Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

2. Летописи 15:1-19

15  Божјиот дух+ слезе на Азарија, синот на Одед.+  И тој дојде пред Аса и му рече: „Чујте ме, Аса и цел народе на Јуда и на Венијамин! Јехова ќе биде со вас сѐ додека вие сте со него.+ Ако го барате,+ ќе ви дозволи да го најдете, но ако го оставите, и тој ќе ве остави вас.+  Израел долго време беше без вистинскиот Бог,+ без свештеник кој би давал поука+ и без закон.  Но кога во својата неволја+ му се вратија на Јехова, Богот на Израел,+ и почнаа да го бараат, тој им дозволи да го најдат.+  Во тоа време не можеше сигурно да се патува,+ зашто владееја големи немири меѓу сите жители на оваа земја.+  Племе удираше на племе+ и град на град, зашто Бог ги збрка со секакви неволји.+  А вие бидете храбри+ и нека не ви ослабат рацете,+ зашто вашите дела ќе бидат наградени“.+  Кога ги чу тие зборови и пророштвото на пророкот Одед,+ Аса се охрабри и ги отстрани гнасните богови*+ од целата земја на Јуда и на Венијамин и од градовите што ги освои во ефремските планини.+ И го обнови Јеховиниот жртвеник, кој беше пред Јеховиното предворје.+  И се собра сиот народ на Јуда и на Венијамин+ и дојденците+ од Ефрем, од Манасија и од Симеон, зашто мнозина од Израел пребегаа кај него кога видоа дека Јехова, неговиот Бог, е со него.+ 10  И се собраа во Ерусалим во третиот месец од петнаесеттата година од царувањето на Аса. 11  На тој ден му принесоа на Јехова жртви од пленот што го донесоа: седумстотини говеда и седум илјади овци. 12  И склучија сојуз+ дека ќе го бараат Јехова, Богот на своите прататковци, со сето свое срце и со сета своја душа,+ 13  и дека секој што нема да го бара Јехова, Богот на Израел, ќе биде погубен,+ сеедно дали е мал или голем,+ маж или жена.+ 14  И му се заколнаа+ на Јехова со силен глас, воскликнувајќи радосно и трубејќи во труби и рогови. 15  Целиот народ на Јуда се радуваше+ поради таа заклетва, зашто се заколнаа со сето свое срце и го бараа со задоволство, па тој им дозволи да го најдат.+ И Јехова им даде мир на сите нивни граници.+ 16  А својата баба Мааха+ цар Аса ја тргна+ од положбата на царица-мајка,+ зашто беше направила одвратен идол за обожавање на обредниот дирек.*+ Аса го исече нејзиниот ужасен идол,+ го столчи и го запали+ во долината на Кедрон.+ 17  Но обредните височинки+ не беа отстранети од Израел.+ Сепак, срцето на Аса му беше потполно оддадено на Бог сѐ додека беше жив.+ 18  И тој ги внесе во домот на вистинскиот Бог работите што ги беше посветил татко му и работите+ што самиот ги посвети: сребро, злато и други предмети.+ 19  И немаше војна до триесет и петтата година од царувањето на Аса.+

Фусноти

Буквално: „гадотиите“.
Или: „ашерот“.