Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

2. Летописи 9:1-31

9  А царицата од Сава+ слушна за Соломон, па дојде да го испита Соломон со загадочни прашања.+ Дојде во Ерусалим со многу голема придружба и со камили+ што носеа балсам,+ мошне многу злато+ и скапоцени камења.+ Откако дојде кај Соломон, разговараше со него за сѐ што ѝ беше на срце.+  А Соломон ѝ одговори на сѐ што таа го праша,+ немаше нешто што му беше скриено на Соломон и на кое не знаеше да ѝ одговори.+  Кога царицата од Сава ги виде мудроста на Соломон,+ домот што го изгради,+  јадењата на неговата трпеза,+ неговите слуги како седат на трпезата, неговите послужители што послужуваа на трпезата и нивната облека,+ неговите пехарници+ и нивната облека, како и жртвите паленици+ што ги принесуваше во Јеховиниот дом,+ ѝ застана здивот.*  Затоа му рече на царот: „Вистина е она што го чув во својата земја за тебе и за твојата мудрост.+  Но не поверував+ во тоа што се зборуваше додека не дојдов и не видов со свои очи.+ И ете, ни половина не ми било кажано за твојата голема мудрост.+ Ти го надминуваш она што го чув за тебе.+  Среќни+ се твоите луѓе, среќни се овие твои слуги што стојат секогаш пред тебе и ја слушаат твојата мудрост!+  Нека е благословен+ Јехова, твојот Бог, кому си му станал толку мил+ што те поставил на својот престол+ да бидеш цар наместо Јехова, својот Бог!+ Твојот Бог го сака+ Израел и сака да го одржи довека, па затоа и те поставил за цар+ за да судиш+ и да спроведуваш правда“.+  Потоа му даде на царот сто и дваесет таланти* злато,+ мошне многу балсам+ и скапоцени камења.+ Никогаш повеќе не дојде толку балсам колку што царицата од Сава му даде на цар Соломон.+ 10  Покрај тоа, слугите на Хирам+ и слугите на Соломон, кои донесуваа злато+ од Офир, донесуваа и алгумово дрво,+ како и скапоцени камења.+ 11  Царот направи скали+ од алгумово дрво за Јеховиниот дом и за царскиот дворец,+ како и харфи+ и псалтири+ за пејачите.+ Никогаш порано не се виде такво нешто во земјата на Јуда. 12  А цар Соломон ѝ даде на царицата+ од Сава сѐ што посака и што побара, повеќе од она што таа му го донесе на царот. Потоа таа си отиде и се врати во својата земја со своите слуги.+ 13  Златото што му доаѓаше на Соломон секоја година тежеше по шестотини шеесет и шест таланти,+ 14  не сметајќи ја вредноста на стоката што му доаѓаше од патувачките трговци и од продавачите,+ како и златото и среброто што му ги донесуваа на Соломон сите арапски цареви+ и управителите на земјата. 15  Цар Соломон направи двесте големи штита од златна легура+ (секој штит го обложи со шестотини сикли злато)+ 16  и триста мали штита од златна легура (секој штит го обложи со три мини злато).+ Потоа царот ги стави во куќата наречена Ливанска шума.+ 17  Царот направи и голем престол од слонова коска и го обложи со чисто злато.+ 18  До престолот водеа шест скалила, а златното подножје беше составено со престолот. Од двете страни на седиштето имаше потпирачи за рацете, а покрај потпирачите+ стоеја два лава.+ 19  Дванаесет лава+ стоеја од двете страни на шесте скалила. Такво нешто не беше направено во ниту едно друго царство.+ 20  Сите садови од кои пиеше+ цар Соломон беа од злато+ и сите садови во куќата наречена Ливанска шума+ беа од чисто злато. Ништо не беше од сребро, зашто во времето на Соломон тоа се сметаше за безвредно.+ 21  Зашто, бродовите на царот пловеа во Тарсис+ со слугите на Хирам+ и секоја трета година тарсиските бродови донесуваа злато, сребро,+ слонова коска,+ мајмуни и пауни.+ 22  Така цар Соломон ги надмина сите други земни цареви со богатството+ и со мудроста.+ 23  Сите земни цареви сакаа да дојдат пред лицето на Соломон+ и да ја чујат неговата мудрост,+ која вистинскиот Бог му ја даде во срцето.+ 24  И секоја година секој му го донесуваше својот дар,+ предмети од сребро и предмети од злато,+ облеки,+ оружје, балсам, коњи и маски.+ 25  Соломон имаше четири илјади јасли за коњите,+ бојни коли+ и дванаесет илјади коњи, и нив ги распореди по градовите каде што држеше коли+ и кај себе во Ерусалим. 26  И владееше над сите цареви од Реката* до филистејската земја и до египетската граница.+ 27  И царот насобра во Ерусалим толку многу сребро што го имаше како што има камења,+ а кедрово дрво како што има диви смокви во Шефела.*+ 28  И на Соломон му донесуваа коњи+ од Египет+ и од сите други земји. 29  А останатата историја на Соломон,+ од почетокот до крајот, зарем не е запишана во записите на пророкот Натан,+ во пророштвото на Ахија+ од Сило+ и во записот за виденијата на јасновидецот Идо+ во врска со Јеровоам,+ синот на Нават?+ 30  Четириесет години Соломон владееше во Ерусалим над сиот Израел. 31  Потоа Соломон почина кај своите прататковци. Го погребаа во градот на Давид, неговиот татко,+ а на негово место+ почна да владее неговиот син Ровоам.+

Фусноти

Буквално: „во неа повеќе немаше дух“.
Види го додатокот 13.
Односно Еуфрат.
Или: „во низината“.