Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

2. Мојсеева 11:1-10

11  И Јехова му рече на Мојсеј: „Ќе им нанесам уште една неволја на фараонот и на Египет. Потоа тој ќе ве пушти одовде.+ А кога ќе ве пушти со сѐ што имате, дури и ќе ве брка оттука.+  Затоа, кажи му на народот: секој човек нека бара од својот сосед и секоја жена нека бара од својата сосетка сребрени и златни предмети“.+  И Јехова направи народот да најде милост во очите на Египќаните.+ А и самиот Мојсеј беше многу почитуван во египетската земја, во очите на фараоновите слуги и во очите на народот.+  И Мојсеј рече: „Вака вели Јехова: ‚Околу полноќ ќе поминам низ Египет.+  И секој првороден+ во египетската земја ќе умре, од првородениот на фараонот, кој седи на престолот, до првородениот на слугинката покрај рачната мелница, а и сѐ што е првородено од животните.+  И ќе настане голем пискот во целата египетска земја, каков што уште немало, ниту некогаш ќе има повторно.+  Но на синовите на Израел нема ни пес да залае, ниту на човек ниту на животно,+ за да знаете дека Јехова може да направи разлика помеѓу Египќаните и синовите на Израел‘.+  И сите твои слуги ќе дојдат кај мене и ќе паднат ничкум пред мене,+ велејќи: ‚Одете си и ти и целиот народ кој оди по тебе‘. Потоа ќе си заминам“. И си отиде откај фараонот, пламтејќи од гнев.  Тогаш Јехова му рече на Мојсеј: „Фараонот нема да ве послуша+ за да се намножат моите чуда во египетската земја“.+ 10  Мојсеј и Арон ги направија сите тие чуда пред фараонот,+ но Јехова дозволи да му закорави срцето на фараонот, и така тој не ги пушти синовите на Израел да си одат од неговата земја.+

Фусноти