Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

2. Јованово 1:1-13

 Од старешината+ до избраната госпоѓа+ и до нејзините деца, кои вистински ги сакам,+ и не само јас туку и сите што ја запознаа вистината.+  Ве сакаме поради вистината која останува во сите нас+ и ќе биде со нас засекогаш.+  Со нас нека бидат незаслужената доброта,+ милосрдието и мирот од Бог, Таткото,+ и од Исус Христос, Синот на Таткото, а и вистината и љубовта.+  Многу се радувам што дознав дека меѓу твоите деца+ има некои што живеат според* вистината,+ онака како што ја примивме заповедта од Таткото.+  Затоа сега те молам, госпоѓо — не како да ти пишувам нова заповед,+ туку онаа што ја имавме од почетокот+ — да се сакаме еден со друг.+  А ова е љубовта:+ да живееме според неговите заповеди.+ Како што чувте на почетокот, заповедано ви е да живеете според неа.*+  Зашто, многу измамници излегоа во светот,+ оние што не признаваат дека Исус Христос дошол во тело.+ Тоа е измамникот+ и антихристот.+  Чувајте се за да не го изгубите плодот од нашата работа, туку да добиете полна плата.+  Секој што оди предалеку+ и не останува+ во Христовото учење, го нема Бог.+ Кој останува во тоа учење, тој ги има и Таткото и Синот.+ 10  Ако некој дојде кај вас и не го носи тоа учење, не примајте го во својот дом,+ ниту поздравувајте го.+ 11  Зашто, кој го поздравува, тој учествува во неговите зли дела.+ 12  Иако имам многу да ви пишувам, не сакам да го правам тоа на хартија и со мастило,+ туку се надевам дека ќе дојдам кај вас и дека ќе разговарам со вас лице в лице,+ за да биде вашата радост+ потполна.+ 13  Те поздравуваат децата на твојата избрана сестра.+

Фусноти

Буквално: „одат во“.
Буквално: „да одиме според неговите заповеди... да одите во неа“.