Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

2. Коринќаните 4:1-18

4  Затоа, бидејќи оваа служба+ ја имаме според милосрдието што ни е покажано,+ не се откажуваме,  туку се одрековме од срамните тајни,+ не се служиме со лукавство* и не ја извртуваме* речта Божја,+ туку, објавувајќи ја вистината, ѝ даваме добар пример* пред Бог на секоја човечка совест.+  А ако е покриена добрата вест, која ја проповедаме, покриена е за оние што одат во пропаст,+  за оние на кои богот на овој свет*+ им ги заслепил неверничките умови+ за да не продре до нив+ светлината+ на славната добра вест+ за Христос, кој е слика+ на Бог.  Зашто, ние не се проповедаме себеси, туку Христос Исус како Господар,+ а за себе велиме дека сме ваши робови+ поради Исус.  Зашто, Бог рекол: „Нека светне светлина од темнината“,+ и со светлината ги осветли нашите срца за да ги просветли+ со славното знаење+ за себе со помош на Христовото лице.+  Но тоа богатство го имаме+ во земјени+ садови,+ за да биде очигледно дека нашата сила,+ која ја надминува нормалната, потекнува од Бог,+ а не од нас.+  Притиснати сме од сите страни,+ но не и сосема притеснети; во недоумица сме, но не очајуваме;+  прогонувани сме, но не сме напуштени;+ соборувани сме,+ но не сме уништени.+ 10  Каде и да отидеме, секогаш во своето тело ги трпиме смртните болки што ги трпеше Исус,+ за да се покаже и Исусовиот живот во нашето тело.+ 11  Зашто, ние што сме живи секогаш се наоѓаме во смртна опасност+ поради Исус, за да се покаже и Исусовиот живот во нашето смртно тело.+ 12  Така, смртта дејствува во нас, а животот во вас.+ 13  А бидејќи го имаме истиот дух на верата како оној за кој е напишано: „Верував, затоа зборував“,+ и ние веруваме и затоа зборуваме, 14  знаејќи дека оној што го воскресна Исус ќе нѐ воскресне и нас како Исус и заедно со вас ќе нѐ постави пред себе.+ 15  А сето тоа е заради вашата благосостојба,+ со цел изобилството од незаслужената доброта, поради благодарноста која уште мнозина ќе ја упатуваат, да биде уште поголема, на Божја слава.+ 16  Затоа не се откажуваме. Напротив, дури и ако нашиот надворешен човек се распаѓа, оној внатрешниот+ се обновува од ден на ден. 17  Зашто, нашата моментална и лесна неволја+ ни донесува сѐ поголема, вечна слава,+ 18  зашто ние не го гледаме она што се гледа, туку она што не се гледа.+ Имено, она што се гледа е привремено,+ а она што не се гледа е вечно.+

Фусноти

Буквално: „не одиме во лукавство“.
Или: „фалсификуваме; разводнуваме“.
Или: „се препорачуваме пред Бог“.
Види ја фуснотата за Мт 12:32.