Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

1. Царевите 6:1-38

6  И така, во четиристотини и осумдесеттата година по излегувањето на Израеловите синови од египетската земја,+ во четвртата година од своето царување над Израел,+ во месецот зиф+ — тоа е вториот месец+ — Соломон почна да го гради Јеховиниот дом.+  Домот што цар Соломон го градеше+ за Јехова беше долг шеесет лакти,*+ широк дваесет лакти и висок триесет лакти.+  Предворјето+ пред храмот,* на предната страна од домот, беше долго дваесет лакти, колку што беше широк домот, а широко десет лакти, од предната страна на домот.  На домот му направи прозорци чии отвори од едната страна беа потесни, а од другата страна пошироки.+  Потоа, покрај ѕидот на домот, секаде наоколу, изгради странична зграда, покрај ѕидовите на домот околу храмот* и најприкриената просторија,*+ и направи странични соби+ секаде наоколу.  Долниот кат со странични простории беше широк пет лакти, средниот беше широк шест лакти, а третиот беше широк седум лакти. Тој, всушност, направи наоколу скалести засеци+ од надворешната страна на домот за да не мора гредите да се вградуваат во ѕидовите на домот.+  А кога се градеше домот, се градеше од камења што веќе беа изделкани+ во каменолом, така што за време на градењето+ не се чуја ни чекан, ни секира, ни некакво друго железно орудие.  На долниот кат со странични простории се влегуваше+ од десната* страна на домот, а по вртени скали се одеше на средниот, а од средниот на третиот кат.  Така го градеше домот и го доврши.+ Го покри со греди и со наредени кедрови+ штици. 10  Освен тоа, по должината на целиот дом изгради странични простории+ високи пет лакти, кои со домот беа поврзани со кедрови греди.+ 11  Тогаш на Соломон+ му дојде Јеховината реч:+ 12  „Ако живееш* според моите одредби,+ ако ги извршуваш моите закони+ и ако се држиш за сите мои заповеди и живееш според нив,+ тогаш и јас ќе ги исполнам на тебе ветувањата што му ги дадов на Давид, твојот татко,+ а особено ветувањето за овој дом што го градиш. 13  Ќе живеам меѓу синовите на Израел+ и нема да го оставам својот народ Израел“.+ 14  И така Соломон го градеше домот и го доврши.+ 15  Ѕидовите на домот ги обложи однатре со кедрови штици, внатрешноста на домот, од подот до таванските греди, ја обложи со дрво, а подот во домот го обложи со смрекови+ штици. 16  На задниот дел од домот прегради простор од дваесет лакти, обложувајќи го со кедрови штици од подот до таванските греди, и така внатре во домот ја направи најприкриената просторија,+ Светињата над светињите.+ 17  Домот, односно храмот*+ што беше пред неа,+ имаше четириесет лакти. 18  На кедровото дрво во внатрешноста на домот беа изрежани украси во вид на тикви+ и на цветни+ венци. Сѐ беше од кедар, никаде не се гледаше камен. 19  А најприкриената просторија+ во внатрешноста на домот ја подготви за да го стави во неа ковчегот+ на Јеховиниот сојуз.+ 20  Најприкриената просторија беше долга дваесет лакти, широка дваесет лакти+ и висока дваесет лакти. Ја обложи со чисто злато,+ а жртвеникот+ го обложи со кедар. 21  Соломон ја обложи+ внатрешноста на домот со чисто злато+ и протегна златен синџир+ пред најприкриената просторија,+ која исто така ја обложи со злато. 22  Целиот дом, во потполност го обложи со злато,+ и целиот жртвеник+ пред најприкриената просторија го обложи со злато.+ 23  А во најприкриената просторија направи два херувима*+ од дрво од дива маслинка. Секој беше висок десет лакти.+ 24  Едното крило на херувимот имаше пет лакти, а и другото крило на херувимот имаше пет лакти. Десет лакти имаше од крајот на едното крило до крајот на другото крило.+ 25  И вториот херувим имаше десет лакти. Двата херувима имаа иста мера и ист облик. 26  Едниот херувим беше висок десет лакти, а исто и другиот херувим. 27  Херувимите ги постави во внатрешноста на домот. А крилјата на херувимите+ беа раширени, така што крилото на едниот допираше до едниот ѕид, а крилото на другиот херувим допираше до другиот ѕид, додека во средината на домот крилјата им се допираа едно до друго.+ 28  И херувимите ги обложи со злато.+ 29  На сите внатрешни ѕидови од домот, во предниот и во задниот дел, изрежа украси во облик на херувими,+ палми+ и цветови,+ 30  а подот+ во домот, во предниот и во задниот дел, го обложи со злато. 31  На влезот во најприкриената просторија направи двокрилна врата+ од дрво од дива маслинка:+ полустолбови и довратници, една петтина од ѕидот.* 32  Таа двокрилна врата беше од дрво од дива маслинка и на нив изрежа украси во вид на херувими, палми и цветови, па ги обложи со злато. И херувимите и палмите ги окова со злато. 33  Така и за влезот во храмот* направи четириаголни довратници од дрво од дива маслинка, 34  а двокрилната врата ја направи од смреково+ дрво. Едното крило од оваа врата се преклопуваше на два дела и се вртеше на носачи, а и другото крило се преклопуваше на два дела и се вртеше на носачи.+ 35  И изрежа украси во вид на херувими, палми и цветови, а потоа сето она што го изрежа го обложи со злато.+ 36  Потоа го изгради внатрешниот+ двор, правејќи ѕид од три реда+ делкан камен и еден ред кедрови греди. 37  Во четвртата година, во месецот зиф,*+ беше положен темелот+ на Јеховиниот дом, 38  а во единаесеттата година, во месецот вул* — односно во осмиот месец — домот беше довршен+ со сите негови поединости, според сѐ што беше одредено за него.+ Соломон го градеше седум години.

Фусноти

Еден лакот е 44,5 сантиметри. Види го додатокот 13.
„Храмот“ веројатно се однесува на Светињата.
Види ја фуснотата за 1Ца 6:3.
„Најприкриената просторија“ веројатно се однесува на Светињата над светињите.
Или: „јужната“, односно десно од набљудувачот што е свртен кон исток.
Буквално: „одиш“.
Види ја фуснотата за 1Ца 6:3.
Херувими се ангели на висока положба.
„Една петтина од ѕидот“ е еден од можните преводи. Буквално: „петти дел“.
Види ја фуснотата за 1Ца 6:3.
Или: „лунарниот месец зиф“. Види го додатокот 14.
Или: „лунарниот месец вул“. Види го додатокот 14.