Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

2. Летописи 13:1-22

13  Во осумнаесеттата година од царувањето на Јеровоам, Авија стана цар на Јуда.+  Владееше во Ерусалим три години. Мајка му се викаше Михаија*+ и беше ќерка на Урил од Гаваја.+ Меѓу Авија и Јеровоам изби војна.+  Авија излезе во битка со војска од четиристотини илјади избрани воини.+ Јеровоам се построи во борбени редови против него со осумстотини илјади избрани луѓе, храбри јунаци.+  Авија застана на врвот од Семараимската Гора, која е во ефремските планини,+ па рече: „Чујте ме, Јеровоаме и цел Израелу!  Не знаете ли дека Јехова, Богот на Израел, му го предаде на Давид+ царството над Израел за навек,+ нему и на неговите синови,+ на темел на засолениот сојуз?+  А Јеровоам,+ синот на Нават, слуга+ на Давидовиот син Соломон, стана и се побуни+ против својот господар.+  Околу него се собраа безделни+ и никакви луѓе,+ кои го надвија Ровоам, синот на Соломон, зашто Ровоам+ беше млад и имаше страшливо срце,+ па не можеше да им се спротивстави.  И вие сега мислите дека ќе му се спротивставите на Јеховиното царство, кое е во рацете на синовите на Давид,+ зашто сте многубројни+ и ги имате со себе златните телиња, кои ги направи Јеровоам за да ви бидат богови.+  Зарем не ги избркавте Јеховините свештеници,+ синови на Арон, и левитите, па си поставивте свештеници како народите од другите земји?*+ Секој што ќе дојде и ќе се овласти самиот себе да служи* како свештеник, принесувајќи јунец и седум овни, ќе стане свештеник на оние што не се богови.+ 10  Но ние не го оставивме нашиот Бог+ Јехова, а свештениците што му служат на Јехова се синови на Арон, а и левитите ја вршат својата работа.+ 11  Тие секое утро и секоја вечер ги горат за Јехова жртвите паленици,+ а исто така и мирисливиот темјан.+ Ставаат лебови на масата од чисто злато+ и секоја вечер+ го палат златниот светилник со неговите светилки,+ зашто ние го правиме она што Јехова, нашиот Бог, го бара од нас,+ а вие го оставивте.+ 12  Еве, нам ни се на чело вистинскиот Бог+ и неговите свештеници+ со трубите+ за да го разгласат повикот за бој против вас. Синови на Израел, не борете се против Јехова, Богот на вашите прататковци,+ зашто ќе немате успех!“+ 13  Но Јеровоам испрати луѓе за да им дојдат од зад грб и да постават заседа, така што на синовите на Јуда отспреди им беше војската, а одзади заседата.+ 14  Кога синовите на Јуда се свртија, гледај, требаше да се борат и отспреди и одзади.+ Тогаш повикаа кон Јехова,+ а свештениците гласно затрубија во трубите. 15  И синовите на Јуда почнаа да викаат со воена викотница.+ А кога синовите на Јуда се огласија со силна воена викотница, вистинскиот Бог ги порази+ Јеровоам и целиот Израел пред Авија+ и Јуда. 16  И синовите на Израел се разбегаа пред синовите на Јуда, и Бог ги предаде во нивни раце.+ 17  Авија и неговите луѓе им нанесоа голем пораз, па од Израел паднаа убиени петстотини илјади избрани луѓе. 18  Така синовите на Израел тогаш беа понижени, а синовите на Јуда беа посилни зашто се потпреа на Јехова,+ Богот на своите прататковци. 19  Авија тргна во потера по Јеровоам и му ги одзеде градовите: Ветил+ со околните градови, Јесан со околните градови и Ефрон со околните градови.+ 20  Јеровоам повеќе не закрепна+ додека беше жив Авија. И Јехова го удри,+ па умре. 21  А Авија стануваше сѐ помоќен.+ Зеде четиринаесет жени+ и му се родија дваесет и два сина+ и шеснаесет ќерки. 22  Останатата историја на Авија, неговите дела и неговите зборови, сето тоа е запишано во толкувањето на пророкот Идо.+

Фусноти

Во 11:20⁠-22 и 1Ца 15:2 „Мааха“.
„Народите од (...) земји“ — множина од хебрејскиот израз ам хаарец.
Буквално: „ќе [си] ја наполни раката“. Види ја фуснотата за 2Мо 28:41.