Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

2. Летописи 14:1-15

14  На крајот, Авија почина кај своите прататковци,+ и го погребаа во Давидовиот град,+ а на негово место почна да владее неговиот син Аса.+ Во негово време земјата беше во мир+ десет години.  Аса го правеше она што е добро и исправно во очите на Јехова, својот Бог.  Ги отстрани жртвениците на туѓите богови+ и обредните височинки,+ ги искрши светите столбови+ и ги исече обредните диреци.*+  И им заповеда на синовите на Јуда да го бараат+ Јехова, Богот на своите прататковци, и да ги држат законот+ и заповедите.+  И од сите градови на Јуда ги отстрани обредните височинки и сталките за кадилници.+ Под негова власт во царството владееше мир.+  Ги изгради утврдените градови во Јуда,+ зашто во земјата владееше мир. Никој не завојува со него во тие години, зашто Јехова му даваше мир.+  Затоа им рече на синовите на Јуда: „Да ги изградиме тие градови и да ги заградиме со ѕидишта,+ да направиме кули,+ двокрилни градски порти и резиња!+ Зашто, земјата сѐ уште е наша затоа што го баравме Јехова, нашиот Бог.+ Го баравме, и тој ни даде мир на сите наши граници“.+ Така градеа и имаа успех.+  Аса имаше војска од триста илјади луѓе од Јуда,+ кои носеа големи штитови+ и копја,+ како и двесте и осумдесет илјади од Венијамин,+ кои носеа мали штитови и лакови.+ Сите беа храбри јунаци.  Против нив излезе Зара Етиопјанецот*+ со војска од милион луѓе+ и триста бојни коли и дојде до Мариса,+ 10  а Аса излезе против него. И се построија во борбени редови во долината на Сефата кај Мариса. 11  Тогаш Аса повика кон Јехова, својот Бог:+ „Јехова, тебе ти е сеедно дали треба да му помогнеш на силен народ или на нејак народ.+ Помогни ни, Јехова, Боже наш, зашто на тебе се потпираме+ и во твое име+ излеговме против ова мноштво! Јехова, ти си наш Бог,+ не дозволувај смртниот човек да биде посилен од тебе!“+ 12  Тогаш Јехова ги порази+ Етиопјаните пред Аса и пред Јуда, и Етиопјаните се разбегаа. 13  Аса и народот што беше со него ги гонеа дури до Герар.+ И Етиопјаните паѓаа сѐ додека ниту еден не остана жив. Така беа разбиени пред Јехова+ и пред неговата војска.+ А овие однесоа мошне голем плен.+ 14  Потоа ги освоија сите градови околу Герар, зашто врз нив дојде стравот+ од Јехова. И ги опленија сите тие градови, зашто во нив имаше многу плен.+ 15  Удрија и на пастирските шатори,+ така што запленија+ многу ситна стока и камили.+ Потоа се вратија во Ерусалим.

Фусноти

Или: „ашерите“.
Хебрејски: „Хусанец“.