Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

2. Летописи 20:1-37

20  Потоа синовите на Моав+ и синовите на Амон,+ а и некои Амонимци+ завојуваа со Јосафат.+  И дојдоа луѓе кај Јосафат, па му јавија: „Против тебе доаѓа големо мноштво од онаа страна на морето,* од Едом.+ Ене ги во Асасон-Тамар, односно во Ен-Геди“.+  Јосафат се уплаши+ од тоа, па почна да го бара Јехова.+ И разгласи пост+ по целата земја на Јуда.  И се собраа синовите на Јуда за да бараат совет од Јехова.+ Дојдоа од сите градови на Јуда за да го прашаат Јехова за совет.+  Тогаш Јосафат стана пред заедницата на Јуда и на Ерусалим во Јеховиниот дом,+ пред новиот двор,+  и рече:+ „О Јехова, Боже на нашите прататковци!+ Зарем не си ти Бог на небото+ и зарем не владееш ти над царствата на сите народи?+ Зар нема во твојата рака таква сила и моќ што никој не може да се одржи пред тебе?+  Зарем не ги истера+ ти, Боже наш,+ жителите на оваа земја од пред својот народ Израел, па му ја даде+ во трајна сопственост на потомството на Авраам, кој те сакаше?*+  И тие се населија во неа, и во неа му изградија светилиште на твоето име,+ велејќи:  ‚Ако дојде против нас неволја,+ меч, осуда, помор+ или глад,+ ќе застанеме пред овој дом+ и пред тебе — зашто твоето име+ е во овој дом — за да те повикаме на помош во својата неволја, а ти услиши нѐ и избави нѐ‘.+ 10  А сега, еве, синовите на Амон+ и на Моав+ и оние од сеирските планини,+ низ чија земја ти не им дозволи на Израелците да поминат кога излегуваа од египетската земја, туку ги заобиколија и не ги истребија,+ 11  еве, тие сега ни возвраќаат+ со тоа што доаѓаат да нѐ истераат од твојот имот што ни го даде нам.+ 12  Боже наш, зарем нема да им пресудиш?+ Зашто, ние сме немоќни пред ова големо мноштво што доаѓа против нас.+ Ние не знаеме што да правиме,+ но нашите очи се вперени во тебе“.+ 13  А сите синови на Јуда за сето тоа време стоеја пред Јехова,+ со малите деца,+ жените и синовите. 14  Тогаш среде заедницата слезе Јеховиниот дух+ врз Јазиел, синот на Захарија, син на Венај, син на Јејел, син на Матанија, левит од синовите на Асаф.+ 15  И тој рече: „Чујте сите вие синови на Јуда и жители на Ерусалим и ти, царе Јосафат! Вака ви вели Јехова: ‚Не бојте се+ и не плашете се од тоа големо мноштво, зашто ова не е ваша војна, туку Божја!+ 16  Утре слезете против нив! Тие ќе се качуваат по угорнината Сис, а вие ќе ги сретнете на крајот од речната долина пред јеруилската пустина. 17  Во оваа борба нема да се борите вие.+ Само наредете се, стојте+ и гледајте како Јехова ќе ве спаси!+ Јудо и Ерусалиме, не бојте се и не плашете се!+ Утре излезете против нив и Јехова ќе биде со вас!‘ “+ 18  Тогаш Јосафат се поклони со лицето до земја,+ а сите синови на Јуда и жителите на Ерусалим паднаа пред Јехова за да му се поклонат на Јехова.+ 19  А левитите+ од синовите на Кат+ и од синовите на Кореј+ станаа и го фалеа Јехова, Богот на Израел, колку што ги држеше гласот.+ 20  Изутрината станаа рано и тргнаа кон текојската+ пустина.+ А кога излегуваа, Јосафат застана и рече: „Чујте ме, синови на Јуда и сите вие жители на Ерусалим!+ Верувајте+ му на Јехова, својот Бог, за да можете да се одржите! Верувајте им на неговите пророци+ и ќе победите!“ 21  Потоа се посоветува+ со народот и ги намести оние што му пеат+ на Јехова и оние што му упатуваат фалби+ да одат пред вооружените воини,+ облечени во убаво и свето руво,+ велејќи: „Фалете го Јехова,+ зашто неговата милост* трае довека!“+ 22  И кога тие почнаа радосно да воскликнуваат и да упатуваат фалби, Јехова им постави заседа+ на синовите на Амон и на Моав и на оние од сеирските планини, кои дојдоа против Јуда, така што почнаа да се борат едни против други.+ 23  Синовите на Амон и на Моав станаа против жителите на сеирските планини+ за да ги погубат* и да ги истребат. А кога завршија со нив, удрија едни на други и меѓусебно се испоубија.+ 24  Кога синовите на Јуда дојдоа до стражарската кула во пустината+ и погледнаа кон мноштвото, гледај, мртви тела лежеа по земјата+ — никој не се беше спасил. 25  И Јосафат со своите луѓе дојде да го собере пленот,+ и најдоа кај нив многу богатство, облека и скапоцености. И собраа од нив толку многу плен што повеќе не можеа да го носат.+ Три дена собираа плен, зашто го имаше многу. 26  На четвртиот ден се собраа во долината на Вераха и таму го благословуваа Јехова.+ Затоа на таа долина ѝ го дадоа името+ Вераха,* кое го носи до денешен ден. 27  Потоа сите синови на Јуда и оние од Ерусалим, на чело со Јосафат, радосно се вратија во Ерусалим, зашто Јехова ги развесели со победата над нивните непријатели.+ 28  И така дојдоа во Ерусалим во Јеховиниот дом+ со псалтири,+ харфи+ и труби.+ 29  А стравот+ од Бог ги обзеде сите земски царства кога чуја дека Јехова се борел против непријателите на Израел.+ 30  Така царството на Јосафат беше во мир и неговиот Бог му даде мир на сите негови граници.+ 31  И Јосафат+ царуваше над Јуда. Имаше триесет и пет години кога почна да владее и владееше во Ерусалим дваесет и пет години. Мајка му се викаше Азува,+ а му беше ќерка на Силеј. 32  Одеше по патот на својот татко Аса+ и не отстапуваше од неговиот пат, туку го правеше она што е исправно во Јеховини очи.+ 33  Единствено што не беа отстранети обредните височинки.+ Народот уште не си го беше подготвил срцето за да му служи на Богот на своите прататковци.+ 34  Останатата историја на Јосафат, од почетокот до крајот, запишана е во записите на Јуј,+ синот на Ананиј,+ кои се внесени во Книгата+ за царевите на Израел. 35  Потоа Јосафат, царот на Јуда, се здружи со Охозија,+ царот на Израел, кој правеше зло.+ 36  Се здружи со него за да направат бродови, кои ќе пловат за Тарсис.+ Така направија бродови во Есион-Гавер.+ 37  Но Елиезер, синот на Додав од Мариса, пророкуваше против Јосафат вака: „Затоа што се здружи со Охозија,+ Јехова ќе ги разурне твоите дела“.+ Така бродовите се разбија+ и не можеа да пловат за Тарсис.+

Фусноти

Односно, Мртвото Море.
Или: „твојот пријател“.
Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.
Или: „да ги погубат како херем“.
„Вераха“ значи „благослов“.