Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

2. Летописи 6:1-42

6  Тогаш Соломон рече:+ „Јехова, ти рече дека ќе живееш во густа темнина,+  а јас ти изградив дом, за да биде возвишено твоето живеалиште+ и местото каде што ќе живееш довека“.+  Потоа царот се сврти и почна да ја благословува+ целата израелска заедница, а целата израелска заедница стоеше таму.+  И рече: „Нека е благословен Јехова, Богот на Израел,+ кој со своја уста зборуваше со Давид, мојот татко,+ и со своја рака ги исполни ветувањата што ги даде,+ велејќи:  ‚Од денот кога го изведов од египетската земја својот народ, од ниедно Израелово племе не избрав град за во него да се изгради дом каде што ќе престојува моето име+ и не избрав никого за водач на мојот народ Израел.+  Но сега го избрав Ерусалим+ за во него да престојува моето име и го избрав Давид да владее над мојот народ Израел‘.+  И Давид, мојот татко, посака во своето срце да му изгради дом на името на Јехова, Богот на Израел.+  Но Јехова му рече на мојот татко Давид: ‚Желбата на твоето срце е да му изградиш дом на моето име, и добро е што ти е тоа на срце.+  Но ти нема да го изградиш тој дом,+ туку твојот син, кој ќе ти се роди,* тој ќе му изгради дом на моето име‘.+ 10  И Јехова го исполни зборот+ што го даде, и јас дојдов на местото на Давид, мојот татко,+ и седнав на престолот+ на Израел, како што рече Јехова,+ па му изградив дом на името на Јехова, Богот на Израел,+ 11  и таму го ставив ковчегот+ во кој е Јеховиниот сојуз што го склучи со синовите на Израел“.+ 12  Потоа застана пред Јеховиниот жртвеник пред целата израелска заедница+ и ги рашири рацете.+ 13  (Соломон, имено, го направи бакарниот подиум+ и го намести среде дворот.+ Беше долг пет лакти,* широк пет лакти и висок три лакти. Соломон стоеше на него.) И клекна+ пред целата израелска заедница, па ги рашири рацете кон небото+ 14  и рече: „О Јехова, Боже Израелов,+ нема Бог како што си ти+ ниту на небото ниту на земјата — го чуваш сојузот+ и им покажуваш милост* на своите слуги кои ти служат* со сето свое срце.+ 15  Му го исполни на својот слуга Давид, мојот татко, она што му го вети.+ Му даде ветување со својата уста, а со својата рака го исполни, како што се гледа денес.+ 16  А сега, Јехова, Боже Израелов, исполни му го на својот слуга Давид, мојот татко, она што го вети, велејќи: ‚Нема да останеш без наследник кој ќе седи пред мене на Израеловиот престол,+ само ако твоите синови+ внимаваат на својот пат и ако живеат* според мојот закон+ како што ти живееше според мојата волја‘.+ 17  Сега те молам, Јехова, Боже Израелов,+ нека се обистини твоето ветување+ што му го даде на својот слуга Давид!+ 18  Но, дали Бог навистина ќе живее со луѓето на земјата?+ Еве, ни небото, ни небото над небесата не може да те собере,+ а камоли овој дом што го изградив!+ 19  Обрни внимание на молитвата на својот слуга+ и на неговата молба со која моли за милост,+ о Јехова, Боже мој, па чуј ги повикот+ и молитвата што ти ги упатува твојот слуга денес!+ 20  Дење и ноќе твоите очи будно нека го набљудуваат+ овој дом, ова место за кое рече дека во него ќе престојува твоето име.+ Чуј ја молитвата што ти ја упатува твојот слуга свртен кон ова место.+ 21  Чуј ги молбите што ти ги упатуваат твојот слуга+ и твојот народ Израел, свртени кон ова место.+ Чуј од местото каде што живееш, од небото,+ чуј и прости.+ 22  Ако некој му згреши на својот ближен,+ па овој побара од него да се заколне и да се изложи на проклетство,+ и ако тој под заклетва дојде пред твојот жртвеник во овој дом,+ 23  тогаш чуј од небото+ и биди им судија+ на своите слуги, и плати му на злиот, враќајќи му ги неговите дела на неговата глава,+ а праведниот прогласи го за праведен+ и награди го според неговата праведност.