „Бог сигурно ќе ве погледне,+ а вие понесете ги одовде со себе моите коски“.+ 20  И отидоа од Сокот и се улогорија во Етам, на работ од пустината.+ 21  И Јехова одеше пред нив дење во столб од облак за да ги води по патот,+ а ноќе во столб од оган за да им свети, за да можат да патуваат и дење и ноќе.+ 22  Столбот од облак не се поместуваше од народот дење, ниту столбот од оган ноќе.+

Фусноти

По изгнанството на Евреите во Вавилон, месецот авив го добил името нисан. Види го додатокот 14.
Буквално: „меѓу очите“.
„Во борбени редови“, по сѐ изгледа, во формација слична на војска, во пет групи: претходница, заштитница, средишен дел и две крила.