Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

2. Летописи 28:1-27

28  Ахаз+ имаше дваесет години кога почна да владее, и владееше шеснаесет години во Ерусалим.+ Не го правеше она што е исправно во Јеховини очи како што го правеше тоа Давид, неговиот прататко.+  Одеше по патот на израелските цареви,+ и дури направи излеани+ статуи на Вааловци.+  Гореше приноси+ во долината на Еномовиот син+ и ги гореше своите синови+ во оган, според одвратниот обичај+ на народите кои Јехова ги истера од пред синовите на Израел.+  Принесуваше жртви+ и гореше приноси на обредните височинки,+ по ридовите+ и под секое зелено дрво.+  Затоа Јехова, неговиот Бог, го предаде во рацете+ на сирискиот цар,+ така што тој го порази, му зароби голем број луѓе и ги одведе во Дамаск.+ Беше предаден и во рацете на израелскиот цар,+ кој му нанесе тежок пораз.  Така Фекај,+ синот на Ремалија,+ во еден ден погуби во Јуда сто и дваесет илјади луѓе, сѐ храбри луѓе, зашто го оставија Јехова,+ Богот на своите прататковци.  А Зихриј, јунак од Ефрем,+ ги уби Маасија, царевиот син, Азрикам, дворскиот управител, и Елкана, кој беше веднаш до царот.  Освен тоа, синовите на Израел заробија двесте илјади свои браќа, жени, синови и ќерки. Од нив зедоа и многу плен, кој го однесоа во Самарија.+  А таму беше Јеховиниот пророк кој се викаше Одед. Тој излезе пред војската што одеше во Самарија и им рече: „Гледај, Јехова, Богот на вашите прататковци, се разгневи+ на Јуда и затоа ги предаде во ваши раце, а вие ги убивте со таков гнев+ што тоа допре до небесата.+ 10  И сега сакате да ги подјармите синовите на Јуда и Ерусалим за да ви бидат слуги+ и слугинки. А не сте ли и вие полни со вина пред Јехова, својот Бог? 11  Затоа сега послушајте ме и вратете ги заробениците што ги заробивте меѓу своите браќа,+ зашто против вас се разгоре Јеховиниот гнев“.+ 12  Така некои поглавари+ на синовите на Ефрем,+ и тоа: Азарија, синот на Јоанан, Верехија, синот на Месилемот, Езекија, синот на Салум, и Амаса, синот на Хадлај, станаа против оние што се враќаа од воениот поход 13  и им рекоа: „Немојте да ги доведувате ваму заробениците, зашто на себе ќе навлечеме вина пред Јехова! Вие уште мислите да ги зголемите нашите гревови и нашата вина, како да не е доволно голема нашата вина,+ а и гневот веќе се разгоре+ против Израел“. 14  Тогаш воините+ ги оставија заробениците+ и пленот пред кнезовите+ и пред целата заедница. 15  И станаа луѓето што беа одредени по име+ и ги презедоа заробениците. Сите што беа скудно облечени* ги облекоа во облека од пленот. Ги облекоа,+ им дадоа сандали, ги нахранија+ и ги напоија,+ па ги намачкаа со масло. Ги ставија на магариња+ сите што беа премалени, и ги одведоа кај нивните браќа во Ерихон,+ градот на палмите.+ Потоа се вратија во Самарија.+ 16  Во тоа време цар Ахаз+ побара помош од царевите на Асирија.+ 17  Едомците+ повторно дојдоа, го нападнаа Јуда и одведоа заробеници. 18  А Филистејците+ ги нападнаа градовите во Шефела*+ и во Негев,*+ на подрајчето на Јуда, и ги освоија Вет-Семес,+ Ајалон,+ Гедирот,+ Сохо+ со околните градови, Темна+ со околните градови и Гимзо со околните градови. И се населија таму. 19  Зашто, Јехова го понижи+ Јуда поради израелскиот* цар Ахаз, затоа што допушти да се шири разузданоста во Јуда+ и затоа што многу неверно постапуваше кон Јехова. 20  А асирскиот цар Телгат-Фелнасар+ дојде против него и почна да му задава маки+ наместо да му помогне. 21  Макар што Ахаз ги испразни Јеховиниот дом,+ царскиот дворец+ и куќите на кнезовите+ за да му даде дар на асирскиот цар,+ тоа ништо не му помогна. 22  И додека беше во неволја, цар Ахаз му стана уште поневерен на Јехова.+ 23  Почна да им принесува жртви на дамаските+ богови,+ кои го поразија, зашто мислеше: „Кога боговите на сириските цареви им помагаат ним,+ ќе им принесувам жртви за да ми помогнат и мене“.+ Поради нив падна во грев и тој и целиот Израел.+ 24  Ахаз го собра приборот+ од домот на вистинскиот Бог и го искрши,+ ги затвори вратите+ на Јеховиниот дом и направи жртвеници на секој агол во Ерусалим.+ 25  И по сите градови, во секој град на Јуда, направи обредни височинки+ за да им горат приноси на други богови,+ и така го навредуваше+ Јехова, Богот на своите прататковци. 26  Останатата негова историја+ и сѐ што правеше тој, од почетокот до крајот, запишано е во Книгата+ за царевите на Јуда и на Израел. 27  На крајот Ахаз почина кај своите прататковци и го погребаа во градот, во Ерусалим, но не го положија во гробницата на израелските цареви.+ На негово место почна да владее неговиот син Езекија.

Фусноти

Буквално: „голи“.
Или: „во низината“.
Или: „на југ“. Види ја фуснотата за 1Мо 12:9.
Или: „јудејскиот“. Види ја фуснотата за 2Ле 21:2.