Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

1. Царевите 8:1-66

8  Тогаш цар Соломон+ ги повика кај себе+ во Ерусалим старешините+ на Израел, сите главари на племиња+ и родовски поглавари+ на Израеловите синови, за да се донесе ковчегот на Јеховиниот сојуз+ од Давидовиот град,+ односно од Сион.+  Така сите луѓе од Израел се собраа кај цар Соломон на празникот+ во месецот етаним,* а тоа е седмиот месец.+  Кога дојдоа сите старешини на Израел, свештениците го понесоа+ ковчегот.+  Ги донесоа Јеховиниот ковчег, шаторот+ на средбата+ и сиот свет прибор што беше во шаторот. Сето тоа го донесоа свештениците и левитите.+  А цар Соломон и со него целата израелска заедница, оние што се собраа околу него, жртвуваа+ пред ковчегот толку овци и говеда што не можеше да се избројат, ниту бројот да им се одреди.+  Потоа свештениците го внесоа ковчегот+ на Јеховиниот сојуз на неговото место,+ во најприкриената просторија на домот, во Светињата над светињите, под крилјата на херувимите.+  Зашто, крилјата на херувимите беа раширени над местото каде што стоеше ковчегот, така што херувимите ги покриваа одозгора ковчегот и неговите лостови.+  Но лостовите+ беа толку долги што краевите на лостовите се гледаа од Светињата пред најприкриената просторија,* но однадвор не се гледаа. Таму стојат до ден-денес.+  Во ковчегот немаше ништо друго освен двете камени плочи+ што Мојсеј ги стави во него+ на Хорив, кога Јехова го склучи сојузот+ со синовите на Израел при нивното излегување од египетската земја.+ 10  А кога свештениците излегоа од светото место, облак+ го исполни Јеховиниот дом. 11  Поради облакот, свештениците+ не можеа да стојат таму и да ја вршат својата служба,+ зашто Јеховината слава+ го исполни Јеховиниот дом.+ 12  Тогаш Соломон рече: „Јехова, ти рече дека ќе живееш во густа темнина.+ 13  Јас ти изградив дом за да биде возвишено твоето живеалиште,+ местото+ каде што ќе живееш довека“.+ 14  Потоа царот се сврти и почна да ја благословува+ целата израелска заедница,* а целата израелска заедница стоеше таму. 15  И рече: „Нека е благословен Јехова,+ Богот на Израел, кој со својата уста зборуваше со Давид,+ мојот татко, и со својата рака ги исполни своите ветувања,+ велејќи: 16  ‚Од денот кога го изведов од Египет својот народ Израел, од ниедно Израелово племе не избрав+ град за во него да се изгради дом+ каде што ќе престојува моето име.+ Но го избрав Давид да владее над мојот народ Израел‘.+ 17  И Давид, мојот татко, посака во своето срце да му изгради дом на името на Јехова, Богот на Израел.+ 18  Но Јехова му рече на мојот татко Давид: ‚Во срцето имаш желба да му изградиш дом на моето име, и добро е што ти е тоа во срцето.+ 19  Но ти нема да го изградиш тој дом, туку твојот син, кој ќе ти се роди,* тој ќе му изгради дом на моето име‘.+ 20  И Јехова ја исполни речта+ што ја изговори и јас дојдов на местото на Давид, мојот татко, и седнав на престолот на Израел,+ како што рече Јехова, па му изградив дом на името на Јехова, Богот на Израел,+ 21  и во него одредив место за ковчегот во кој е Јеховиниот сојуз+ што го склучи со нашите прататковци кога ги изведе од египетската земја“. 22  Потоа Соломон застана пред Јеховиниот жртвеник+ пред целата израелска заедница и ги рашири рацете кон небото,+ 23  велејќи: „Јехова, Боже Израелов,+ нема Бог како што си ти+ ниту горе на небото ниту долу на земјата; ти го чуваш сојузот и им покажуваш милост*+ на своите слуги+ кои ти служат* со сето свое срце.+ 24  Му го исполни на својот слуга Давид, мојот татко, она што му го вети. Му даде ветување со својата уста, а со својата рака го исполни, како што се гледа денес.+ 25  И сега, Јехова, Боже Израелов, исполни му го на својот слуга Давид, мојот татко, она што си му го ветил, велејќи: ‚Нема да останеш без наследник кој ќе седи пред мене на Израеловиот престол,+ само ако твоите синови внимаваат на својот пат, служејќи ми како што ти ми служеше‘.