Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

1. Царевите 22:1-53

22  Три години немаше војна меѓу Сирија и Израел.  Во третата година, Јосафат,+ царот на Јуда, дојде кај царот на Израел.  Царот на Израел им рече на своите слуги: „Знаете ли дека Рамот-Галад+ е наш? А ние се колебаме да го земеме од рацете на сирискиот цар“.  Потоа го праша Јосафат: „Ќе одиш ли со мене во битка против Рамот-Галад?“+ А Јосафат му одговори на израелскиот цар: „Јас сум како и ти, мојот народ е како твојот,+ моите коњи се како твоите“.  Но Јосафат уште му рече на израелскиот цар: „Те молам, прашај+ најпрво што вели Јехова“.  Така израелскиот цар ги собра пророците,+ околу четиристотини луѓе, и ги праша: „Да завојувам ли со Рамот-Галад или да се откажам од тоа?“ Тие одговорија: „Оди,+ и Јехова ќе го предаде во рацете на царот!“  Но Јосафат праша: „Зар нема овде уште некој Јеховин пророк? Да прашаме и преку него“.+  Тогаш израелскиот цар му рече на Јосафат: „Има уште еден човек преку кого можеме да го прашаме Јехова за совет,+ но јас го мразам+ затоа што не ми пророкува добро, туку зло.+ Тоа е Михаија, синот на Емлин“. Но Јосафат одговори: „Царот нека не зборува така!“+  Израелскиот цар повика еден дворјанин+ и му рече: „Брзо доведи го Михаија, синот на Емлин!“+ 10  А израелскиот цар и Јосафат, царот на Јуда, седеа секој на својот престол, облечени во царски облеки,+ на гумното кај самариската порта, а сите пророци пророкуваа пред нив.+ 11  Седекија, синот на Хенан, си направи железни рогови и рече: „Вака вели Јехова:+ ‚Со нив ќе ги бодеш Сиријците додека не ги истребиш‘ “.+ 12  И сите други пророци пророкуваа исто така: „Оди во Рамот-Галад и ќе победиш! Јехова ќе го предаде во рацете на царот“.+ 13  А гласникот што отиде да го повика, вака му рече на Михаија: „Еве, пророците сложно му навестуваат добро на царот. Те молам, нека биде и твојата реч како нивната реч, па проречи нешто добро“.+ 14  Но Михаија одговори: „Како што е жив Јехова,+ што ќе ми каже Јехова, тоа ќе зборувам!“+ 15  Кога дојде пред царот, царот го праша: „Михаија, да одиме ли во битка против Рамот-Галад или да се откажеме од тоа?“ А тој му одговори: „Оди и ќе победиш! Јехова ќе го предаде во рацете на царот“.+ 16  Тогаш царот му рече: „Колку пати ќе те заколнувам да ми ја зборуваш само вистината во Јеховино име?“+ 17  Тогаш тој рече: „Ги гледам сите Израелци расеани+ по планините како овци што немаат овчар.+ И Јехова рече: ‚Овие немаат господар. Нека се вратат во мир секој во својата куќа‘ “.+ 18  Тогаш израелскиот цар му рече на Јосафат: „Нели ти реков дека нема да ми пророкува добро, туку зло?“+ 19  А Михаија продолжи: „Затоа, чуј ја Јеховината реч:+ го гледам Јехова како седи на својот престол+ и сета небесна војска му стои оддесно и одлево.+ 20  И Јехова рече: ‚Кој ќе го измами Ахав за да тргне против Рамот-Галад и таму да падне?‘ И еден рече вака, а друг онака.+ 21  Најпосле излезе еден дух,+ застана пред Јехова и рече: ‚Јас ќе го измамам‘. А Јехова го праша: ‚Како?‘+ 22  Тој одговори: ‚Ќе отидам и ќе бидам измамнички дух во устата на сите негови пророци‘.+ А тој рече: ‚Ќе го измамиш и ќе го надвладееш.+ Оди и стори го тоа!‘+ 23  И еве, така Јехова им стави в уста на сите овие твои пророци измамнички дух,+ но Јехова ти навестува неволја“.+ 24  Тогаш Седекија, синот на Хенан, му пристапи на Михаија и го удри по образот,+ па рече: „Како, зар отишол Јеховиниот дух од мене за да ти зборува тебе?“+ 25  А Михаија одговори: „Еве, ќе го видиш тоа во оној ден кога ќе влезеш во најприкриената соба+ за да се скриеш“.+ 26  Тогаш израелскиот цар рече: „Земи го Михаија и одведи го кај Амон, градскиот заповедник, и кај Јоас, царскиот син.