Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

2. Мојсеева 12:1-51

12  Јехова им рече на Мојсеј и на Арон во египетската земја:  „Овој месец нека ви биде почеток на месеците. Нека ви биде прв месец во годината.+  Вака објавете ѝ на целата израелска заедница: ‚На десеттиот ден од овој месец секој од вас нека земе јагне+ за својот дом, по едно јагне на дом.  Ако се премалку во домот за едно јагне, видете колку може секој да изеде, па викнете го во својот дом својот најблизок сосед со онолку души колку што е потребно за да го изедете јагнето.  Јагнето нека биде без маана,+ машко, годиначе.+ Можете да земете било јагне било јаре.  Чувајте го до четиринаесеттиот ден од овој месец,+ а потоа целиот собир* на израелската заедница нека го заколе приквечер.*+  И нека земат крв и нека ги попрскаат со неа двата довратника и надвратникот на влезната врата од куќите во коишто ќе јадат.+  Нека го јадат месото во таа ноќ.+ Нека го јадат печено на оган, со бесквасен леб+ и со горчливо зелје.+  Ништо од него не јадете сурово, ниту варено во вода, туку печено на оган, со главата, потколениците и утробата. 10  Ништо од него не оставајте до утрото, туку она што ќе остане до утрото изгорете го во оган.+ 11  А јадете го вака: скутовите на облеката нека ви бидат подврзани,+ сандалите+ нека ви бидат обуени и стапот нека ви биде во рацете. Јадете го набрзина. Тоа е пасхална жртва* за Јехова.+ 12  И ќе поминам низ египетската земја во таа ноќ+ и ќе ги убијам сите првородени во египетската земја, од човек до животно.+ И ќе им пресудам на сите египетски богови.+ Јас сум Јехова.+ 13  Крвта нека ви биде знак на куќите во кои ќе се наоѓате. Кога ќе ја видам крвта, ќе ве одминам,+ и неволјата нема да дојде да ве погуби кога ќе ја удрам египетската земја. 14  И тој ден нека ви биде за спомен и славете го како празник во чест на Јехова од поколение до поколение. Славете го според трајната одредба. 15  Седум дена јадете бесквасен леб. На првиот ден отстранете го од своите куќи потквасеното тесто, зашто кој ќе јаде нешто со квасец, од првиот до седмиот ден,+ таа душа да биде погубена и така да се отстрани од Израел.+ 16  На првиот ден одржете свет собир, а и на седмиот ден одржете свет собир.+ Никаква работа да не работите во тие денови.+ Само она што ѝ треба на секоја душа за јадење, само тоа смеете да го подготвите.+ 17  Држете го Празникот на бесквасните лебови,+ зашто тоа е денот во кој ќе ги изведам вашите чети од египетската земја. Држете го тој ден од поколение до поколение. Тоа е трајна одредба. 18  Од вечерта на четиринаесеттиот ден од првиот месец до вечерта на дваесет и првиот ден од тој месец јадете бесквасен леб.+ 19  Седум дена не смее да има потквасено тесто во вашите куќи, зашто секој што ќе јаде нешто со квасец, било дојденец било роден Израелец,+ таа душа да биде погубена и така да биде отстранета од израелската заедница.+ 20  Не смеете да јадете ништо со квасец. Во сите ваши живеалишта јадете бесквасен леб‘ “. 21  Мојсеј веднаш ги свика сите старешини на Израел+ и им рече: „Изберете и земете ситна стока за своите семејства и заколете ја пасхалната жртва!+ 22  И земете китка исоп,+ натопете ја во крв во еден сад и со крвта од садот попрскајте го надвратникот на влезната врата и двата довратника. Никој од вас да не излегува низ вратата на својата куќа сѐ до утрото. 23  Јехова ќе помине за да ги удри Египќаните со неволја. Кога ќе ја види крвта на надвратникот од влезната врата и на двата довратника, Јехова ќе ја одмине таа врата и нема да дозволи да влезе погубувањето во вашите куќи и да ве удри вас.+ 24  Ова нека биде трајна уредба+ за вас и за вашите синови. 25  И кога ќе дојдете во земјата што ќе ви ја даде Јехова, како што и ви вети, вршете ја оваа служба.+ 26  А кога вашите синови ќе ве прашаат: ‚Што ви значи оваа служба?‘+ 27  — речете им: ‚Тоа е пасхалната жртва за Јехова,+ кој ги одминуваше куќите на синовите на Израел во Египет кога ги удри Египќаните со неволја, а нашите куќи ги поштеди‘ “. Тогаш народот се поклони и падна ничкум.+ 28  Потоа синовите на Израел отидоа и направија како што им заповеда Јехова на Мојсеј и на Арон.