Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

1. Царевите 20:1-43

20  Вен-Адад,+ сирискиот цар, ја собра сета своја војска, а со него беа и триесет и два цара+ со коњи+ и коли,+ па отиде да ја опсадува+ Самарија+ и да се бори против неа.  Испрати гласници+ во градот на израелскиот цар Ахав и му порача: „Вака вели Вен-Адад:  ‚Твоето сребро и твоето злато се мои, а и твоите најубави жени и твоите најубави синови се мои‘ “.+  А израелскиот цар одговори: „Како што рече, господару мој, царе, твој сум јас и сѐ што е мое“.+  Но гласниците повторно дојдоа и рекоа: „Вака вели Вен-Адад: ‚Ги испратив гласниците кај тебе и ти порачав: „Своето сребро, своето злато, своите жени и своите синови ќе ми ги дадеш мене“.  Но јас сепак ќе ги испратам кај тебе своите слуги утре во ова време за да ги пребараат добро твојот дворец и куќите на твоите слуги. И сето она што е драгоцено+ во твои очи тие ќе го земат и ќе го однесат‘ “.  Тогаш израелскиот цар ги свика сите старешини во земјата+ и им рече: „Ве молам, погледнете и видете како овој си бара неволја,+ зашто испрати кај мене по моите жени, по моите синови, по моето сребро и по моето злато, и не одбив да му ги дадам“.  А сите старешини и целиот народ му рекоа: „Немој да послушаш и немој да се согласиш!“  Затоа им рече на гласниците на Вен-Адад: „Вака речете му на мојот господар царот: ‚Сѐ што му порача на својот слуга првиот пат ќе го направам, но ова не можам да го сторам‘ “. Тогаш гласниците отидоа и му го однесоа одговорот. 10  Тогаш Вен-Адад испрати кај него гласници и му порача: „Боговите+ нека ми направат така, и уште нека ми додадат,+ ако има доволно прав од Самарија за да добијат по еден грст сите луѓе што се со мене!“+ 11  А израелскиот цар му одговори: „Вака кажете му: ‚Нека не се фали оној што уште се опашува+ како оној што веќе се распашува!‘ “+ 12  Кога го чу тој одговор, а токму тогаш пиеше+ со царевите во шаторите, им нареди на своите слуги: „Подгответе се за напад!“ И почнаа да се подготвуваат за да го нападнат градот. 13  И гледај, еден пророк му пристапи на Ахав, израелскиот цар,+ и рече: „Вака вели Јехова:+ ‚Го виде ли целото ова големо мноштво? Еве, ќе го предадам денес во твои раце и така ќе знаеш дека јас сум Јехова‘ “.+ 14   Тогаш Ахав праша: „Преку кого?“  А овој одговори: „Вака вели Јехова: ‚Преку младичите што се во служба на покраинските кнезови‘ “. На крајот уште праша: „Кој ќе ја започне битката?“ А тој одговори: „Ти!“ 15  Тогаш ги преброи младичите што беа во служба на покраинските кнезови, и тие беа двесте триесет и двајца.+ Потоа го преброи целиот народ, сите Израелови синови, и ги имаше седум илјади. 16  Излегоа напладне додека Вен-Адад се опиваше+ во шаторите со триесет и двајцата цареви што му дојдоа на помош. 17  Први излегоа младичите+ што беа во служба на покраинските кнезови. Вен-Адад ги испрати своите луѓе, а тие му јавија: „Излегоа луѓе од Самарија“. 18  Тогаш рече: „Ако излегле заради мир, фатете ги живи, а ако излегле заради битка, пак фатете ги живи!“+ 19  А од градот излегоа младичите што беа во служба на покраинските кнезови и војската што одеше по нив. 20  И секој го нападна својот противник, така што Сиријците+ почнаа да бегаат,+ а Израел тргна во потера по нив. Но Вен-Адад, сирискиот цар, успеа да побегне на коњ со коњаниците. 21  Тогаш излезе и израелскиот цар, па удри на коњите и на колите+ и им нанесе тежок пораз на Сиријците. 22  Потоа дојде пророкот+ кај израелскиот цар и му рече: „Оди, зајакни ги своите сили,+ промисли, па види што ќе направиш,+ зашто сирискиот цар ќе дојде против тебе во почетокот на годината“.*+ 23  А слугите на сирискиот цар му рекоа на својот цар: „Нивниот Бог е Бог на планините.+ Затоа беа посилни од нас. Но, ако се бориме против нив во низина, ќе видиш дека ќе бидеме посилни. 24  Значи, стори го следново: тргни ги царевите+ од нивните места и постави управители наместо нив.