Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

2. Коринќаните 10:1-18

10  А јас, Павле, лично и сесрдно ве молам со Христовата благост+ и доброта,*+ јас кој оставам скромен впечаток+ кога сум меѓу вас, но смел сум кон вас кога сум отсутен.+  Ве молам, кога ќе бидам кај вас, да не морам да бидам смел+ онака како што имав намера да бидам и да морам да преземам строги мерки против некои што сметаат дека живееме* според склоностите на своето тело.  Зашто, иако живееме во тело,+ не војуваме според склоностите на телото.+  Зашто, оружјето на нашето војување не е телесно,+ туку има голема сила од Бог+ за уривање на она што е цврсто утврдено.  Зашто, уриваме погрешни размислувања и секаква вообразеност која се крева против познавањето на Бог,+ ја зауздуваме секоја мисла за да му се покори на Христос  и спремни сме да ја казниме секоја непослушност,+ откако вашата послушност ќе биде потполна.+  Вие ја гледате само надворешноста.+ Ако некој е уверен дека е Христов, самиот повторно нека размисли за ова: како што е тој Христов, така сме и ние.+  Зашто, и малку повеќе да се фалев+ со овластувањето што ни го даде Господарот* за да ве изградуваме, а не да ве уриваме,+ не би се посрамил.  Ви го зборувам ова за да не помислите дека со своите писма сакам да ве уплашам. 10  Зашто, некои велат: „Неговите писма се тешки и силни, но кога е лично присутен,* изгледа безначајно,+ а зборовите му се безвредни“.+ 11  Таквите нека размислат за ова: какви сме на збор во писмата кога сме отсутни, такви ќе бидеме и на дело кога ќе бидеме присутни.+ 12  Зашто, не се осмелуваме да се вброиме или да се споредиме со некои што се препорачуваат самите себе.+ Се проценуваат себеси со свои сопствени мерила и се споредуваат самите со себе — постапуваат неразумно.+ 13  Ние, пак, нема да се фалиме со она што е надвор од нашите граници,+ туку со она што е внатре во границата на подрачјето кое Бог ни го одмерил, а кое ве опфаќа и вас.+ 14  Навистина, ние не одиме преку своите граници — како што би било кога тие граници не би ве опфаќале и вас — бидејќи први стигнавме до вас со добрата вест за Христос.+ 15  Не се фалиме со она што е надвор од нашите граници, со туѓи напори,+ туку се надеваме дека, со растот на вашата вера,+ меѓу вас ќе се зголеми ценењето за она што го правиме во границите на нашето подрачје.+ Тогаш нашите достигнувања ќе бидат уште поголеми, 16  па ќе ја објавуваме добрата вест и надвор од вашите граници,+ за да не се фалиме со она што веќе е направено на туѓо подрачје. 17  „А кој се фали, со Јехова нека се фали.“+ 18  Зашто, признание од Јехова нема оној што самиот себе се препорачува,+ туку оној кого Тој+ го препорачува.+

Фусноти

Или: „разумност; попуштање“.
Буквално: „одиме“.
Види го додатокот 11.
Буквално: „но неговата физичка присутност [грчки: паруси́а (парусија)]“. Види го додатокот 7.