+ Токму така направија. 29  А на полноќ, Јехова ги погуби сите првородени во египетската земја,+ од првородениот на фараонот, кој седеше на својот престол, до првородениот на затвореникот, кој беше во затворот,* а и сите првородени животни.+ 30  И фараонот стана среде ноќта, тој и сите негови слуги и сите Египќани, и настана голем пискот меѓу Египќаните,+ зашто немаше куќа во која немаше мртовец. 31  Тој уште во ноќта ги викна+ Мојсеј и Арон и им рече: „Станувајте, одете си од мојот народ, и вие и сите синови на Израел! Одете, служете му на Јехова, како што баравте!+ 32  Земете си ја и ситната и крупната стока, како што баравте,+ па одете си! А и мене благословете ме!“ 33  Египќаните почнаа да навалуваат на народот да си оди што поскоро+ од земјата и велеа: „Инаку сите ќе изгинеме!“+ 34  Така народот го понесе своето непотквасено тесто, а садовите за месење леб, завиткани во наметки, ги понесоа на рамења. 35  И синовите на Израел направија како што им рече Мојсеј, па побараа од Египќаните сребрени и златни предмети и облека.+ 36  И Јехова направи народот да најде милост во очите на Египќаните,+ па им го дадоа она што го бараа.+ Така ги ограбија Египќаните.+ 37  И синовите на Израел отидоа од Рамзес+ накај Сокот.+ Имаше шестотини илјади мажи пешаци, не сметајќи ги децата.+ 38  А со нив тргнаа и мноштво други луѓе,*+ како и мошне многу ситна и крупна стока. 39  Од тестото што го беа понеле од Египет, испекоа тркалезни бесквасни лебови. Тестото не беше потквасено, бидејќи ги бркаа од Египет и не можеа повеќе да се задржуваат, и така не си подготвија храна за по пат.+ 40  Синовите на Израел, кои живееја+ во Египет,+ живееја во туѓина четиристотини и триесет години.*+ 41  А кога се навршија тие четиристотини и триесет години, токму во тој ден, сите Јеховини чети излегоа од египетската земја.+ 42  Тоа е ноќ што треба да се празнува за Јехова зашто ги изведе од египетската земја. Таа ноќ треба да ја празнуваат за Јехова сите синови на Израел од поколение до поколение.+ 43  И Јехова им рече на Мојсеј и на Арон: „Ова е одредба за пасхалната жртва:+ ниту еден туѓинец не смее да јаде од неа.+ 44  Секој роб купен за пари обрежете го,+ па дури тогаш може да јаде од неа. 45  Доселеникот и наемникот не смеат да јадат од неа. 46  Сите што го јадат јагнето, нека го јадат заедно во иста куќа. Да не изнесувате месо од куќата и на жртвата да не ѝ скршите ниту една коска.+ 47  Целата израелска заедница нека ја слави.+ 48  Ако меѓу вас живее некој дојденец кој би сакал да ја слави Пасхата во чест на Јехова, да се обрежат сите машки од неговиот дом.+ Дури тогаш нека пристапи и нека ја слави, и нека биде како роден Израелец. А оној што не е обрежан не смее да јаде од неа. 49  Еден закон нека важи и за родениот Израелец и за дојденецот што живее меѓу вас“.+ 50  И сите синови на Израел направија така како што им заповеда Јехова на Мојсеј и Арон. Токму така направија.+ 51  На истиот тој ден, Јехова ги изведе синовите на Израел од египетската земја по нивните чети.+

Фусноти

Или: „собрание; заедница“ — хебрејски: кахал. Хебрејската именка кахал е изведена од глаголот што значи „свикува, собира“ и означува собир на луѓе свикани на едно место заради организирана акција или со некоја друга намера. Спореди ја фуснотата за Мт 16:18.
„Приквечер“ — буквално: „помеѓу две вечери“. Караитските Евреи, самарјаните и некои научници сметаат дека овде се мисли на времето помеѓу заоѓањето на сонцето и настапувањето на потполна темнина. Но според мислењето на фарисеите и на рабините, првата вечер настапува кога сонцето ќе почне да заоѓа, а втората кога ќе зајде.
Или: „Пасха; Песах“. Буквално: „поминување (во смисла: заобиколи, прескокне)“.
Или: „јамата“. Види ја фуснотата за 1Мо 40:15.
Буквално: „мешано мноштво; мешавина од народи“.
Некои древни преводи укажуваат на тоа дека споменатиот број на години не се однесува само на престојот на Израелците во Египет туку дека го опфаќа и нивниот престој во Ханаан. (Види „Целото Писмо е вдахновено од Бог и корисно“, додаток 3, пасус 9.)