Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

2. Летописи 22:1-12

22  Жителите на Ерусалим го поставија Охозија,*+ неговиот најмал син, за цар наместо него — зашто разбојниците што го нападнаа логорот заедно со Арапите+ ги убија сите постари синови+ — и така Охозија, синот на Јорам, почна да владее во Јуда.  Охозија имаше дваесет и две години кога почна да владее+ и владееше една година во Ерусалим. Мајка му се викаше Готолија+ и му беше внука на Амри.+  И тој одеше по патот на Ахавовиот дом,+ зашто мајка му+ со своите совети го наведуваше на зло.  И го правеше она што е зло во Јеховини очи, како и домот на Ахав, зашто тие, по смртта на неговиот татко, му беа советници,+ за негова пропаст.  Постапуваше* според нивниот совет,+ па отиде со Јорам,+ синот на израелскиот цар Ахав, во војна против Азаил,+ сирискиот цар, кај Рамот-Галад.+ Таму стрелците го погодија Јорам.+  Затоа Јорам се врати во Језраел+ за да закрепне од раните што му ги зададоа кај Рама,+ кога се бореше против сирискиот цар Азаил. А Азарија,*+ синот на Јорам,+ царот на Јуда, отиде во Језраел за да го посети Јорам,+ синот на Ахав, зашто тој беше болен.+  Но Бог направи+ посетата кај Јорам да биде за пропаст+ на Охозија. Кога дојде таму, заедно со Јорам му тргна во пресрет+ на Јуј,+ внукот на Нимси,+ кого Јехова го беше помазал+ да го истреби домот на Ахав.+  И додека Јуј ја извршуваше пресудата над домот на Ахав,+ наиде на кнезовите на Јуда и на синовите на браќата на Охозија,+ кои беа во служба на Охозија, и ги уби.+  Потоа тргна во потрага по Охозија. Го фатија+ додека се криеше во Самарија,+ го доведоа кај Јуј и го погубија. Потоа го погребаа,+ зашто рекоа: „Тој му е внук на Јосафат,+ кој со сето срце го бараше Јехова“.+ И така повеќе не остана никој од домот на Охозија што би можел да биде цар. 10  Кога виде дека син ѝ е мртов, Готолија,+ мајката на Охозија, стана и го погуби целиот царски род од домот на Јуда.+ 11  Но Јосавета,+ ќерката на царот, го зеде Јоас,+ синот на Охозија, и го украде меѓу синовите на царот, кои требаше да бидат убиени, па него и неговата доилка ги однесе во спалната. Јосавета, ќерката на цар Јорам,+ жена на свештеникот Јодај,+ го скри од Готолија, зашто му беше сестра на Охозија, така што не беше убиен.+ 12  Шест години остана скриен кај нив во домот на вистинскиот Бог,+ додека Готолија царуваше+ во земјата.+

Фусноти

Во 21:17 „Јоахаз“.
Буквално: „Одеше“.
Во стиховите 1, 2, 7⁠-11 „Охозија“.