Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

2. Летописи 8:1-18

8  А кога поминаа дваесетте години+ во кои Соломон ги изгради Јеховиниот дом+ и својот дворец,+  Соломон ги утврди градовите што му ги даде Хирам+ и во нив ги насели синовите на Израел.  Потоа Соломон отиде против Емат-Сова и ја освои.  Ги утврди Тадмор во пустината и сите градови што служеа како складишта,+ кои ги изгради во Емат.+  Ги изгради Горни Вет-Орон+ и Долни Вет-Орон,+ утврдени градови со ѕидишта,+ порти и резиња,+  потоа Валат+ и сите градови што му припаднаа на Соломон, а служеа како складишта, сите градови за бојните коли+ и градовите за коњаниците+ и сѐ што сакаше Соломон+ да гради во Ерусалим, на Ливан+ и во целата земја со која владееше.  А сите што преостанаа од Хетејците,+ Аморејците,+ Ферезејците,+ Евејците+ и Евусејците,+ кои не беа Израелци,+  нивните синови што останаа по нив во земјата, а кои синовите на Израел не ги истребија,+ Соломон ги земаше за ропска работа,+ и така е до ден-денес.+  Но никого од Израеловите синови Соломон не го направи роб за својата работа,+ туку тие беа војници,+ заповедници на неговите аѓутанти и заповедници на неговите бојни коли+ и на неговите коњаници.+ 10  Цар Соломон имаше двесте и педесет главни намесници,+ кои ги надзираа луѓето.+ 11  А Соломон ја пресели фараоновата ќерка+ од Давидовиот град+ во куќата што ја изгради за неа,+ зашто рече: „Макар што ми е жена, сепак нема да живее во домот на Давид, царот на Израел, зашто секое место на кое има дојдено Јеховиниот ковчег е свето“.+ 12  Тогаш Соломон почна да му принесува на Јехова жртви паленици+ на Јеховиниот жртвеник,+ кој го беше направил пред предворјето.+ 13  Ги принесуваше жртвите секој ден+ како што требаше според Мојсеевата заповед за деновите за одмор,*+ за младите месечини+ и за пропишаните празници+ три пати годишно+ — на Празникот на бесквасните лебови,+ на Празникот на седмиците+ и на Празникот на сениците.+ 14  И ги постави групите+ свештеници на нивните служби, како што пропиша неговиот татко Давид,+ и левитите+ на нивните должности за да пеат фалби+ и да служат+ пред свештениците секој ден,+ како и вратарите по нивните групи за секоја порта,+ зашто така заповеда Давид, Божјиот човек. 15  И во ништо не отстапија од царевата заповед за свештениците и левитите и за ризниците.+ 16  Така Соломон успешно ја заврши сета работа од денот кога го положи темелот на Јеховиниот дом додека не го доврши.+ Така беше довршен Јеховиниот дом.+ 17  Тогаш Соломон отиде во Есион-Гавер+ и во Елот+ на морскиот брег во едомската земја.+ 18  А Хирам+ по своите слуги му испраќаше бродови и слуги кои го познаваа морето,+ па тие заедно со слугите на Соломон пловеа до Офир+ и оттаму земаа по четиристотини и педесет таланти*+ злато+ и му го донесуваа на цар Соломон.+

Фусноти

Буквално: „сабатите“. Види ја фуснотата за 2Мо 16:23.
Види го додатокот 13.