Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

2. Коринќаните 5:1-21

5  Зашто, знаеме дека нашата земна куќа,+ овој шатор,+ ќе се распадне+ и дека ќе имаме градба што потекнува од Бог, куќа која не е направена со раце,+ вечна+ на небесата.  Зашто, во ова тело* воздивнуваме,+ копнеејќи да го облечеме своето небесно тело,+  за, откако ќе го облечеме, да не се најдеме голи.+  Всушност, ние, кои сме во овој шатор, воздивнуваме оптоварени, зашто наша желба не е да го соблечеме овој, туку да облечеме друг,+ за животот да го проголта она што е смртно.+  А за тоа нѐ подготви Бог,+ кој ни го даде духот+ како гаранција+ за она што ќе дојде.  Затоа секогаш сме полни со храброст и знаеме: додека живееме во телото, не сме кај Господарот,*+  зашто живееме* според верата, а не според она што го гледаме.+  Но полни сме со храброст и повеќе би сакале да не сме во телото и да живееме кај Господарот.+  Затоа и се трудиме да му бидеме по волја,+ без разлика каде живееме — било кај него или без него.+ 10  Зашто, сите ние мора да застанеме пред Христовата судиска столица,+ за секој да ја добие платата за она што го заслужил во телото, според она што го направил, било добро било зло.+ 11  Според тоа, исполнети со страв*+ од Господарот, се трудиме да ги увериме+ луѓето. Пред Бог сме откриени, а се надевам дека сме откриени и пред вашата совест.+ 12  Не ви се препорачуваме повторно самите себе,+ туку ви даваме причина да се фалите со нас,+ за да имате што да им одговорите на оние што се фалат со надворешноста,+ а не со срцето.+ 13  Зашто, ако сме се мрднале од умот,+ тоа било заради Бог, а ако сме со здрав разум,+ тоа е заради вас. 14  Имено, Христовата љубов нѐ тера, бидејќи го заклучивме ова: еден човек умре за сите,+ па така сите умреа; 15  тој умре за сите, за оние што живеат да не живеат повеќе за себе,+ туку за него,+ кој умре за нив и беше воскреснат.+ 16  Затоа ние отсега никого не го познаваме по тело.+ Ако Христос го познававме по тело,+ сега повеќе не го познаваме така.+ 17  Значи, ако некој е во единство со Христос, тој е ново создание.+ Она што е старо помина,+ и гледај, ново настана.+ 18  А сѐ е од Бог, кој нѐ помири со себе+ преку Христос и ни ја довери службата+ на помирувањето, 19  имено, да објавуваме дека Бог преку Христос+ го помири светот+ со себе,+ не сметајќи ги престапите на луѓето,+ а нам ни ја довери пораката+ за тоа помирување.+ 20  Значи, ние+ сме пратеници+ кои го застапуваат Христос,+ а тоа е како Бог преку нас да ги моли луѓето.+ Како Христови застапници молиме:+ „Помирете се со Бог!“ 21  Тој го направи за нас жртва за грев+ оној што никогаш не згреши,+ за ние преку него да бидеме праведни+ пред Бог.

Фусноти

Буквално: „куќа; живеалиште“.
Види го додатокот 11.
Буквално: „одиме“.
Или: „познавајќи го стравот“.