Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

1. Царевите 9:1-28

9  Кога Соломон заврши со градењето на Јеховиниот дом,+ на царскиот дворец+ и на сѐ што Соломон сакаше да изгради,+  Јехова по вторпат му се појави на Соломон, како што му се појави во Гаваон.+  И Јехова му рече: „Ги услишив твојата молитва+ и твојата молба за милост со која молеше пред мене за милост. Го посветив+ овој дом што ми го изгради, зашто во него ќе престојува моето име+ за навек. Моите очи+ и моето срце секогаш ќе бидат таму.+  А ти, ако ми служиш+ како што ми служеше* твојот татко Давид,+ со чисто* срце и справедливо,+ правејќи сѐ што ти заповедав,+ и ако ги држиш моите уредби+ и моите закони,+  ќе го утврдам довека престолот на твоето царство над Израел, како што му ветив на твојот татко Давид, велејќи: ‚Нема да останеш без наследник на престолот на Израел‘.+  Но, ако вие и вашите синови се одвратите од мене+ и ако не ги држите моите заповеди и моите одредби што ги ставив пред вас, туку тргнете по други богови+ за да им служите и да им се клањате,  ќе го истребам Израел од лицето на земјата што му ја дадов.+ И ќе го отфрлам од себе домот што му го посветив на своето име,+ а Израел ќе го споменуваат со презир*+ и ќе му се потсмеваат сите народи.  Од овој дом ќе останат само урнатини.+ Секој што ќе помине покрај него ќе остане вчудовиден,+ па во чудо ќе потсвирнува и ќе праша: ‚Зошто им направи Јехова такво нешто на оваа земја и на овој дом?‘+  И ќе им се одговори: ‚Затоа што го оставија Јехова, својот Бог, кој ги изведе нивните прататковци од египетската земја,+ и им се приклонија на други богови,+ им се клањаа и им служеа. Затоа Јехова им ја нанесе сета таа неволја‘ “.+ 10  Кога поминаа дваесетте години во кои Соломон ги изгради овие две градби, Јеховиниот дом+ и царскиот дворец+ 11  а Хирам,+ тирскиот цар, му набавуваше на Соломон+ кедрово дрво, смреково дрво и злато колку што сакаше тој+ — цар Соломон му даде на Хирам дваесет градови во галилејската земја.+ 12  И Хирам отиде од Тир за да ги види градовите што му ги даде Соломон, но не му се допаднаа.+ 13  Затоа му рече: „Какви се тие градови што си ми ги дал, брате мој?“ Затоа земјата се вика Кавул* до ден-денес. 14  А Хирам му испрати на царот сто и дваесет таланти* злато.+ 15  И цар Соломон одреди луѓе за работа,+ која ја воведе за да ги изгради Јеховиниот дом,+ својот дворец, Мило,*+ ерусалимскиот ѕид,+ Асор,+ Мегидо+ и Гезер.+ 16  Имено фараонот, египетскиот цар, дојде и го освои Гезер, па со оган ги запали и ги порази Ханаанците+ што живееја во градот. Потоа ѝ го даде како мираз на својата ќерка,+ жената на Соломон. 17  А Соломон повторно ги изгради Гезер и Долни Вет-Орон,+ 18  Валат+ и Тамара, кој е во пустинскиот дел од земјата, 19  сите градови што му припаднаа на Соломон, а служеа како складишта,+ градовите за бојните коли,+ градовите за коњаниците и сѐ што сакаше Соломон+ да гради во Ерусалим, на Ливан и во целата земја со која владееше. 20  А сите што преостанаа од Аморејците,+ Хетејците,+ Ферезејците,+ Евејците+ и Евусејците,+ кои не беа Израелци,+ 21  нивните синови што останаа по нив во земјата, а кои синовите на Израел не можеа да ги истребат,*+ Соломон ги земаше за ропска работа, и така е до ден-денес.+ 22  А никого од Израеловите синови Соломон не го направи роб,+ туку тие беа војници, негови слуги, негови кнезови, негови помошници и заповедници над возачите на неговите бојни коли и над неговата коњаница.+ 23  Главните намесници, кои ги надгледуваа работите на Соломон и ги надзираа луѓето што ги вршеа тие работи, беа петстотини и педесет.+ 24  А фараоновата ќерка+ премина од Давидовиот град+ во својата куќа, која тој ја изгради за неа. Во тоа време тој го изгради Мило.+ 25  Соломон трипати во годината+ принесуваше жртви паленици и жртви на заедништвото на жртвеникот што го подигна за Јехова,+ и ги гореше жртвите на жртвеникот+ што беше пред Јехова. Така го доврши домот.+ 26  Цар Соломон имаше и бродови, кои ги изгради во Есион-Гавер,+ кој е покрај Елот,+ на брегот на Црвеното Море во едомската земја.+ 27  На тие бродови Хирам испраќаше свои слуги,+ морнари, кои го познаваа морето, заедно со Соломоновите слуги. 28  Пловеа до Офир,+ оттаму земаа по четиристотини и дваесет таланти злато+ и му го донесуваа на цар Соломон.

Фусноти

Буквално: „ако одиш пред мене како што одеше“.
Види ја фуснотата за 1Мо 6:9.
Буквално: „Израел ќе биде изрека (пословица)“.
Или: „земја која ништо не вреди“.
Види го додатокот 13.
Или: „Ридот“.
Или: „да ги истребат како херем“. Види ја фуснотата за 2Мо 22:20.