+ 25  А ти собери си војска еднаква на онаа што ја изгуби, земи коњ за коњ и кола за кола. Да се бориме со нив во низина, па ќе видиш дека ќе бидеме посилни“.+ И тој го послуша нивниот глас и направи така. 26  И така, во почетокот на годината, Вен-Адад ги собра Сиријците+ и тргна во Афек+ во битка против Израел. 27  Израеловите синови се собраа, се снабдија со сѐ што им беше потребно+ и тргнаа да ги пресретнат. Израеловите синови се улогорија пред нив како две мали стада кози, а Сиријците ја прекрија земјата.+ 28  Тогаш, Божјиот човек+ дојде кај израелскиот цар и му рече: „Вака вели Јехова: ‚Затоа што Сиријците велат: „Јехова е Бог на планините, а не Бог на низините“, целото ова големо мноштво ќе ти го предадам тебе в раце,+ и така ќе знаете дека јас сум Јехова‘ “.+ 29  Седум дена беа улогорени, едни спроти други.+ А на седмиот ден почна битката, и Израеловите синови ги поразија Сиријците, сто илјади пешаци во еден ден. 30  Оние што преостанаа побегнаа во Афек,+ во самиот град, но се урнаа ѕидиштата врз дваесет и седумте илјади луѓе што преостанаа.+ Вен-Адад побегна+ во градот и се скри во најприкриената соба.+ 31  Неговите слуги му рекоа: „Еве, чувме дека царевите од домот на Израел се милостиви*+ цареви. Затоа, те молиме, дозволи ни да ставиме козина+ околу бедрата+ и јажиња околу главите, па да излеземе пред израелскиот цар. Можеби ќе ја зачува жива твојата душа“.+ 32  И така, опашаа козина околу бедрата и си врзаа јажиња околу главата, па дојдоа пред израелскиот цар и рекоа: „Твојот слуга Вен-Адад рече: ‚Те молам, остави ја жива мојата душа!‘ “ А тој праша: „Дали е уште жив? Тој ми е брат“. 33  Тие+ го сфатија ова како добар знак и дека навистина го мисли тоа, па рекоа: „Вен-Адад ти е брат“. А тој рече: „Одете и доведете го!“ Тогаш Вен-Адад дојде кај него и тој го зеде во колата.+ 34  А Вен-Адад му рече: „Ќе ти ги вратам градовите+ што татко ми му ги зеде на татко ти, а ти избери си улици во Дамаск како што татко ми си избра во Самарија“. Тогаш Ахав одврати: „Да склучиме сојуз+ под тие услови, и ќе те пуштам да си одиш“. Така склучи сојуз со него и го пушти да си оди. 35  Еден од пророчките синови*+ му рече на својот другар според Јеховината реч:+ „Те молам, удри ме!“ Но овој не сакаше да го удри. 36  А тој му рече: „Затоа што не го послуша Јеховиниот глас, еве, кога ќе си отидеш откај мене, ќе те убие лав“. И кога овој си отиде откај него, го нападна лав+ и го уби.+ 37  Потоа најде друг човек и му рече: „Те молам, удри ме!“ И овој го изнатепа и му направи рани. 38  Тогаш пророкот отиде и застана крај патот за да го дочека царот, а преку очите стави превез за да не го препознаат.+ 39  Кога царот поминуваше оттаму, тој му викна на царот:+ „Твојот слуга отиде во најжестоката битка, и гледај, еден човек истапи од бојните редови и ми доведе некој човек, велејќи: ‚Чувај го човеков! Ако го снема, твојата душа+ ќе биде наместо неговата душа,+ или ќе измериш еден талант* сребро‘.+ 40  И додека твојот слуга беше зафатен овде-онде, него го снема“. Тогаш израелскиот цар му рече: „Тоа ти е пресудата. Самиот си ја донел!“+ 41  Тогаш овој брзо го симна превезот од очите, и израелскиот цар препозна дека тој е еден од пророците.+ 42  Тој му рече на царот: „Вака вели Јехова: ‚Поради тоа што го пушти од рака човекот што го одредив за погубување,*+ твојата душа ќе биде наместо неговата душа+ и твојот народ наместо неговиот народ!‘ “+ 43  Така израелскиот цар се упати кон својата куќа онерасположен и потиштен,+ и дојде во Самарија.+

Фусноти

Односно следната пролет. Види 2Ле 36:10.
Или: „полни со лојална љубов“. Види ја фуснотата за 1Мо 19:19.
Изразот „пророчки синови“ веројатно се однесува на заедница во која пророците се обучувале за својата служба или на група пророци кои меѓусебно соработувале.
Види го додатокот 13.
Или: „да биде херем“. Види ја фуснотата за 2Мо 22:20.