Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

2. Летописи 34:1-33

34  Јосија+ имаше осум+ години кога почна да владее и владееше триесет и една година во Ерусалим.+  Го правеше она што беше исправно во Јеховини очи+ и одеше по патот на Давид, својот прататко,+ не скршнувајќи ни надесно ни налево.+  Во осмата година од своето царување, додека уште беше момче,+ почна да го бара+ Богот на Давид, својот прататко, а во дванаесеттата година почна да ги чисти+ Јуда и Ерусалим од обредните височинки,+ од обредните диреци,*+ од режаните ликови+ и од излеаните статуи.  Пред него ги разурнаа жртвениците+ на Вааловците.+ Ги искрши кадилните сталки+ што беа на нив, ги исече обредните диреци,+ режаните ликови+ и излеаните статуи и ги столчи во прав,+ кој го растури по гробовите на оние што им принесуваа жртви.+  Коските+ на свештениците ги изгоре на нивните жртвеници.+ Така ги исчисти Јуда и Ерусалим.  И во градовите на Манасија,+ на Ефрем,+ на Симеон, дури до Нефталим, насекаде по нивните опустошени места,  ги соборуваше жртвениците+ и обредните диреци,+ ги кршеше режаните ликови+ и ги толчеше во прав.+ Ги скрши сите кадилни сталки+ во целата израелска земја, а потоа се врати во Ерусалим.  Во осумнаесеттата година+ од своето царување, кога ги исчисти земјата и храмот, ги испрати Сафан,+ синот на Азалија, и Маасија, градскиот заповедник, и Јоах, синот на Јоахаз, летописецот, да го поправат+ домот на Јехова, неговиот Бог.  И дојдоа кај првосвештеникот Хелкија+ и му ги дадоа парите донесени во Божјиот дом, кои левитите, вратари,+ ги собраа од Манасија+ и од Ефрем+ и од целиот останат Израел+ и од целиот народ на Јуда и на Венијамин и од жителите на Ерусалим. 10  Потоа им ги врачија парите на оние што беа поставени да ги надгледуваат работите во Јеховиниот дом,+ а оние што работеа на Јеховиниот дом ги употребуваа за обнова и за поправање на домот. 11  Им ги дадоа на занаетчиите и на градителите+ за да се купи делкан камен+ и дрво за сврзните греди и за да се обноват со дрвена граѓа оние делови на градбата што царевите+ на Јуда ги беа оставиле да пропаднат. 12  Тие луѓе совесно работеа,+ а над нив беа поставени левитите Јаат и Авдија, од синовите на Мерариј,+ и Захарија и Месулам, од синовите на Кат,+ за да ја надгледуваат работата. Левитите, од кои сите вешто свиреа на музички инструменти,+ 13  беа над носачите и ги надгледуваа+ сите оние што работеа на различни работи. Левитите+ беа и писари,+ и управители, и вратари.+ 14  Додека ги изнесуваа парите+ донесени во Јеховиниот дом, свештеникот Хелкија+ ја пронајде книгата+ на Јеховиниот закон,+ добиена преку Мојсеј.+ 15  И Хелкија му рече на писарот Сафан:+ „Во Јеховиниот дом ја пронајдов книгата на законот“. И Хелкија му ја даде книгата на Сафан. 16  А Сафан му ја однесе книгата на царот и го извести: „Твоите слуги го прават сето она што им беше доверено. 17  Од ковчегот ги истресуваат парите донесени во Јеховиниот дом и им ги предаваат на поставените мажи и на надгледниците на работата“.+ 18  Потоа писарот Сафан го извести царот: „Свештеникот Хелкија+ ми даде една книга“.+ И Сафан почна да ја чита пред царот.+ 19  Кога ги чу зборовите на законот, царот си ја раскина облеката.+ 20  И им заповеда на Хелкија,+ на Ахикам,+ синот на Сафан, на Авдон, синот на Миха, на Сафан,+ писарот,+ и на Асаија,+ слуга на царот: 21  „Одете и прашајте го+ Јехова за мене+ и за оние што преостанаа во Израел и во Јуда! Прашајте за зборовите запишани во книгата+ што е пронајдена, зашто е голем Јеховиниот гнев+ што ќе се излее на нас затоа што нашите прататковци не се држеле за Јеховините зборови и не го правеле сето она што е запишано во оваа книга“.+ 22  Така Хелкија отиде со луѓето на царот кај пророчицата+ Олда,+ жената на Салум, чуварот на облеката,+ син на Текуја, син на Арас. Таа живееше во Ерусалим, во новиот дел на градот.* Кога ѝ го кажаа сето тоа, 23  таа им рече: „Вака вели Јехова, Богот на Израел: ‚Речете му на човекот што ве испратил кај мене: 24  „Вака вели Јехова: ‚Еве, ќе им нанесам неволја+ на ова место и на неговите жители,+ сите клетви+ што се запишани во книгата што ја читаа пред царот на Јуда,+ 25  зашто ме оставија+ и им гореа приноси на други богови+ за да ме навредуваат+ со сите дела на своите раце.+ Затоа ќе се излее мојот гнев+ на ова место и нема да изгасне‘ “.+ 26  А на царот на Јуда, кој ве праќа да го прашате Јехова, речете му го ова: „Вака вели Јехова, Богот на Израел,+ за зборовите+ што ги чу: 27  ‚Поради тоа што ти омекна срцето+ и се понизи+ пред Бог кога чу што рекол тој за ова место и за неговите жители — се понизи пред мене,+ си ја раскина облеката+ и плачеше пред мене — јас те услишив,+ вели Јехова. 28  Еве, ќе те приберам кај твоите прататковци и во мир ќе бидеш положен во својот гроб.+ Твоите очи нема да ја видат сета таа неволја+ што ќе им ја нанесам на ова место и на неговите жители‘ “ ‘ “.+ И тој одговор му го јавија на царот. 29  Тогаш царот испрати да се соберат сите старешини на Јуда и на Ерусалим.+ 30  Царот потоа отиде во Јеховиниот дом+ со сите луѓе од Јуда, со жителите на Ерусалим, со свештениците+ и левитите, со целиот народ, со големите и малите. И ги прочита+ пред нив сите зборови од книгата на сојузот, која беше пронајдена во Јеховиниот дом.+ 31  И царот, стоејќи на своето место,+ склучи сојуз+ пред Јехова дека ќе го слуша Јехова и ќе се држи за неговите заповеди,+ опомени+ и уредби+ со сето свое срце+ и со сета своја душа,+ и дека ќе ги извршува+ зборовите на сојузот, кои се запишани во оваа книга.+ 32  Потоа ги повика сите што се најдоа во Ерусалим и во Венијамин да стапат во тој сојуз. И жителите на Ерусалим почнаа да постапуваат според одредбите на сојузот што го склучија со Бог, Богот на своите прататковци.+ 33  Потоа Јосија ги отстрани сите одвратни богови+ од целата земја на синовите на Израел+ и ги повика сите што беа во Израел да почнат да му служат на Јехова, својот Бог. За сето време додека тој беше жив, тие не отстапија од Јехова, Богот на своите прататковци.+

Фусноти

Или: „ашерите“.
Или: „во вториот кварт“.