Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

2. Летописи 4:1-22

4  Бакарниот жртвеник+ го направи дваесет лакти долг, дваесет лакти широк и десет лакти висок.+  Потоа направи излеано море,+ кое од едниот до другиот раб имаше десет лакти. Беше тркалезно, високо пет лакти, а за да се опфати, беше потребно јаже од триесет лакти.+  Наоколу под работ имаше украси во вид на тикви+ што го опкружуваа, по десет на еден лакот го опкружуваа морето.+ Имаше два реда украси во вид на тикви, излеани заедно со морето.  Тоа стоеше на дванаесет бика,+ од кои три гледаа кон север, три кон запад, три кон југ, а три кон исток. Морето стоеше врз нив одозгора, а сите тие со својот заден дел беа свртени навнатре.+  Беше дебело една дланка,* а работ му беше изработен како работ на чаша, како кринов цвет.+ Можеше да собере три илјади бата.*+  Направи и десет големи садови за вода, и пет од нив стави од десната, а пет од левата страна+ за да служат за миење.+ Со водата од нив се миеше сѐ што беше потребно за жртвите паленици.+ А морето беше наменето за свештениците, за да се мијат со водата од него.+  Потоа направи десет златни светилници+ според истиот план,+ и ги стави во храмот, пет од десната и пет од левата страна.+  Потоа направи десет маси и ги намести во храмот, пет од десната и пет од левата страна.+ Направи и сто златни чинии.  Направи и двор+ за свештениците,+ голем двор,+ и врати во големиот двор, а вратите ги обложи со бакар. 10  Морето го намести од десната страна, кон југоисток.+ 11  На крајот Хирам ги направи лонците,+ лопатите+ и чиниите.+ Така Хирам ја доврши работата што му ја вршеше на цар Соломон за домот на вистинскиот Бог: 12  двата столба,+ тркалезните глави+ што беа на врвот од двата столба, двете филигрански мрежички+ кои ги покриваа двете тркалезни глави на врвот од столбовите, 13  четиристотините калинки+ за двете филигрански мрежички, за секоја мрежичка по два реда калинки за да ги покријат двете тркалезни глави на врвот од столбовите,+ 14  десетте колички+ и десетте големи садови за вода+ на количките, 15  морето+ и дванаесетте бикови под него,+ 16  садовите, лопатите,+ виљушките+ и сиот друг прибор+ што Хирам-Авив+ му ги направи на цар Соломон од измазнет бакар за Јеховиниот дом. 17  Царот нареди сите овие работи да се излеат во иловица, во Јорданската Долина,* меѓу Сокот+ и Сарида.+ 18  И Соломон направи толку многу од сиот тој прибор што бакарот веќе и не го мереа.+ 19  Соломон го направи и сиот друг прибор+ за домот на вистинскиот Бог: златниот жртвеник,+ масите+ на кои се ставаше лебот пред Бог, 20  светилниците+ со светилките+ од чисто злато, кои, според прописот, требаше да се палат пред најприкриената просторија,*+ 21  златните цветови, светилките, штипките за гаснење фитили,+ сѐ од најчисто злато, 22  поткаструвачите на фитили, чиниите, чашите, пепелниците, сѐ од чисто злато.+ И влезот во домот,+ внатрешната врата на Светињата над светињите и вратата+ на храмот* во домот беа од злато.

Фусноти

Една дланка е 7,4 сантиметри. Види го додатокот 13.
Околу 66.000 литри. Станува збор за максимален капацитет кога било наполнето до врв. Спореди ја фуснотата за 1Ца 7:26 и додатокот 13.
Види ја фуснотата за 1Мо 13:10.
Види ја фуснотата за 1Ца 6:5.
Види ја фуснотата за 1Ца 6:3.