Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

2. Летописи 29:1-36

29  Езекија+ имаше дваесет и пет години кога стана цар, и владееше дваесет и девет години во Ерусалим. Мајка му се викаше Авија, а му беше ќерка на Захарија.+  Тој го правеше она што е исправно во Јеховини очи,+ сето она што го правеше и Давид, неговиот прататко.+  Во првата година од своето владеење, во првиот месец, ги отвори вратите на Јеховиниот дом и почна да ги поправа.+  Потоа ги доведе свештениците и левитите и ги собра на отворено,+ на источната страна  и им рече: „Чујте ме, синови на Леви! Посветете се+ сега самите и посветете го домот на Јехова, Богот на своите прататковци, и од светото место изнесете сѐ што е нечисто.+  Нашите татковци беа неверни+ и го правеа она што е зло во очите на Јехова, нашиот Бог,+ го оставија,+ го завртија лицето од живеалиштето на Јехова+ и му свртија грб.  И ги затворија вратите+ на предворјето и ги изгаснаа светилките.+ Не палеа темјан+ и не му принесуваа на Богот на Израел+ жртви паленици на светото место.  Затоа Јехова пламна од гнев+ против Јуда и против Ерусалим, па од нив направи ужасна глетка+ над која сите се згрозуваат+ и на која од зачуденост потсвирнуваат,+ како што гледате и вие со свои очи.  Еве, нашите прататковци паднаа од меч,+ а нашите синови, нашите ќерки и нашите жени се заробени поради тоа.+ 10  Сега во своето срце решив да склучам сојуз+ со Јехова, Богот на Израел, за да се одврати од нас неговиот распламтен гнев. 11  Затоа, синови мои, нека не ви почиваат рацете,+ зашто Јехова вас ве избра да стоите пред него и да му служите,+ да му бидете слуги+ и да му горите приноси“.+ 12  Тогаш станаа левитите+ Махат, синот на Амасај, и Јоил, синот на Азарија, од синовите на Кат.+ Од синовите на Мерариј:+ Кис, синот на Авдиј, и Азарија, синот на Јехалел. Од синовите на Гирсон:+ Јоах, синот на Зима, и Еден, синот на Јоах. 13  Од синовите на Елисафан:+ Шимри и Јеуел, а од синовите на Асаф:+ Захарија и Матанија. 14  Од синовите на Еман:+ Јеил и Симеј, а од синовите на Једутун:+ Семаја и Узиел. 15  Тие ги собраа своите браќа и се посветија,+ а потоа дојдоа, како што заповеда царот според Јеховината реч,+ да го исчистат+ Јеховиниот дом. 16  Свештениците влегоа во Јеховиниот дом за да го исчистат, и изнесоа во дворот+ на Јеховиниот дом сѐ што беше нечисто, кое го најдоа во Јеховиниот храм. Левитите потоа го земаа тоа и го носеа надвор во долината на Кедрон.+ 17  Така почнаа со посветувањето на првиот ден од првиот месец, а на осмиот ден од тој месец дојдоа до Јеховиното предворје.+ Осум дена го посветуваа Јеховиниот дом, а на шеснаесеттиот ден од првиот месец+ завршија. 18  Потоа дојдоа кај цар Езекија и му рекоа: „Го исчистивме целиот Јеховин дом, жртвеникот+ за жртви паленици и целиот негов прибор,+ масата+ на која се редат лебовите и целиот нејзин прибор.+ 19  Целиот прибор,+ кој цар Ахаз+ во својата неверност+ го отстрани за време на своето владеење, повторно го подготвивме и го посветивме.+ Ене го пред Јеховиниот жртвеник“. 20  А утредента цар Езекија+ стана рано+ и ги собра градските кнезови,+ па отиде во Јеховиниот дом. 21  И доведоа седум јунци,+ седум овни, седум јагниња и седум јарци како жртва за грев+ за царството и за светилиштето и за Јуда. Тогаш тој им рече на синовите на Арон, свештениците,+ да ги принесат на Јеховиниот жртвеник. 22  И ги заклаа+ говедата, а свештениците ја зедоа крвта+ и со неа го попрскаа+ жртвеникот. Потоа ги заклаа овните+ и со крвта го попрскаа жртвеникот,+ а потоа ги заклаа и јагнињата и со крвта го попрскаа жртвеникот. 23  Потоа ги доведоа пред царот и пред заедницата јарците+ за жртва за грев и ги положија рацете врз нив.+ 24  Свештениците потоа ги заклаа и нивната крв ја принесоа на жртвеникот како жртва за грев, за да се исчисти целиот Израел,+ зашто царот нареди да се принесат жртвата паленица и жртвата за грев+ за целиот Израел.+ 25  Дотогаш веќе ги беше поставил во Јеховиниот дом левитите+ со чинели,+ псалтири+ и со харфи,+ како што заповедаа Давид,+ царскиот јасновидец Гад+ и пророкот Натан,+ зашто таа заповед дојде од Јехова преку неговите пророци.+ 26  Така левитите стоеја со Давидовите инструменти,+ а свештениците со трубите.+ 27  Тогаш Езекија заповеда да се принесат на жртвеникот жртви паленици. Кога почнаа да ги принесуваат жртвите паленици, му запеаја+ на Јехова во придружба на трубите и на инструментите на Давид, царот на Израел. 28  И целата заедница се поклони,+ а песната одекнуваше+ и трубите ечеа — сѐ додека не заврши принесувањето на жртвите паленици. 29  Кога заврши принесувањето, царот и сите што беа со него се поклонија и паднаа ничкум.+ 30  Тогаш цар Езекија и кнезовите+ им заповедаа на левитите да го фалат Јехова со фалбените песни на Давид+ и на јасновидецот Асаф.+ И радосно+ го фалеа Бог, и паднаа ничкум и се поклонија.+ 31  На крајот Езекија рече: „Сега сте овластени* да му служите на Јехова.+ Пристапете и донесете во Јеховиниот дом жртви на благодарност+ и други жртви“.+ И заедницата донесе жртви на благодарност и други жртви, а секој што имаше спремно срце донесе и жртви паленици.+ 32  И заедницата донесе за жртви паленици седумдесет говеда, сто овни, двесте јагниња — сето тоа за жртви паленици за Јехова.+ 33  За свети жртви донесоа шестотини говеда и три илјади овци. 34  Но свештениците+ беа премалку, па не можеа да ги одерат сите жртви паленици.+ Затоа им помагаа нивните браќа+ левитите додека не се заврши работата+ и додека не се посветија+ свештениците, зашто левитите се посветуваа со поголема ревност+ отколку свештениците. 35  Имаше многу жртви паленици+ и мрсни делови+ од жртвите на заедништвото+ и жртви налевници+ за жртвите паленици. Така беше обновена службата во Јеховиниот дом.+ 36  Езекија и целиот народ се радуваа што вистинскиот Бог го подготви сето тоа за својот народ,+ зашто сето тоа се случи ненадејно.+

Фусноти

Буквално: „Сега си ги наполнивте рацете“. Види ја фуснотата за 2Мо 28:41.