Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

2. Летописи 1:1-17

1  Соломон, синот на Давид, се зацврсти во своето царство,+ и Јехова, неговиот Бог, беше со него+ и многу го возвиши.+  И Соломон му се обрати на целиот Израел, на илјаданачалниците,+ на стотниците,+ на судиите+ и на сите кнезови во целиот Израел,+ родовски поглавари.+  Потоа Соломон и целата заедница* со него отидоа на височинката што беше во Гаваон,+ зашто таму беше шаторот на средбата,+ кој му припаѓаше на вистинскиот Бог, а го беше направил Мојсеј, слугата+ на Јехова, во пустината.  А Давид го беше пренел ковчегот+ на вистинскиот Бог од Киријат-Јарим+ на местото што го имаше подготвено за него,+ зашто за него беше распнал шатор во Ерусалим.+  Бакарниот жртвеник+ што го направи Веселеил,+ синот на Уриј, син на Ор,+ се наоѓаше пред Јеховиниот шатор. Соломон и целата заедница, како и обично, дојдоа таму за да се посоветуваат со Бог.  Таму, на бакарниот жртвеник, кој беше пред шаторот на средбата, Соломон принесе жртви пред Јехова, принесе на него илјада жртви паленици.+  Во таа ноќ, Бог му се појави на Соломон и му рече: „Барај, што сакаш да ти дадам“.+  А Соломон му одговори на Бог: „На мојот татко Давид ти му покажа голема милост,*+ љубов голема, и ти ме постави за цар на негово место.+  Јехова Боже, нека се исполни сега ветувањето што му го даде на мојот татко Давид,+ зашто ме постави за цар+ на народ што е толку многуброен колку правот на земјата.+ 10  Сега дај ми мудрост и знаење+ за да можам да го водам овој народ,+ зашто кој може да му суди на овој твој народ кој е толку голем?“+ 11  Тогаш Бог му рече на Соломон: „Затоа што во срцето го посака тоа,+ а не побара ниту изобилство, ниту богатство, ниту слава, ниту душите на оние што те мразат, ниту бараше долг живот,+ туку бараше мудрост и знаење за да можеш да му судиш на мојот народ над кој те поставив за цар,+ 12  затоа ти давам мудрост и знаење.+ Но ти давам и изобилство и богатство и чест каква што немал ниту еден цар пред тебе+ и каква што ќе нема ниту еден по тебе“.+ 13  Соломон се врати во Ерусалим од височинката во Гаваон,+ откај шаторот на средбата,+ и царуваше над Израел.+ 14  Соломон насобра бојни коли и коњи, така што имаше илјада и четиристотини коли и дванаесет илјади коњи,+ и нив ги распореди по градовите каде што држеше коли+ и кај себе во Ерусалим. 15  Царот насобра во Ерусалим толку многу сребро и злато што го имаше како што има камења,+ и кедрово дрво како што има диви смокви+ во Шефела.*+ 16  Соломон увезуваше коњи од Египет.+ Царските трговци ги набавуваа коњите по одредена цена.+ 17  Една кола довезена од Египет чинеше по шестотини сребреници и еден коњ по сто и педесет. Преку тие трговци увезуваа и сите хетејски и сириски цареви.+

Фусноти

Хебрејски: кахал. Види ја фуснотата за 2Мо 12:6.
Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.
Или: „во низината“.