Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

2. Летописи 5:1-14

5  Така Соломон ја доврши целата работа околу Јеховиниот дом,+ па почна да ги донесува работите што ги посвети Давид, неговиот татко+ — среброто, златото и сите други предмети. И ги стави во ризниците на домот на вистинскиот Бог.+  Тогаш Соломон ги повика кај себе во Ерусалим старешините на Израел,+ сите главари на племиња+ и родовски поглавари+ на Израеловите синови, за да се донесе ковчегот+ на Јеховиниот сојуз од Давидовиот град,+ односно од Сион.+  Така сите луѓе од Израел се собраа кај царот на празникот што се слави во седмиот месец.+  Кога дојдоа сите старешини на Израел,+ синовите на Леви го понесоа ковчегот.+  И го донесоа ковчегот,+ шаторот на средбата+ и сиот свет прибор+ што беше во шаторот. Сето тоа го донесоа свештениците, левити.*+  А цар Соломон и целата израелска заедница што се беше собрала околу него, жртвуваа+ пред ковчегот толку овци и говеда што не можеше да се избројат, ниту бројот да им се одреди.  Потоа свештениците го внесоа ковчегот на Јеховиниот сојуз на неговото место, во најприкриената просторија+ на домот, во Светињата над светињите,+ под крилјата на херувимите.+  Херувимите имаа раширени крилја над местото каде што стоеше ковчегот, така што херувимите ги засолнуваа одозгора ковчегот и неговите лостови.+  Но лостовите беа толку долги што нивните краеви се гледаа од Светињата пред најприкриената просторија,* но однадвор не се гледаа. Таму стојат до ден-денес.+ 10  Во ковчегот немаше ништо друго освен двете плочи,+ кои Мојсеј ги стави во него на Хорив,+ кога Јехова го склучи сојузот+ со синовите на Израел при нивното излегување од Египет.+ 11  И свештениците излегоа од светото место (зашто сите свештеници што се најдоа таму се посветија,+ без оглед на која група ѝ припаѓаа).+ 12  Левитските+ пејачи, сите што им припаѓаа на Асаф,+ Еман,+ Једутун,+ на нивните синови и на нивните браќа, стоеја во облеки од фино платно со чинели,+ псалтири+ и харфи+ источно од жртвеникот, а со нив имаше и сто и дваесет свештеници, кои трубеа во труби.+ 13  И додека трубачите и пејачите го фалеа Јехова и му благодареа сложно во еден глас+ и додека одекнуваше звукот на труби, чинели и на други инструменти,+ како и фалбената песна+ на Јехова: „Зашто е добар,+ зашто неговата милост* трае довека“,+ облак го исполни домот,+ Јеховиниот дом.+ 14  Поради облакот, свештениците не можеа да стојат таму+ и да ја вршат службата, зашто славата+ на Јехова, вистинскиот Бог, го исполни неговиот дом.

Фусноти

Или: „свештениците и левитите“.
Види ја фуснотата за 1Ца 6:5.
Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.