Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

1. Царевите 14:1-31

14  Во тоа време се разболе+ Авија, синот на Јеровоам.  И Јеровоам ѝ рече на својата жена: „Те молам, стани и преправи се,+ за да не те препознаат дека си жената на Јеровоам, па појди во Сило. Ете, таму е пророкот Ахија.+ Тој ми рече дека ќе станам цар над овој народ.+  Понеси десет леба,+ колачиња и грне со мед, па појди кај него.+ Тој сигурно ќе ти каже што ќе биде со детето“.+  И жената на Јеровоам направи така. Стана, отиде во Сило+ и дојде во куќата на Ахија. А Ахија не можеше повеќе да гледа, зашто од старост го беше изгубил видот.+  Но Јехова му рече на Ахија: „Еве доаѓа жената на Јеровоам за да те праша за својот син, зашто е болен. Ти кажи ѝ вака и вака. А кога ќе дојде, ќе се преправа дека не е таа“.+  Штом ги слушна нејзините чекори кога влезе на вратата, Ахија рече: „Влези, жено на Јеровоам!+ Зошто се преправаш дека не си ти кога сум испратен да ти пренесам тешка порака?  Оди и речи му на Јеровоам: ‚Вака вели Јехова, Богот на Израел: „Те подигнав од твојот народ за да те поставам за водач на мојот народ Израел,+  и го истргнав+ царството од Давидовиот дом и ти го дадов тебе. Но, ти не беше како мојот слуга Давид, кој ги држеше моите заповеди и ми беше оддаден* со сето свое срце, правејќи го само она што е право во мои очи,+  туку почна да постапуваш полошо од сите свои претходници, па отиде и си направи друг бог+ и леани ликови+ за да ме навредуваш,+ а мене ми сврте грб.+ 10  Затоа, еве, ќе му нанесам неволја на домот на Јеровоам и ќе му сотрам на Јеровоам сѐ што е машко,*+ дури и најмалите и безвредните во Израел,+ и ќе го изметам домот на Јеровоам+ како што се чисти измет додека не се отстрани сосема.+ 11  Оној од домот на Јеровоам што ќе умре во градот, ќе го изедат кучињата,+ а оној што ќе умре во полето, ќе го изедат небесните птици,+ зашто така вели Јехова‘ “. 12  А ти стани и оди си дома! Штом ќе стапнеш со нозете во градот, детето ќе умре. 13  Целиот Израел ќе го оплакува+ и ќе го погребе, и единствено тој од домот на Јеровоам ќе биде положен во гроб, зашто само во него од домот на Јеровоам се најде нешто добро пред Јехова, Богот на Израел.+ 14  И Јехова ќе подигне за себе цар+ над Израел кој ќе го истреби во оној ден домот на Јеровоам. И зар не се случува тоа уште сега?+ 15  Јехова ќе го удри Израел, па ќе се заниша како трска во вода.+ Ќе го откорне+ Израел од оваа добра земја+ што им ја даде на нивните прататковци и ќе ги расее+ од онаа страна на Реката,+ затоа што си направија обредни диреци*+ и така го навредуваа+ Јехова. 16  И ќе го напушти Израел+ поради гревот што го направи Јеровоам, со кој го наведе Израел на грев“.+ 17  Тогаш жената на Јеровоам стана и отиде во Терса.+ Штом стапна на куќниот праг, детето умре. 18  Го закопаа и целиот Израел го оплакуваше, според Јеховината реч што ја кажа преку пророкот Ахија, својот слуга. 19  А останатата историја на Јеровоам, како војуваше+ и како владееше, сето тоа е запишано во летописите+ на израелските цареви. 20  Јеровоам владееше дваесет и две години, а потоа почина кај своите прататковци.+ На негово место почна да владее неговиот син Надав.+ 21  Ровоам,+ синот на Соломон, беше цар во Јуда. Ровоам имаше четириесет и една година кога почна да владее и владееше седумнаесет години во Ерусалим, градот+ што Јехова го избра меѓу сите Израелови племиња+ за да престојува таму неговото име.+ Мајка му се викаше Наама и беше Амонка.+ 22  А народот во Јуда го правеше она што е зло во Јеховини очи.+ Со гревовите што ги направија ја предизвикуваа неговата љубомора+ повеќе отколку сите нивни прататковци.+ 23  Зашто и тие си градеа обредни височинки,+ си правеа свети столбови+ и обредни диреци+ на секое високо ритче+ и под секое зелено дрво.+ 24  Имаше дури и машки храмски блудници во земјата.+ Ги правеа сите гадости што ги правеа народите кои Јехова ги истера од пред Израеловите синови.+ 25  А во петтата година од царувањето на Ровоам, египетскиот цар Сисак+ дојде против Ерусалим. 26  Го зеде богатството од Јеховиниот дом и богатството од царскиот дворец,+ зеде сѐ.+ Ги зеде и сите златни штитови што ги направи Соломон.+ 27  Наместо нив, цар Ровоам направи бакарни штитови и им ги довери на заповедниците на телесната стража,*+ која стражареше на влезот во царскиот дворец, за да ги чува.+ 28  Секогаш кога царот одеше во Јеховиниот дом, неговите телесни стражари ги носеа, а потоа ги враќаа во стражарницата на телесната стража.+ 29  Останатата историја на Ровоам и сѐ што правеше, зар не е сето тоа запишано во летописите+ на царевите на Јуда? 30  А за сето тоа време се водеше војна меѓу Ровоам и Јеровоам.+ 31  На крајот Ровоам почина кај своите прататковци и беше погребан кај своите прататковци во Давидовиот град.+ Мајка му се викаше Наама и беше Амонка.+ Наместо него почна да владее неговиот син Авијам.+

Фусноти

Буквално: „и одеше по мене“.
Буквално: „сѐ што моча покрај ѕид“.
Или: „ашери“.
Или: „гласниците“. Буквално: „тркачите“.