Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

2. Летописи 21:1-20

21  На крајот Јосафат почина кај своите прататковци+ и беше погребан кај своите прататковци+ во градот на Давид, а на негово место почна да владее неговиот син Јорам.+  Негови браќа, синови на Јосафат, беа: Азарија, Јеил, Захарија, Азарија, Михаел и Сефатија. Сите тие му беа синови на израелскиот* цар Јосафат.  Нивниот татко им даде многу дарови+ во сребро, во злато и во скапоцености, а освен тоа и утврдени градови во Јуда.+ А царството му го даде на Јорам,+ зашто беше првороден.+  Кога го презеде царството на својот татко и ја зацврсти својата власт, Јорам ги уби со меч сите свои браќа,+ а и некои израелски кнезови.  Јорам имаше триесет и две години кога почна да владее, и владееше осум години во Ерусалим.+  Одеше по патот на израелските цареви,+ како што го правеше тоа домот на Ахав, зашто жена+ му беше ќерка на Ахав, и го правеше она што е зло во Јеховини очи.+  Но Јехова не сакаше да го сотре Давидовиот дом+ поради сојузот+ што го беше склучил со Давид, зашто беше ветил дека ќе им даде+ светилка нему и на неговите синови засекогаш.+  Во негово време, Едом+ се побуни против власта на Јуда+ и си постави свој цар.+  Затоа Јорам појде таму со своите заповедници и со сите бојни коли. И стана ноќе и ги погуби Едомците што ги беа опколиле него и заповедниците на колите. 10  Но Едом истраја во побуната против власта на Јуда до ден-денес. Во тоа време и Ливна+ се побуни против неговата власт, зашто тој го остави Јехова, Богот на своите прататковци.+ 11  Тој направи и обредни височинки+ по планините на Јуда, и ги наведе жителите на Ерусалим да му бидат неверни на Бог*+ и го заведе Јуда.+ 12  И му дојде писмо+ од пророкот Илија:+ „Вака вели Јехова, Богот на Давид, твојот прататко: ‚Затоа што не одеше ниту по патот на Јосафат,+ својот татко, ниту по патот на Аса,+ царот на Јуда, 13  туку одеше по патот на израелските цареви+ и ги наведе народот на Јуда и жителите на Ерусалим да ми бидат неверни,*+ како што го стори тоа и домот на Ахав,+ и уште ги уби своите браќа,+ домот на својот татко, кои беа подобри од тебе, 14  еве, Јехова ќе им зададе силен удар+ на твојот народ,+ на твоите синови,+ на твоите жени и на сѐ што имаш. 15  И ќе боледуваш од тешки болести.+ Цревата ќе ти бидат зафатени од болест, која ќе станува потешка од ден на ден додека на крајот од таа болест не ти излезат цревата‘ “.+ 16  И Јехова ги подигна*+ против Јорам Филистејците+ и Арапите,+ кои живеат покрај Етиопјаните.+ 17  Тие го нападнаа Јуда и продреа во земјата и го однесоа сето богатство што се најде во царскиот дворец,+ а ги зедоа и неговите синови и неговите жени,+ така што не му остана ниту еден син освен најмалиот, Јоахаз.+ 18  По сето тоа Јехова го удри со неизлечлива болест на цревата.+ 19  И така минуваа деновите, а кога поминаа две години, од болеста му излегоа цревата,+ и умре во страшни болки. Народот не палеше благопријатни мириси во негова чест, како што им палеше на неговите прататковци.+ 20  Имаше триесет и две години кога почна да владее и осум години владееше во Ерусалим. На крајот умре, и никој не жалеше за него.+ Го погребаа во Давидовиот град,+ но не во царската гробница.+

Фусноти

Или: „јудејскиот“, според Септуагинтата, сириската Пешита и Вулгата Клементина. На повеќе места во 2. Летописи, наместо поограничениот назив „Јуда“, се користи поопштиот назив „Израел“.
Буквално: „да вршат блуд“. Види го додатокот 6.
Буквално: „да вршат блуд“.
Буквално: „го подигна духот [на Филистејците и Арапите]“.