Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

2. Летописи 30:1-27

30  Езекија им порача на целиот Израел+ и Јуда, дури им напиша и писма на племињата на Ефрем+ и Манасија,+ да дојдат во Јеховиниот дом+ во Ерусалим за да ја прослават Пасхата+ во чест на Јехова, Богот на Израел.  Царот и неговите кнезови+ и целата заедница+ во Ерусалим решија да ја прослават Пасхата во вториот месец.+  Не можеа да ја прослават во вистинското време+ зашто немаше доволно свештеници+ што беа посветени, а и народот не се беше собрал во Ерусалим.  Тоа беше исправно во очите на царот и во очите на целата заедница.+  И одлучија да разгласат+ по цел Израел, од Вирсавеја+ до Дан,+ за сите да дојдат и да ја прослават Пасхата во Ерусалим, во чест на Јехова, Богот на Израел, зашто не се беа собирале како народ за да ја слават+ како што беше пропишано.+  Така гласниците+ со писма од царот и од неговите кнезови+ отидоа по целиот Израел и Јуда, објавувајќи на заповед на царот: „Синови на Израел, вратете му се+ на Јехова, Богот+ на Авраам, на Исак и на Израел, па и тој ќе ви се врати вам што останавте+ и се избавивте од рацете на асирските цареви.+  Немојте да бидете како вашите прататковци+ и како вашите браќа, кои му беа неверни на Јехова, Богот на своите прататковци, така што тој од нив направи глетка над која сите се згрозуваат,+ како што гледате и самите.  Немојте да бидете непокорни*+ како што беа вашите прататковци. Подложете му се на Јехова+ и дојдете во неговото светилиште,+ кое тој го посвети+ за навек, и служете му+ на Јехова, својот Бог, за да се одврати од вас неговиот распламтен гнев.+  Зашто, кога ќе му се вратите+ на Јехова, вашите браќа и вашите синови ќе најдат милост+ кај оние што ги држат во заробеништво, па ќе се вратат во оваа земја,+ зашто Јехова, вашиот Бог, е милостив+ и милосрден,+ и нема да го сврти своето лице од вас ако му се вратите“.+ 10  И гласниците+ одеа од град во град по целата земја на Ефрем+ и на Манасија дури до Завулон, но луѓето им се потсмеваа и се подбиваа со нив.+ 11  Само некои+ од Асер, од Манасија и од Завулон се понизија+ и дојдоа во Ерусалим. 12  Раката на вистинскиот Бог беше над Јуда и ги водеше за да ја извршат еднодушно+ заповедта+ на царот и на кнезовите за Јеховината служба.+ 13  И во Ерусалим се собра многу народ,+ многубројна заедница, за да го прослават Празникот+ на бесквасните лебови во вториот месец.+ 14  Потоа станаа и ги отстранија жртвениците+ што беа во Ерусалим, ги отстранија и сите кадилни жртвеници+ и ги фрлија во долината на Кедрон.+ 15  Потоа, на четиринаесеттиот ден од вториот месец, ја заклаа пасхалната жртва.+ А свештениците и левитите се засрамија, па се посветија+ и почнаа да ги внесуваат жртвите паленици во Јеховиниот дом. 16  И застанаа на своето место,+ како што е пропишано во законот на Мојсеј, Божјиот човек. Свештениците+ го попрскуваа жртвеникот со крвта што ја примаа од рацете на левитите. 17  Во заедницата имаше многу од оние што не се посветија, па левитите+ беа задолжени да колат пасхални жртви+ наместо сите оние што не беа чисти, за да ги посветат за Јехова. 18  Голем дел од народот, мнозина од Ефрем,+ од Манасија,+ од Исахар и од Завулон,+ не се исчистија,+ па не ја јадеа пасхалната жртва како што беше пропишано.+ Но Езекија се молеше за нив:+ „Добриот+ Јехова нека му прости 19  секому кој го подготвил своето срце+ да го бара вистинскиот Бог Јехова, Богот на своите прататковци, дури и ако не се исчистил како што се бара за светите работи!“+ 20  И Јехова го послуша Езекија и му прости на народот.+ 21  Така синовите на Израел што беа во Ерусалим го славеа Празникот+ на бесквасните лебови седум дена со голема веселба.+ Левитите+ и свештениците+ го фалеа Јехова секој ден со гласните звуци на инструментите, на слава на Јехова.+ 22  И Езекија ги храбреше* сите левити, кои разборито ја вршеа Јеховината служба.+ Седум дена сите го јадеа она што беше пропишано за празникот,+ принесувајќи жртви на заедништвото+ и признавајќи му ги своите гревови+ на Јехова, Богот на своите прататковци. 23  Потоа целата заедница реши+ да слави уште седум дена,+ така што уште седум дена го славеа празникот со веселба. 24  Езекија, царот на Јуда, ѝ подари+ на заедницата илјада јунци и седум илјади овци, а кнезовите+ ѝ подарија на заедницата илјада јунци и десет илјади овци. И се посветија многу свештеници.+ 25  Така се веселеше+ целата заедница на Јуда,+ свештениците и левитите,+ целата заедница што дојде од Израел,+ дојденците+ што дојдоа од израелската земја+ и оние што живееја во Јуда. 26  Во Ерусалим владееше голема веселба, зашто уште од времето на Соломон,+ Давидовиот син, царот на Израел, не беше така во Ерусалим.+ 27  На крајот станаа левитските свештеници и го благословија+ народот. Нивниот глас беше услишен и нивната молитва допре до неговото свето живеалиште, до небото.+

Фусноти

Или: „тврдоврати“. Буквално: „не стврднувајте ја шијата (вратот)“.
Буквално: „му зборуваше на срцето на“.