Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

2. Летописи 18:1-34

18  Јосафат стекна големо богатство и слава.+ Меѓутоа, со женидба се поврза+ со Ахав.+  По неколку години отиде кај Ахав во Самарија.+ И Ахав принесе за жртва многу овци+ и говеда за него и за луѓето што беа со него. Потоа почна да го наговара+ да појде со него против Рамот-Галад.+  Така израелскиот цар Ахав го праша Јосафат, царот на Јуда: „Ќе појдеш ли со мене против Рамот-Галад?“+ А тој му одговори: „Јас сум како и ти, мојот народ е како твојот — ќе дојдеме со тебе во војна“.+  Но Јосафат уште му рече на израелскиот цар: „Те молам, прашај+ најпрво што вели Јеховината реч!“  Така израелскиот цар ги собра пророците,+ вкупно четиристотини, и им рече: „Да завојуваме ли со Рамот-Галад или да се откажеме од тоа?“+ А тие одговорија: „Оди, и вистинскиот Бог ќе го предаде во рацете на царот!“  Но Јосафат праша: „Зар нема овде уште некој Јеховин пророк?+ Да прашаме и преку него!“+  Тогаш израелскиот цар му рече на Јосафат:+ „Има уште еден човек+ преку кого можеме да го прашаме Јехова за совет, но јас го мразам+ затоа што не ми пророкува добро, туку секогаш само зло.+ Тоа е Михаија, синот на Емлин“.+ Но Јосафат одговори: „Царот нека не зборува така!“+  Тогаш израелскиот цар повика еден дворјанин+ и му рече: „Брзо доведи го Михаија, синот на Емлин!“+  А израелскиот цар и Јосафат, царот на Јуда, седеа секој на својот престол, облечени во царски облеки,+ на гумното кај самариската порта, а сите пророци пророкуваа пред нив.+ 10  И Седекија, синот на Хенан, си направи железни рогови+ и рече: „Вака вели Јехова:+ ‚Со нив ќе ги бодеш Сиријците додека не ги истребиш‘ “.+ 11  И сите други пророци го пророкуваа истото: „Оди во Рамот-Галад и ќе победиш!+ Јехова ќе го предаде во рацете на царот“.+ 12  А гласникот што отиде да го повика Михаија му рече вака: „Еве, пророците сложно му навестуваат добро на царот. Те молам, нека биде и твојата реч како нивната,+ па проречи нешто добро!“+ 13  Но Михаија одговори: „Како што е жив Јехова,+ мојот Бог, што ќе ми каже тој, тоа ќе го зборувам!“+ 14  Кога дојде пред царот, царот го праша: „Михаија, да одиме ли во битка против Рамот-Галад или да се откажам од тоа?“ А тој одговори: „Оди и ќе победиш! Ќе бидат предадени во ваши раце“.+ 15  Тогаш царот му рече: „Колку пати ќе те заколнувам+ да ми ја зборуваш само вистината во Јеховино име?“+ 16  Тогаш тој рече: „Ги гледам сите Израелци расеани по планините како овци што немаат овчар.+ И Јехова рече: ‚Овие немаат господар.+ Нека се вратат во мир секој во својата куќа!‘ “+ 17  Тогаш израелскиот цар му рече на Јосафат: „Нели ти реков дека нема да ми пророкува добро, туку зло?“+ 18  А Михаија продолжи: „Затоа чујте ја Јеховината реч:+ го гледам Јехова како седи на својот престол+ и сета небесна војска+ му стои оддесно и одлево.+ 19  И Јехова рече: ‚Кој ќе го измами израелскиот цар Ахав за да тргне против Рамот-Галад и таму да падне?‘ И еден рече вака, а друг онака.+ 20  На крајот излезе еден дух,+ застана пред Јехова и рече: ‚Јас ќе го измамам‘. Јехова го праша: ‚Како?‘+ 21  Тој одговори: ‚Ќе отидам и ќе бидам измамнички дух во устата на сите негови пророци‘.+ А тој рече: ‚Ќе го измамиш и ќе го надвладееш.+ Оди и стори го тоа!‘+ 22  И еве, така Јехова им стави в уста на овие твои пророци измамнички дух,+ но Јехова ти навестува неволја“.+ 23  Тогаш Седекија,+ синот на Хенан,+ му пристапи на Михаија+ и го удри по образот,+ велејќи: „Како, зар отишол Јеховиниот дух од мене за да ти зборува тебе?“+ 24  А Михаија одговори: „Ете, ќе го видиш тоа во оној ден+ кога ќе влезеш во најприкриената соба за да се скриеш“.+ 25  Тогаш израелскиот цар рече: „Земете го Михаија и одведете го кај Амон, градскиот заповедник, и кај Јоас, царскиот син.+ 26  И речете им: ‚Вака вели царот: „Ставете го овој в затвор+ и држете го на малку леб+ и вода додека не се вратам среќно“ ‘ “.+ 27  Михаија тогаш рече: „Ако навистина се вратиш среќно, тогаш Јехова не зборувал преку мене“.+ И додаде: „Чујте го тоа, сите народи!“+ 28  Така израелскиот цар и Јосафат, царот на Јуда, отидоа против Рамот-Галад.+ 29  А израелскиот цар му рече на Јосафат: „Јас ќе влезам во битката преправен,+ но ти облечи ја својата царска облека“.+ Така израелскиот цар се преправи и потоа отиде во битката.+ 30  А сирискиот цар им заповеда на заповедниците над неговите бојни коли: „Не напаѓајте го ниту малиот ниту големиот, туку само израелскиот цар!“+ 31  И кога го видоа Јосафат, заповедниците на колите си помислија: „Тоа е израелскиот цар!“+ И тргнаа против него. Но Јосафат почна да вика за помош,+ и Јехова Бог му помогна+ и веднаш ги одврати од него.+ 32  Кога заповедниците на колите видоа дека тоа не е израелскиот цар, престанаа да го гонат.+ 33  А еден човек го оптегна лакот и случајно го погоди+ израелскиот цар, и тоа таму каде што се составува оклопот. Тогаш царот му рече на возачот:+ „Заврти ја колата и изведи ме од бојот, зашто сум тешко ранет“.+ 34  А во тој ден, битката стануваше сѐ пожестока, и мораа да го држат израелскиот цар во исправена положба во колата наспроти Сиријците до вечерта. И умре на зајдисонце.+

Фусноти