* 26  Сега те молам, Боже Израелов, нека се обистини твоето ветување+ што му го даде на својот слуга Давид, мојот татко! 27  Но дали Бог навистина ќе живее на земјата?+ Еве, ни небесата,+ ни небото над небесата+ не можат да те соберат,+ а камоли овој дом+ што го изградив! 28  О Јехова, Боже мој, обрни внимание на молитвата+ на својот слуга и на неговата молба со која моли за милост,+ па чуј ги викањето и молитвата што ти ги упатува твојот слуга денес!+ 29  Твоите очи будно нека го набљудуваат+ овој дом дење и ноќе, ова место за кое рече: ‚Таму ќе престојува моето име‘,+ и чуј ја молитвата што ти ја упатува твојот слуга свртен кон ова место.+ 30  Чуј ја молбата за милост+ со која ти се молат твојот слуга и твојот народ Израел, свртени кон ова место. Чуј од местото каде што живееш, од небото,+ чуј и прости.+ 31  Ако некој му згреши на својот ближен,+ па овој побара од него да се заколне и да се изложи на проклетство,+ и ако тој под заклетва дојде пред твојот жртвеник во овој дом, 32  тогаш чуј од небото и биди им судија на своите слуги: злиот прогласи го за зол, враќајќи му ги неговите дела на негова глава,+ а праведниот прогласи го за праведен,+ наградувајќи го според неговата праведност.+ 33  Ако твојот народ Израел е поразен пред својот непријател+ затоа што ти згрешил,+ но се враќа кај тебе+ и пак почнува да го фали твоето име,+ ако ти се моли+ и од тебе бара милост во овој дом,+ 34  тогаш чуј од небото, прости му го гревот на својот народ Израел+ и врати го+ во земјата што им ја даде на неговите прататковци.+ 35  Ако се затвори небото и нема дожд+ затоа што ти грешеле,+ па ако ти се помолат свртени кон ова место,+ и го фалат твоето име, и ако се одвратат од својот грев затоа што си им нанесувал неволји,+ 36  тогаш чуј од небото и прости им го гревот на своите слуги, на својот народ Израел, зашто ти им го покажуваш+ правиот пат по кој треба да одат,+ и пушти дожд+ на својата земја што му ја даде во наследство на својот народ. 37  Ако во земјата завладее глад+ или ја снајде чума,+ суша, мувла+ или ако надојдат скакулци+ или лебарки,+ ако ги опколи непријателот во земјата каде што се нивните градови, ако ги снајде каква било неволја или болест, 38  секоја молитва,+ секоја молба за милост+ со која ти се моли кој и да било човек или сиот твој народ Израел+ — зашто секој си ја знае болката во своето срце+ — ширејќи ги во молитва рацете кон овој дом,+ 39  ти чуј од небото,+ од своето живеалиште,+ и прости,+ постапи според тоа+ и дај му секому според сите негови патишта,+ зашто ти го познаваш неговото срце,+ зашто само ти ги познаваш срцата на сите човечки синови,+ 40  за да се бојат од тебе+ во сите денови додека живеат на земјата што им ја даде на нашите прататковци.+ 41  Па и кога туѓинецот,+ кој не му припаѓа на твојот народ Израел, туку дошол од далечна земја заради твоето име+ 42  зашто ќе се чуе за твоето големо име,+ за твојата силна рака+ и за твојата подигната мишка — ќе дојде и ќе се помоли свртен кон овој дом,+ 43  тогаш чуј од небото, од своето живеалиште,+ и направи го сето она за кое те моли овој туѓинец,+ за да го запознаат твоето име+ сите народи на земјата и за да се бојат од тебе како твојот народ Израел, и за да знаат дека овој дом што го изградив го носи твоето име.+ 44  Ако твојот народ тргне во војна+ против своите непријатели по патот по кој ќе го испратиш+ и ти се помоли тебе,+ Јехова, свртен кон градот што го избра+ и кон овој дом што му го изградив на твоето име,+ 45  тогаш чуј ја од небото неговата молитва и неговата молба со која моли за милост и дај му правда.