Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

1. Царевите 13:1-34

13  И ете, еден Божји човек,+ според Јеховината реч,+ дојде од Јуда во Ветил кога Јеровоам стоеше покрај жртвеникот+ за да ги гори приносите.+  И според Јеховината реч извика кон жртвеникот: „Жртвенику, жртвенику! Вака вели Јехова: ‚Еве, во Давидовиот дом ќе се роди син по име Јосија.+ Тој ќе ги жртвува на тебе свештениците од обредните височинки, кои на тебе ги горат приносите, и на тебе ќе изгори човечки коски‘ “.+  И во тој ден им даде знак:+ „Ова е знакот што го даде Јехова: еве, жртвеникот ќе се распадне и ќе се истури мрсната пепел* што е на него“.  Кога ги чу зборовите што ги објави Божјиот човек против жртвеникот во Ветил, цар Јеровоам ја испружи раката додека стоеше покрај жртвеникот и рече: „Фатете го!“+ Но штом ја испружи раката кон оној човек, раката му се исуши и не можеше повеќе да ја повлече кон себе.+  А жртвеникот се распадна и се истури мрсната пепел од жртвеникот, според знакот што го даде Божјиот човек според Јеховината реч.+  Тогаш царот му рече на Божјиот човек вака: „Смилостиви го,* те молам, лицето на Јехова, својот Бог, и моли се за мене да ми оздрави раката“.+ Тогаш Божјиот човек го смилостиви+ лицето на Јехова, и на царот му оздраве раката, па му беше како и порано.+  И царот му рече на Божјиот човек: „Дојди со мене дома за да се поткрепиш,+ а ќе ти дадам и подарок“.+  Но Божјиот човек му одговори на царот: „И да ми дадеш половина од куќата,+ не би пошол со тебе,+ ниту би јадел, ниту би пиел на ова место.  Зашто, вака ми е заповедано според Јеховината реч: ‚Не јади+ и не пиј, и не враќај се по патот по кој си дошол!‘ “ 10  И отиде по друг пат, не се врати по патот по кој дојде во Ветил. 11  А во Ветил живееше еден стар пророк,+ чии синови дојдоа и му раскажаа за сѐ што направи Божјиот човек на тој ден во Ветил и за зборовите што му ги кажа на царот, сѐ му раскажаа на својот татко. 12  Тогаш таткото ги праша: „По кој пат си отиде?“ И неговите синови му го покажаа патот по кој си отиде Божјиот човек што дојде од Јуда. 13  А тој им рече на синовите: „Оседлајте ми го магарето!“ Тие му го оседлаа магарето,+ и тој го јавна. 14  Тргна по Божјиот човек и го најде како седи под едно големо дрво.+ И го праша: „Дали си ти Божјиот човек што дошол од Јуда?“+ А овој му одговори: „Јас сум“. 15  Тогаш му рече: „Појди со мене дома за да јадеш нешто“. 16  Но тој му одговори: „Не можам да се вратам со тебе, ниту да влезам во твојата куќа, и не можам ни да јадам ни да пијам со тебе на ова место.+ 17  Зашто, преку Јеховината реч ми е заповедано:+ ‚Немој таму ни да јадеш ни да пиеш! Не враќај се по патот по кој си дошол!‘ “+ 18  А тој му рече: „И јас сум пророк како и ти, и ангел+ ми се обрати според Јеховината реч, велејќи: ‚Врати го кај себе дома за да јаде и да пие‘ “. Но тој го излажа.+ 19  Така тој се врати со него во неговата куќа за да јаде и да пие.+ 20  Додека седеа на трпезата, Јеховината реч+ му дојде на пророкот кој го врати, 21  и тој му викна на Божјиот човек што дојде од Јуда: „Вака вели Јехова: ‚Затоа што се побуни+ против Јеховината наредба и не се држеше за заповедта што ти ја даде Јехова, твојот Бог,+ 22  туку се врати за да јадеш и да пиеш на местото за кое ти беше кажано: „Не јади и не пиј“, твоето мртво тело нема да биде погребано во гробот на твоите прататковци‘ “.+ 23  А пророкот што го врати, откако јадеше и пиеше, му го оседла магарето, 24  и овој тргна. Но на патот го нападна лав+ и го усмрти.+ Неговото тело лежеше фрлено на патот. Магарето стоеше покрај него, а и лавот стоеше покрај мртвото тело. 25  И ете, луѓето што поминуваа таму ги видоа мртвото тело фрлено на патот и лавот како стои покрај телото. Отидоа оттаму, па раскажаа за тоа во градот каде што живееше стариот пророк. 26  Кога го чу тоа, пророкот што го беше вратил од патот рече: „Тоа е Божјиот човек што се побуни против Јеховината наредба.+ Јехова го дал на лав да го растргне и да го усмрти, според речта што му ја кажа Јехова“.+ 27  Потоа им рече на своите синови: „Оседлајте ми го магарето!“ И тие му го оседлаа.+ 28  Така тој отиде и ги најде неговото мртво тело фрлено на патот и магарето и лавот како стојат покрај телото. Лавот не го изел телото, ниту го растргнал магарето.+ 29  И пророкот го подигна телото на Божјиот човек, го стави на магарето и го врати назад. Потоа стариот пророк дојде во својот град за да го оплакува и да го погребе. 30  Го положи телото во својот гроб, а потоа го оплакуваа,+ велејќи: „Леле, брате мој!“ 31  Откако го погреба, на своите синови им рече: „Кога ќе умрам, погребете ме во гробот каде што е погребан Божјиот човек. Моите коски положете ги до неговите коски.+ 32  Зашто, сигурно ќе се исполни+ она што, според Јеховината реч, го објави против жртвеникот+ во Ветил и против сите светилишта, сите височинки,+ во градовите на Самарија“.+ 33  Ни по овој настан Јеровоам не се врати од својот лош пат, туку продолжи да поставува луѓе од обичниот народ за свештеници+ на обредните височинки. Кого сакаше, него го овласти да служи како свештеник,*+ велејќи: „Биди и ти свештеник на обредните височинки!“ 34  Тоа го одведе во грев домот на Јеровоам+ и тоа беше причина да бидат сотрени и истребени од лицето на земјата.+

Фусноти

Види ја фуснотата за 2Мо 27:3.
Буквално: „Омекни го“.
Буквално: „[му] ја наполнуваше раката“. Види ја фуснотата за 2Мо 28:41.