Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

2. Коринќаните 2:1-17

2  Затоа одлучив во себе да не ви донесам жалост+ кога ќе дојдам повторно кај вас.  Зашто, ако јас ве разжалостам,+ кој ќе ме развесели мене? Зарем оние што сум ги разжалостил?  Тоа што ви го напишав, го напишав за, кога ќе дојдам, да не се разжалостам+ поради оние поради кои треба да се радувам.+ Со оглед на сите вас, уверен сум+ дека она што ме радува мене ве радува и сите вас.  Зашто, ви пишав поттикнат од голема грижа и мака во срцето, со многу солзи,+ не за да се разжалостите,+ туку да ја спознаете големата љубов што ја чувствувам кон вас.  А ако некој ме разжалостил,+ не ме разжалостил мене, туку на некој начин — не сакам да претерувам — сите вас.  На таквиот му е доволно што е укорен+ од повеќето.  Затоа, напротив, спремно простете му+ и утешете го, за да не го скрши преголемата жалост.+  Затоа ве молам, покажете му дека го сакате.+  Зашто, со таква цел и ви пишувам, за да утврдам дали сте послушни во сѐ.+ 10  Кому вие спремно ќе му простите, нему му простувам и јас.+ А јас, ако некому сум му простил нешто, сум му простил поради вас пред Христос, 11  за да не нѐ измами Сатана,+ бидејќи неговите намери не ни се непознати.+ 12  Кога дојдов во Троада+ за да ја објавам добрата вест за Христос, иако ми се укажа и можност за работа во делото на Господарот,*+ 13  немав мир* бидејќи не го најдов Тит,+ мојот брат, па се простив од браќата и отидов во Македонија.+ 14  Но му благодариме на Бог, кој во единство со Христос+ секогаш нѐ води+ во победничка поворка и преку нас насекаде го шири мирисот на спознанието за себе.+ 15  Зашто, ние сме за Бог пријатен мирис+ Христов, кој го чувствуваат и оние што се на патот за спасение и оние што се на патот за пропаст.+ 16  На овие вториве тоа им е мирис на смртта, кој води во смрт,+ а на првите — мирис на животот, кој води во живот. А кој е способен за таква служба?+ 17  Ние, бидејќи не сме како мнозина+ кои тргуваат со Божјата реч,+ туку зборуваме од искрени подбуди — како пратени од Бог, пред Божји очи и во единство со Христос.+

Фусноти

Буквално: „иако ми се отвори врата во делото на Господарот“. Види го и додатокот 11.
Буквално: „мир во својот дух“.