+ 24  Ако твојот народ, Израел, е поразен пред непријателот+ затоа што ти згрешил,+ но се врати кај тебе+ и пак почне да го фали твоето име,+ ти се моли+ и од тебе бара милост во овој дом,+ 25  тогаш чуј од небото,+ прости му го гревот на својот народ Израел+ и врати го+ во земјата што им ја даде нему и на неговите прататковци.+ 26  Ако се затвори небото и нема дожд+ затоа што ти грешеле,+ па ти се помолат свртени кон ова место,+ давајќи му фалба на твоето име, и ако се одвратат од својот грев затоа што си им нанесувал неволји,+ 27  тогаш чуј од небото и прости им го гревот на своите слуги, на својот народ Израел, зашто ти ги учиш+ за правиот пат+ по кој треба да одат, и пушти дожд+ на својата земја, која му ја даде во наследство на својот народ.+ 28  Ако во земјата завладее глад+ или ја снајде чума,+ суша,+ мувла+ или ако надојдат скакулци+ или лебарки,+ ако ги опколи непријателот+ во земјата каде што се нивните градови,+ ако ги снајде каква било неволја или болест,+ 29  па кој и да било човек или сиот твој народ Израел+ ти упати молитва+ или молба за милост+ — зашто секој ја знае својата неволја+ и својата болка — ширејќи ги во молитва рацете кон овој дом,+ 30  ти чуј од небото, од своето живеалиште,+ и прости+ и дај му секому според сите негови патишта,+ зашто ти го познаваш неговото срце,+ зашто само ти го познаваш срцето на синовите човечки,+ 31  за да се бојат од тебе+ и да одат по твоите патишта во сите денови додека живеат на земјата што им ја даде на нашите прататковци.+ 32  Па и туѓинецот, кој не му припаѓа на твојот народ Израел,+ туку дошол од далечна земја заради твоето велико име+ и твојата силна рака+ и твојата подигната мишка,+ кога ќе дојде и ќе се помоли свртен кон овој дом,+ 33  тогаш чуј од небото, од своето живеалиште,+ и направи го сето она за кое те моли овој туѓинец,+ за да го запознаат твоето име сите народи на земјата+  и за да се бојат+ од тебе исто како твојот народ Израел, и за да знаат дека овој дом што го изградив го носи твоето име.+ 34  Ако твојот народ тргне во војна+ против своите непријатели по патот по кој ќе го испратиш+ и ако ти се помоли+ свртен кон овој град што го избра и кон овој дом што му го изградив на твоето име,+ 35  тогаш чуј ја од небото неговата молитва и неговата молба, со која моли за милост,+ и дај му правда.+ 36  Ако ти згрешат,+ зашто нема човек што не греши,+ и ако ти се разгневиш на нив и ги предадеш на непријателот, па нивните поробувачи ги одведат во заробеништво во некоја земја, било далеку било близу,+ 37  ако се вразумат во земјата во која ќе бидат одведени во заробеништво, ако се обратат и почнат да ти се молат за милост во земјата во која се заробени,+ па речат: ‚Згрешивме,+ постапивме погрешно,+ правевме зло‘,+ 38  ако навистина се вратат кај тебе со сето свое срце+ и со сета своја душа во земјата на своите поробувачи,+ кои ги одвеле во заробеништво, и ако се помолат свртени кон својата земја што им ја даде на нивните прататковици и кон градот што го избра+ и кон домот што му го изградив на твоето име,+ 39  тогаш чуј ги од небото, од своето живеалиште,+ нивната молитва и нивните молби, со кои ти се молат за милост,+ и дај им правда,+ и прости му+ на својот народ кој ти згрешил. 40  Сега те молам, о Боже мој, твоите очи+ нека бидат отворени и твоите уши+ приклонети кон молитвата упатена од ова место! 41  И сега стани,+ Јехова Боже, појди на местото на својата починка,+ ти и ковчегот на твојата сила.+ Твоите свештеници, Јехова Боже, нека се облечат во спасение и оние што ти се верни нека му се радуваат на доброто.+ 42  Јехова Боже, немој да го отфрлиш својот помазаник!+ Сети се на својата милост* која му ја вети на својот слуга Давид!“+

Фусноти

Буквално: „кој ќе излезе од твоите бедра“.
Еден лакот е 44,5 сантиметри. Види го додатокот 13.
Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.
Буквално: „кои одат пред тебе“.
Буквално: „одат“.
Или: „лојална љубов“.