Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

2. Летописи 33:1-25

33  Манасија+ имаше дванаесет години кога почна да владее, и владееше педесет и пет години во Ерусалим.+  Го правеше она што е зло во Јеховини очи,+ според одвратните обичаи+ на народите кои Јехова ги истера од пред синовите на Израел.+  Повторно ги направи обредните височинки+ што ги разурна Езекија,+ неговиот татко, им подигна жртвеници+ на Вааловците,+ направи обредни диреци*+ и почна да ѝ се клања+ на сета небесна војска+ и да ѝ служи.+  Направи жртвеници+ во Јеховиниот дом, за кој Јехова рече: „Во Ерусалим ќе престојува моето име довека“.+  Ѝ направи жртвеници и на сета небесна војска+ во двата двора+ на Јеховиниот дом.+  Своите синови ги поминуваше низ оган+ во долината на Еномовиот син,+ се занимаваше со магија,+ вражаше+ и гаташе,+ а и постави луѓе за да повикуваат духови+ и да прорекуваат настани.+ Многу зла правеше пред Јехова и го навредуваше.+  Направи и режан лик,+ па го постави во домот на вистинскиот Бог,+ за кој Бог им рече на Давид и на Соломон, неговиот син: „Во овој дом и во Ерусалим, кој го избрав+ меѓу сите племиња на Израел, ќе престојува моето име+ довека.+  И нема да дозволам ногата на синовите на Израел да се тргне од земјата што им ја одредив+ на нивните прататковци,+ само ако се трудат да држат сѐ што им заповедав,+ целиот закон,+ уредбите+ и заповедите+ што ги дадов преку Мојсеј“.+  И Манасија+ ги наведуваше Јуда+ и жителите на Ерусалим да прават уште полоши работи+ отколку народите кои Јехова ги истреби од пред синовите на Израел.+ 10  Јехова ги опоменуваше Манасија и неговиот народ, но тие не обрнуваа внимание.+ 11  На крајот Јехова ги доведе против нив+ воените заповедници на асирскиот цар+ и тие го фатија Манасија во пештера,+ го оковаа+ во двојни бакарни окови и го одведоа во Вавилон. 12  А кога се најде во неволја,+ се трудеше да го смилостиви* лицето на Јехова, својот Бог,+ и многу се понизи+ пред Богот на своите прататковци. 13  Му се молеше, и тој ја чу неговата молитва+ и ја услиши неговата молба со која молеше за милост, па го врати во Ерусалим и му ја врати царската власт.+ И Манасија созна дека Јехова е вистинскиот Бог.+ 14  Потоа, покрај Давидовиот град+ изгради надворешен ѕид,+ кој се протегаше западно од Гион+ во долината до Рибната Порта+ и покрај Офел.+ Ѕидот што го изгради беше многу висок. И постави воени заповедници во сите утврдени градови во Јуда.+ 15  Ги отстрани туѓите богови+ и идолскиот лик+ од Јеховиниот дом, како и сите жртвеници+ што ги изгради на гората на Јеховиниот дом и во Ерусалим, и ги фрли надвор од градот. 16  Потоа го постави Јеховиниот жртвеник+ и почна да принесува на него жртви на заедништвото+ и жртви на благодарност,+ а на Јуда му заповеда да му служи на Јехова, Богот на Израел.+ 17  Сепак, народот сѐ уште принесуваше жртви на обредните височинки,+ но му ги принесуваа на Јехова, својот Бог. 18  Останатата историја на Манасија, неговата молитва+ кон Бог и зборовите што му ги кажуваа јасновидците+ во името на Јехова, Богот на Израел, се запишани во историјата на израелските цареви.+ 19  Како се молеше+ и како беше услишен,+ сите негови гревови+ и неговата неверност,+ и местата на кои, пред да се понизи,+ направи обредни височинки+ и постави обредни диреци+ и режани ликови,+ сето тоа е запишано во записите на неговите јасновидци. 20  На крајот Манасија почина кај своите прататковци+ и го погребаа+ кај неговиот дворец, а на негово место почна да владее неговиот син Амон.+ 21  Амон+ имаше дваесет и две години кога почна да владее и владееше две години во Ерусалим.+ 22  Го правеше она што е зло во Јеховини очи,+ како што го правеше тоа и Манасија, неговиот татко.+ На сите режани ликови+ што ги направи Манасија,+ неговиот татко, Амон им принесуваше жртви+ и им служеше.+ 23  И не се понизи+ пред Јехова, како што се понизи неговиот татко Манасија,+ туку уште ја зголеми својата вина.+ 24  На крајот неговите слуги сковаа заговор+ против него и го убија во неговиот дворец.+ 25  А народот* ги уби+ сите што беа сковале заговор+ против цар Амон.+ Потоа народот+ наместо него го постави за цар Јосија,+ неговиот син.

Фусноти

Или: „ашери“.
Буквално: „омекне“.
Буквално: „народот од земјата“ (хебрејски: ам хаарец).