Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

2. Летописи 10:1-19

10  Ровоам+ отиде во Сихем,+ зашто во Сихем дојдоа сите Израелци за да го постават за цар.  Кога го чу тоа, Јеровоам,+ синот на Нават, кој тогаш беше во Египет,+ каде што побегна од цар Соломон, се врати од Египет.+  И испратија по него и го викнаа. Така Јеровоам и целиот Израел дојдоа и му рекоа на Ровоам:+  „Твојот татко ни стави тежок јарем,+ а ти сега олесни ни ја тешката служба на твојот татко и тешкиот јарем+ што ни го стави тој, па ќе ти служиме“.+  А тој им рече: „По три дена пак дојдете кај мене“. И народот си отиде.  А цар Ровоам се посоветува+ со постарите мажи кои му служеа на неговиот татко Соломон додека тој беше жив, и ги праша: „Што советувате да му одговорам на овој народ?“+  А тие му одговорија вака: „Ако бидеш добар кон овој народ, ако им бидеш благонаклонет и им се обратиш со убави зборови,+ тие ќе ти бидат слуги засекогаш“.+  Но тој го занемари советот+ што му го дадоа постарите мажи и се посоветува со младите мажи кои пораснаа со него+ и беа во негова служба.+  Ги праша: „Што советувате+ да му одговорам на овој народ, кој ми рече: ‚Олесни ни го јаремот што ни го стави татко ти‘?“+ 10  А младите мажи, кои пораснаа со него, му одговорија: „На народот кој ти рече: ‚Твојот татко ни стави тежок јарем, а ти олесни ни го‘ — кажи му вака:+ ‚Мојот мал прст е подебел од бедрата на татко ми.+ 11  Еве, татко ми ви стави тежок јарем, а јас ќе ви го направам јаремот уште потежок.+ Татко ми ве казнуваше со камшици, а јас ќе ве казнувам со бодликави камшици‘ “.+ 12  На третиот ден, Јеровоам и целиот народ дојдоа кај Ровоам, зашто царот рече: „Дојдете пак кај мене на третиот ден“.+ 13  Тогаш царот остро им одговори.+ Така цар Ровоам го отфрли советот+ од постарите мажи+ 14  и му одговори на народот како што го советуваа младите мажи:+ „Вашиот јарем ќе го направам уште потежок и уште ќе додадам врз него. Мојот татко ве казнуваше со камшици, а јас ќе ве казнувам со бодликави камшици“.+ 15  И царот не го послуша народот, зашто вистинскиот Бог, Јехова, така ги водеше настаните+ за да го исполни својот збор+ што му го кажа на Јеровоам, синот на Нават,+ преку Ахија+ од Сило.+ 16  Кога целиот Израел виде дека царот не го послуша, народот му одговори на царот: „Што имаме ние со Давид?+ Ние немаме наследство со синот на Јесеј!+ Секој нека се врати кај своите богови,+ Израеле! А ти, Давиде, грижи се за својот дом!“+ И целиот Израел се разотиде по своите шатори. 17  А Израеловите синови кои живееја во градовите на Јуда останаа под власта на Ровоам.+ 18  Потоа цар Ровоам го испрати Адорам,*+ кој ги надгледуваше оние што беа одредени за работа, но синовите на Израел го затрупаа со камења,+ и тој загина. А цар Ровоам успеа да се качи во својата кола и да побегне во Ерусалим.+ 19  Израелците истрајаа во својата побуна+ против Давидовиот дом, и тоа трае до ден-денес.

Фусноти

Во 1Ца 4:6 „Адонирам“.