+ 46  Ако ти згрешат,+ зашто нема човек што не греши,+ и ти се разгневиш на нив и ги предадеш на непријателот, па нивните поробувачи ги одведат во заробеништво во непријателска земја, било да е далеку било да е близу,+ 47  а тие се вразумат во земјата во која ќе бидат одведени во заробеништво,+ ако се обратат+ и почнат да ти се молат+ за милост во земјата на своите поробувачи,+ велејќи: ‚Згрешивме,+ постапивме погрешно,+ направивме зло‘,+ 48  ако навистина се вратат кај тебе со сето свое срце+ и со сета своја душа во земјата на своите непријатели, кои ги одвеле во заробеништво, и ако ти се помолат свртени кон својата земја што им ја даде на нивните прататковци, кон градот што го избра и кон домот што му го изградив на твоето име,+ 49  тогаш чуј ги од небото, од своето живеалиште,+ нивната молитва и нивната молба, со кои ти се молат за милост, и дај им правда,+ 50  и прости+ му на својот народ кој ти згрешил,+ прости му ги сите престапи,+ сѐ што ти згрешил.+ Нивните поробувачи нека им бидат милостиви+ и нека им се смилуваат, 51  зашто тие се твој народ и твое наследство+ кое го изведе од Египет,+ од таа печка за топење железо.+ 52  Твоите очи нека бидат отворени за молбата за милост со која се моли твојот слуга и за молбата за милост со која се моли+ твојот народ Израел, и услиши ги кога ќе те повикаат.+ 53  Зашто, ти ги одвои од сите народи на земјата за свое наследство,+ како што рече преку Мојсеј,+ својот слуга, кога ги изведе од Египет нашите прататковци, Севишен Господару Јехова!“ 54  А кога Соломон заврши со целата оваа молитва и со молбата за милост со која му се молеше на Јехова, застана пред Јеховиниот жртвеник, каде што клечеше+ со рацете раширени кон небото,+ 55  и стоејќи+ така ја благослови+ целата израелска заедница, велејќи со силен глас: 56  „Нека е благословен Јехова,+ кој на својот народ Израел му даде место за починка, исполнувајќи сѐ што ветил.+ Не остана неисполнето ниту едно ветување+ од сите негови добри ветувања што ги даде преку Мојсеј, својот слуга.+ 57  Јехова, нашиот Бог, нека биде со нас+ како што беше и со нашите прататковци.+ Никогаш нека не нѐ остава и нека не нѐ напушта,+ 58  туку нека го приклони нашето срце+ кон себе за да одиме по сите негови патишта+ и да ги држиме неговите заповеди,+ неговите уредби+ и неговите закони,+ кои им ги даде на нашите прататковци. 59  И Јехова, нашиот Бог, нека ги памти+ дење и ноќе овие мои зборови, со кои го молев Јехова за милост, за да им дава правда на своите слуги и за да му дава правда на својот народ Израел, секој ден според нашите потреби,+ 60  за да знаат сите народи на земјата+ дека Јехова е вистинскиот Бог+ и дека нема друг.+ 61  Со сето свое срце бидете му оддадени+ на Јехова, нашиот Бог, живеејќи* според неговите уредби и држејќи ги неговите заповеди како што правите денес!“ 62  Тогаш царот и сиот Израел со него принесоа голема жртва пред Јехова.+ 63  Како жртва на заедништвото,+ која требаше да му ја принесе на Јехова, Соломон принесе дваесет и две илјади говеда и сто и дваесет илјади овци.+ Така царот и сите синови на Израел свечено го отворија+ Јеховиниот дом. 64  Во тој ден царот мораше да го посвети средниот дел на дворот што е пред Јеховиниот дом,+ бидејќи таму мораше да ги принесе жртвите паленици, житните жртви и мрсните делови од жртвите на заедништвото, зашто бакарниот жртвеник+ што стои пред Јехова беше премал за толку жртви паленици, житни жртви и за мрсните+ делови од жртвите на заедништвото. 65  Во тоа време Соломон, а со него и сиот Израел, мноштво народ+ од целата земја, од влезот во Емат+ до долината на реката Египет,+ славеше празник+ пред Јехова, нашиот Бог, седум дена и уште седум дена,+ вкупно четиринаесет дена. 66  Во осмиот ден ги распушти луѓето,+ а тие го благословуваа царот и си отидоа во своите куќи радосни+ и со весело срце+ поради сето добро+ што Јехова им го направи на својот слуга Давид и на својот народ Израел.

Фусноти

Или: „лунарниот месец етаним“. Види го додатокот 14.
Види ја фуснотата за 1Ца 6:5.
Хебрејски: кахал. Види ја фуснотата за 2Мо 12:6.
Буквално: „кој ќе излезе од твоите бедра“.
Или: „лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.
Буквално: „одат пред тебе“.
Буквално: „одејќи пред мене исто како што ти одеше пред мене“.
Буквално: „одејќи“.