Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

2. Коринќаните 8:1-24

8  Сега браќа, сакаме да ве известиме за Божјата незаслужена доброта, која им е покажана на македонските собранија.+  Иако се наоѓаа во тешкотии бидејќи доживеаја големи искушенија, изобилуваа со радост, па од нивното крајно сиромаштво произлезе голема дарежливост.+  Имено, можам да посведочам дека даваа според своите можности,+ па и повеќе отколку што беа во можност.  Зашто, и тие самите сесрдно нѐ молеа и нѐ преколнуваа да им овозможиме да го приложат својот великодушен дар и да учествуваат во собирањето помош за светите.*+  И не само што направија онака како што се надевавме, туку пред сѐ му се дадоа себеси на Господарот*+ и нам, по Божја волја.  Затоа го замоливме Тит,+ како што порано го започна така и да го доврши собирањето на вашиот великодушен прилог.  Затоа, како што изобилувате во сѐ+ — во верата, во способноста за проповедање, во знаењето,+ во својата ревност и во оваа љубов со која ве сакаме — така изобилувајте и во ова собирање на прилози.  Не ви го зборувам ова како да ви заповедам,+ туку поради ревноста на другите и за да ја испитам искреноста на вашата љубов.  Зашто, ја познавате незаслужената доброта на нашиот Господар Исус Христос: иако беше богат, стана сиромашен заради вас,+ за вие да се збогатите+ преку неговото сиромаштво. 10  А ова е моето мислење+ во врска со тоа: за ваша корист+ е да го довршите тоа дело, кое го започнавте пред една година. И не само што го извршувавте туку го правевте тоа доброволно.+ 11  А сега довршете го тоа дело — како што спремно сакавте да го направите така и довршете го, од она што го имате. 12  Всушност, давањето е особено добредојдено ако човек има желба да даде. Од секого се очекува да го даде она што го има,+ а не она што го нема. 13  Но не сакам на другите да им биде лесно,+ а вам тешко, 14  туку, со цел да дојде до изедначување, вашиот вишок сега да ја покрие нивната немаштија, за некогаш и нивниот вишок да ја покрие вашата немаштија — да има еднаквост.+ 15  Како што е напишано: „Кој имаше многу, немаше премногу, а кој имаше малку, немаше премалку“.+ 16  А му благодарам на Бог што истата ревност за вас му ја стави в срце на Тит.+ 17  Зашто, тој спремно го прифати нашиот поттик, но бидејќи е многу ревносен, сам по своја желба тргна кај вас. 18  А со него го праќаме братот кого го фалат сите собранија поради она што го прави за добрата вест. 19  И не само тоа, собранијата го назначија+ да биде наш сопатник во ова дело на собирање прилози, кое треба да го извршиме за слава+ на Господарот и како доказ за нашата спремност да им помогнеме на другите.+ 20  Така сакаме да избегнеме некој нешто да ни приговори+ во врска со тој великодушен прилог+ кој ни е доверен. 21  Зашто, „настојуваме сѐ да правиме чесно, не само пред Јехова туку и пред луѓето“.+ 22  А со нив го испраќаме и нашиот брат во чија ревност многупати во многу нешта сме се увериле, но сега е уште поревносен поради големата доверба во вас. 23  А ако некој праша нешто за Тит — тој е мој другар и соработник,+ кој служи за ваше добро. А ако праша за нашите браќа — тие се апостоли на собранијата и слава Христова. 24  Затоа, пред собранијата покажете им дека ги сакате+ и дека со право се фалевме со вас.+

Фусноти

Буквално: „во служењето на светите“.
Види го додатокот 11.