+ 27  И речи им: ‚Вака вели царот:+ „Ставете го овој в затвор+ и држете го на малку леб+ и вода додека не се вратам среќно“ ‘ “.+ 28  Тогаш Михаија рече: „Ако навистина се вратиш среќно, тогаш Јехова не зборувал преку мене“.+ И додаде: „Чуј го ова, цел народе!“*+ 29  Така израелскиот цар и Јосафат, царот на Јуда, отидоа против Рамот-Галад.+ 30  А израелскиот цар му рече на Јосафат: „Јас ќе влезам во битката+ преправен, но ти облечи ја својата царска облека“.+ Така израелскиот цар се преправи+ и отиде во битката.+ 31  А сирискиот цар им заповеда на триесет и двајцата заповедници+ над неговите бојни коли: „Не напаѓајте го ниту малиот ниту големиот, туку само израелскиот цар!“+ 32  Кога заповедниците на колите го видоа Јосафат, си помислија: „Тоа е сигурно израелскиот цар!“+ И тргнаа против него, но кога Јосафат почна да вика за помош,+ 33  заповедниците на колите видоа дека тоа не е израелскиот цар, и престанаа да го гонат.+ 34  Но некој човек го оптегна лакот и случајно го погоди израелскиот цар, и тоа таму каде што се составува оклопот. Тогаш царот му рече на својот возач:+ „Заврти ја колата и изведи ме од бојот, зашто сум тешко ранет“. 35  А во тој ден, битката стануваше сѐ пожестока, и мораа да го држат царот во исправена положба во колата наспроти Сиријците, но вечерта умре.+ Крвта од неговата рана течеше во колата.+ 36  А при зајдисонце, во логорот оддекна извик: „Секој во својот град и секој во својата земја!“+ 37  Така умре царот. Го однесоа во Самарија и го погребаа во Самарија.+ 38  А кога ја миеја бојната кола кај самариското езерце, кучињата ја лижеа неговата крв+ (и блудниците таму се капеа), според речта што ја кажа Јехова.+ 39  Останатата историја на Ахав, сѐ што правеше и како ја изгради куќата од слонова коска,+ и како ги изгради сите свои градови, зар не е сето тоа запишано во летописите+ на израелските цареви? 40  Најпосле Ахав почина кај своите прататковци,+ а на негово место почна да владее неговиот син Охозија.+ 41  Јосафат,+ синот на Аса, стана цар на Јуда во четвртата година од царувањето на Ахав над Израел. 42  Јосафат имаше триесет и пет години кога почна да владее и владееше во Ерусалим дваесет и пет години. Мајка му се викаше Азува, а му беше ќерка на Силеј. 43  Тој одеше во сѐ по патот на својот татко Аса. Не отстапуваше од неговиот пат, туку го правеше она што е исправно во Јеховини очи.+ Единствено што не беа отстранети обредните височинки. На тие височинки народот сѐ уште принесуваше жртви и гореше приноси.+ 44  И Јосафат беше во мир со израелскиот цар.+ 45  Останатата историја на Јосафат, неговите потфати и војните што ги водеше, зар не е сето тоа запишано во летописите+ на јудејските цареви? 46  Тој ги отстрани од земјата+ и машките храмски блудници+ што останаа од времето на татко му Аса. 47  Во Едом+ немаше цар. Како цар служеше еден намесник.+ 48  Јосафат направи тарсиски бродови+ за да одат во Офир по злато. Но бродовите не отидоа, зашто се разбија кај Есион-Гавер.+ 49  Тогаш Охозија, синот на Ахав, му рече на Јосафат: „Моите слуги нека одат со твоите слуги на бродовите“, но Јосафат не се согласи.+ 50  На крајот Јосафат почина кај своите прататковци+ и беше погребан кај своите прататковци во градот на Давид,+ својот прататко, а на негово место почна да владее неговиот син Јорам.+ 51  Охозија,+ синот на Ахав, стана цар на Израел во Самарија во седумнаесеттата година од царувањето на Јосафат над Јуда, и владееше над Израел две години. 52  Го правеше она што е зло+ во Јеховини очи и одеше по патот на својот татко+ и на својата мајка,+ и по патот на Јеровоам,+ синот на Нават, кој го наведе Израел на грев.+ 53  Му служеше на Ваал+ и му се клањаше, навредувајќи го+ Јехова, Богот на Израел, и правејќи сѐ како што правеше и татко му.

Фусноти

Буквално: „сите народи“.