Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

1. Царевите 21:1-29

21  Потоа се случи следново: Језраелецот Навутеј имаше лозје во Језраел,+ покрај палатата на Ахав, самарискиот цар.  И Ахав му рече на Навутеј: „Дај+ ми го своето лозје+ да ми служи како бавча,+ зашто е близу до мојата куќа, а јас ќе ти дадам за него подобро лозје. Или, ако сакаш така повеќе, ќе ти го платам со пари“.  Но Навутеј му одговори на Ахав: „Не можам да ти го дадам наследството на моите прататковци,+ зашто знам дека тоа би било неисправно во Јеховини очи“.+  Така Ахав се врати дома онерасположен и потиштен поради одговорот што му го даде Језраелецот Навутеј, велејќи му: „Нема да ти го дадам наследството на своите прататковци“. Легна на својата постела, го сврти лицето+ и ништо не сакаше да јаде.  А Језавела,+ неговата жена, дојде кај него и го праша: „Зошто си тажен*+ и нејќеш да јадеш?“  Тој ѝ одговори: „Затоа што разговарав со Језраелецот Навутеј и му реков: ‚Дај ми го своето лозје за пари. Или, ако сакаш така повеќе, ќе ти дадам за него друго лозје‘. А тој рече: ‚Не ти го давам лозјето‘ “.+  Тогаш Језавела, неговата жена, му рече: „Зарем не си ти царот на Израел?+ Стани, јади и нека биде весело твоето срце! Јас ќе ти го дадам лозјето на Језраелецот Навутеј“.+  Потоа напиша писма+ во името на Ахав и ги запечати со неговиот печат.+ Писмата ги испрати до старешините+ и до достоинствениците што живееја во истиот град со Навутеј.  Во писмата напиша вака:+ „Прогласете пост и седнете го Навутеј на чело на народот. 10  Спроти него седнете двајца+ неранимајковци,+ кои ќе сведочат против него+ и ќе речат: ‚Ги проколна Бог и царот!‘+ Тогаш изведете го надвор и каменувајте го за да загине“.+ 11  И луѓето од неговиот град, старешините и достоинствениците што живееја во неговиот град, направија како што им порача Језавела и како што пишуваше во писмата што им ги испрати.+ 12  Прогласија пост+ и го седнаа Навутеј на чело на народот. 13  Потоа дојдоа двајца неранимајковци и седнаа спроти него. И тие неранимајковци сведочеа пред народот против него, против Навутеј, велејќи: „Навутеј ги проколна Бог и царот!“+ Потоа го изведоа надвор од градот и го затрупаа со камења, така што загина.+ 14  Тогаш ѝ порачаа на Језавела: „Навутеј е каменуван и мртов“.+ 15  Кога чу дека Навутеј е каменуван и дека е мртов, Језавела му рече на Ахав: „Стани и земи го лозјето на Језраелецот Навутеј,+ кое не сакаше да ти го даде за пари, зашто Навутеј повеќе не е жив, туку мртов“. 16  Кога чу дека Навутеј е мртов, Ахав веднаш стана и отиде во лозјето на Језраелецот Навутеј за да го земе.+ 17  А Јеховината реч+ му дојде на Илија+ Тесвитецот: 18  „Стани и појди да го пресретнеш Ахав, израелскиот цар, кој е во Самарија.+ Ене го во лозјето на Навутеј. Отиде таму за да си го земе. 19  И речи му: ‚Вака вели Јехова: „Дали го уби+ и му го зеде имотот?“ ‘+ И уште речи му: ‚Вака вели Јехова: „На местото+ на кое кучињата ја лижеа крвта на Навутеј, кучиња ќе ја лижат и твојата крв!“ ‘ “+ 20  Ахав му рече на Илија: „Ме пронајде ли, непријателу мој?“+ А овој одговори: „Те пронајдов! ‚Затоа што си се продал за да го правиш она што е зло во Јеховини очи,+ 21  еве, јас ќе ти нанесам неволја.+ Ќе те изметам+ и ќе истребам од домот на Ахав сѐ што е машко,*+ дури и најмалите и безвредните во Израел. 22  Со твојот дом ќе го направам истото што го направив со домот на Јеровоам,+ синот на Нават, и со домот на Васа,+ синот на Ахија, поради навредите со кои ме предизвикувавте и со кои го наведовте Израел на грев‘.+ 23  А за Језавела Јехова вели вака: ‚Кучиња ќе ја изедат Језавела во језраелското поле!+ 24  Оној од домот на Ахав што ќе умре во градот, ќе го изедат кучиња, а оној што ќе умре в поле, ќе го изедат небесните птици!+ 25  Никој никогаш не се продал како Ахав+ за да го прави она што е зло во Јеховини очи, зашто Језавела,+ неговата жена, го наведуваше+ на тоа. 26  Правеше гадни дела, поведувајќи се по одвратните идоли,*+ како што правеа сите Аморејци, кои Јехова ги истера од пред Израеловите синови.‘ “+ 27  Кога ги чу тие зборови, Ахав си ја раскина облеката и си стави козина+ на телото. Постеше, спиеше во козина и одеше потиштено.+ 28  Јеховината реч му дојде на Илија Тесвитецот: 29  „Виде ли како се понизи Ахав пред мене?+ Затоа што се понизи пред мене, нема да му ја нанесам таа неволја додека е тој жив.+ Неволјата ќе му ја нанесам на неговиот дом во деновите на неговиот син“.+

Фусноти

Буквално: „со тажен дух“.
Буквално: „сѐ што моча покрај ѕид“.
Или: „лепешкавите идоли“.