Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

2. Мојсеева 1:1-22

1  Ова се имињата* на синовите на Израел што дојдоа во Египет со Јаков, секој со својот дом:+  Рувим,+ Симеон,+ Леви+ и Јуда,+  Исахар,+ Завулон+ и Венијамин,+  Дан+ и Нефталим,+ Гад+ и Асер.+  Сите што потекнаа од Јаков*+ беа седумдесет* души, а Јосиф веќе беше во Египет.+  На крајот умре Јосиф,+ а и сите негови браќа и целото она поколение.  А синовите на Израел се раѓаа и станаа многубројни, се намножија и многу се засилија, така што ја наполнија земјата.+  Со текот на времето, над Египет завладеа нов цар кој не го познаваше Јосиф.+  Тој му рече на својот народ: „Ене, народот на синовите на Израел е поброен и помоќен од нас.+ 10  Ајде да постапиме мудро со нив+ за да не се намножат и, ако дојде до војна, да не им се придружат на оние што нѐ мразат, па да почнат да се борат против нас и, на крајот, да си заминат од земјава!“ 11  И поставија над нив надгледници да ги угнетуваат и да ги тераат да работат.+ Така на фараонот му ги градеа градовите Питом и Рамзес+ за да му служат како складишта. 12  Но колку повеќе ги угнетуваа толку повеќе тие се множеа и се ширеа, така што Египќаните ги обзеде голем страв од синовите на Израел.+ 13  Затоа Египќаните сурово ги присилуваа синовите на Израел на ропска работа.+ 14  Им го загорчуваа животот со тешка работа: со правење малтер од глина+ и тули* и со разни ропски работи во полето,+ сурово присилувајќи ги на секаква ропска работа.+ 15  Потоа египетскиот цар им се обрати на еврејските бабици,+ од кои едната се викаше Сепфора, а другата Фуа, 16  и им заповеда: „Кога им помагате на Еврејките при пораѓањето, уште додека се на породилниот стол,* ако видите дека детето е машко, убијте го! Ако е женско, нека живее!“ 17  Но бабиците се боеја од вистинскиот Бог+ и не правеа како што им беше заповедал египетскиот цар,+ туку ги оставаа живи машките деца.+ 18  По некое време, египетскиот цар ги викна бабиците и им рече: „Зошто правевте така и  ги остававте живи машките деца?“+ 19  Тогаш бабиците му одговорија на фараонот: „Еврејките не се како Египќанките. Тие се појаки, па раѓаат уште пред да дојде бабицата кај нив“. 20  Затоа Бог им правеше добро на бабиците.+ И народот стануваше сѐ поброен и стана многу моќен. 21  А бидејќи бабиците се боеја од вистинскиот Бог, тој подоцна ги дарува со семејства.+ 22  На крајот, фараонот му заповеда на сиот свој народ: „Секое машко новороденче фрлете го во Нил, а секое женско оставете го живо!“+

Фусноти

„Ова се имињата“ — хебрејски: Ве еле шемот. Втората книга во Библијата на хебрејски го носи името според овие уводни зборови, понекогаш скратено Шемот. Името „Излез“ потекнува од Септуагинтата и Вулгата.
Буквално: „излегоа од бедрото на Јаков“.
Или: „седумдесет и пет“, според Септуагинтата. Види ги фуснотите за 1Мо 46:20, 27.
Тоа биле тули сушени на сонце.
Или: „па, додека се на породилниот стол“. Изразот „породилен стол“ веројатно се однесува на два камена или две тули на кои родилката седела или клечела при породувањето.