Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

2. Летописи 19:1-11

19  И Јосафат, царот на Јуда, се врати среќно+ во својата куќа во Ерусалим.  Тогаш Јуј,+ синот на Ананиј,+ јасновидецот,+ му излезе во пресрет на цар Јосафат и му рече: „Дали е исправно да му помагаш на злиот+ и да ги сакаш оние што го мразат Јехова?+ Затоа Јехова се разгневи на тебе.+  Сепак, се најде и нешто добро во тебе,+ зашто ги отстрани од земјата обредните диреци*+ и го подготви своето срце за да го бара вистинскиот Бог“.+  И Јосафат живееше во Ерусалим. Тој продолжи да оди меѓу народот од Вирсавеја+ до ефремските планини+ за да ги обрати кон Јехова, Богот на нивните прататковци.+  И постави судии низ земјата, во сите утврдени градови на Јуда, во секој град.+  И им рече на судиите: „Внимавајте што правите,+ зашто не судите во името на некој човек, туку во името на Јехова.+ Тој е со вас додека судите.+  Затоа сега бојте се од Јехова.+ Внимавајте што правите,+ зашто кај Јехова, нашиот Бог, нема ниту неправда,+ ниту пристрасност,+ ниту земање мито“.+  Јосафат постави во Ерусалим некои левити,+ свештеници+ и некои од поглаварите на израелските родови+ за да судат+ во името на Јехова и да ги водат парниците+ на жителите на Ерусалим.  И им заповеда: „Сѐ правете во страв од Јехова,+ верно и со срце потполно оддадено на Бог. 10  Во секоја парница што ќе ја изнесат пред вас вашите браќа, кои живеат во своите градови — сеедно дали станува збор за пролевање крв+ или за престапување на законот,+ на заповедите,+ на уредбите+ или на прописите+ — треба да ги опоменете за да не му згрешат на Јехова и да не се подигне неговиот гнев+ против вас и против вашите браќа. Така треба да постапувате за да не си навлечете вина на себе. 11  Еве, Амарија, главниот свештеник, ќе биде над вас во сите работи во Јеховината служба.+ Зевадија, синот на Исмаел, поглаварот на домот на Јуда, ќе биде одговорен за сите работи на царот, а левитите ќе ви бидат управители. Биди силен+ и тргни на работа! Јехова+ нека го благослови доброто што го правиш“.+

Фусноти

Или: „ашерите“.