Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

2. Летописи 25:1-28

25  Амазија+ имаше дваесет и пет години кога стана цар, и владееше дваесет и девет години во Ерусалим. Мајка му се викаше Јехоадан+ и беше од Ерусалим.  Го правеше она што е исправно во очите на Јехова,+ но срцето не му беше потполно оддадено+ нему.  А кога го зацврсти царството, ги уби+ своите слуги+ што го убија царот, неговиот татко.+  Но нивните синови не ги погуби, туку постапи така како што е запишано во законот, во Мојсеевата книга,+ каде што Јехова заповеда: „Татковците нека не бидат погубувани поради синовите+ и синовите нека не бидат погубувани поради татковците.+ Секој нека биде погубен поради сопствениот грев“.+  Потоа Амазија ги собра синовите на Јуда и заповеда сиот народ на Јуда и на Венијамин да се нареди според домовите на своите прататковци,+ под заповедништво на илјаданачалниците+ и на стотниците.+ Кога ги попиша оние од дваесет години нагоре,+ утврди дека има триста илјади избрани луѓе способни за војска, кои носат копје+ и голем штит.+  Освен тоа, за сто таланти* сребро изнајми уште сто илјади храбри јунаци од Израел.  Но му дојде Божји човек+ и му рече: „Царе, нека не оди со тебе израелската војска, зашто Јехова не е со Израел,+ не е со ниту еден од синовите на Ефрем!  Оди сам и бори се храбро во битката!+ Вистинскиот Бог би можел да те собори пред непријателот, зашто Бог има моќ да помогне+ и да собори“.+  Тогаш Амазија+ му рече на Божјиот човек: „Но што ќе биде тогаш со стоте таланти што ѝ ги дадов на израелската војска?“+ А Божјиот човек му одговори: „Јехова може да ти даде многу повеќе од тоа“.+ 10  И Амазија ја одвои војската што му дојде од Ефрем и ги испрати војниците да се вратат во своите куќи. Но тие многу се разгневија на Јуда и се вратија во своите куќи пламтејќи од гнев.+ 11  Амазија се охрабри, го поведе својот народ и отиде во Солената Долина.+ Таму ги погуби синовите на Сеир,+ десет илјади од нив.+ 12  Синовите на Јуда заробија и десет илјади живи. И ги одведоа на врвот од една карпа, па ги фрлија од врвот на карпата, така што сите се здробија.+ 13  А војниците што Амазија ги прати назад за да не одат со него во битка+ ги напаѓаа градовите на Јуда, од Самарија+ до Вет-Орон,+ погубија во нив три илјади луѓе и однесоа голем плен. 14  А кога се врати откако ги порази Едомците, Амазија ги донесе со себе боговите+ на синовите на Сеир и ги постави за свои богови.+ Почна да им се клања+ и да им гори приноси.+ 15  Тогаш Јехова се разгневи на Амазија и му испрати пророк, кој го праша: „Зошто ги бараш+ боговите на другите народи,+ кои не можеа сопствениот народ да го избават од твојата рака?“+ 16  Додека тој му го зборуваше тоа, царот го праша: „Те поставивме ли за советник на царот?+ Подобро ќе ти биде да престанеш!+ Зошто да те погубат?“ Тогаш пророкот молкна, но уште рече: „Знам дека Бог одлучил да те уништи,+ зашто постапуваш така,+ а не го слушаш мојот совет“.+ 17  Тогаш Амазија, царот на Јуда, се посоветува и испрати гласници кај израелскиот цар Јоас, синот на Јоахаз, син на Јуј,+ и му порача: „Дојди да се пробаме кој е појак!“+ 18  А израелскиот цар Јоас му испрати на Амазија, царот на Јуда, ваков одговор:+ „Трнливиот плевел на Ливан му порача на кедарот на Ливан:+ ‚Дај му ја ќерка ти за жена на мојот син!‘+ Но полска ѕверка+ на Ливан помина преку трнливиот плевел и го изгази. 19  Ти си мислиш: ‚Ги поразив Едомците‘,+ па срцето+ ти се возгордеало и бараш слава.+ Подобро остани си дома!+ Зошто да се впушташ во судир и да бидеш поразен?+ Зар сакаш да пропаднеш и ти и Јуда со тебе?“+ 20  Но Амазија не послуша, бидејќи вистинскиот Бог одлучи+ да ги предаде во рацете на противникот затоа што ги бараа едомските богови.+ 21  Така дојде Јоас, израелскиот цар,+ па тој и Амазија, царот на Јуда, се пробаа кој е појак+ кај Вет-Семес,+ кој му припаѓа на Јуда. 22  И синовите на Израел ги поразија синовите на Јуда,+ така што овие побегнаа секој во својот шатор.+ 23  А Јоас, царот на Израел, го зароби Амазија,+ царот на Јуда, синот на Јоас, син на Јоахаз, кај Вет-Семес, па го доведе во Ерусалим.+ Потоа го проби ерусалимскиот ѕид од Ефремовата Порта+ до Аголната Порта,+ во должина од четиристотини лакти.* 24  Ги зеде сето злато, сребро и сите предмети што се најдоа во домот на вистинскиот Бог, а кои ги чуваше Овид-Едом,+ и што се најдоа во ризниците на царскиот дворец,+ а освен тоа зеде и заложници, па се врати во Самарија.+ 25  Амазија,+ синот на Јоас, царот на Јуда, живееше уште петнаесет години по смртта на Јоас,+ синот на Јоахаз, царот на Израел.+ 26  А останатата историја на Амазија, од почетокот до крајот,+ зар не е запишана во Книгата+ за царевите на Јуда и на Израел?+ 27  Откако Амазија се одврати од Јехова, во Ерусалим се ковеше заговор+ против него. На крајот побегна во Лахис,+ но по него во Лахис испратија луѓе, кои го убија таму.+ 28  Оттаму го донесоа на коњи+ и го погребаа со неговите прататковци во јудиниот град.+

Фусноти

Види го додатокот 13.
Околу 178 метри. Види го додатокот 13.