Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

1. Царевите 12:1-33

12  Ровоам+ отиде во Сихем, зашто во Сихем+ дојде целиот Израел за да го постави за цар.  За тоа чу Јеровоам,+ синот на Нават, додека уште беше во Египет. Јеровоам, имено, побегна од цар Соломон и живееше во Египет.+  Тогаш испратија по него и го викнаа. Така Јеровоам и целата израелска заедница дојдоа и му рекоа на Ровоам:+  „Твојот татко ни стави тежок јарем,+ а ти сега олесни ни ја+ тешката служба на твојот татко и тешкиот јарем што ни го стави тој, па ќе ти служиме!“+  А тој им одговори: „Одете си, па по три дена пак дојдете кај мене“.+ И народот си отиде.  А цар Ровоам се посоветува со постарите мажи,+ кои беа во служба на Соломон, неговиот татко, додека тој беше жив, и ги праша: „Што советувате да му одговорам на овој народ?“+  А тие му одговорија вака: „Ако покажеш денес дека си подготвен да му бидеш слуга на овој народ и да му служиш,+ ако го исполниш барањето на тие луѓе и ако им се обратиш со убави зборови,+ тие ќе ти бидат слуги засекогаш“.+  Но тој го занемари советот што му го дадоа постарите мажи и се посоветува со младите мажи, кои пораснаа со него+ и беа во негова служба.+  Ги праша: „Што советувате+ да му одговорам на овој народ, кој ми рече: ‚Олесни ни го јаремот што ни го стави татко ти‘?“+ 10  А младите мажи, кои пораснаа со него, му одговорија: „На народот кој ти рече: ‚Твојот татко ни стави тежок јарем, а ти олесни ни го‘ — кажи му вака:+ ‚Мојот мал прст е подебел од бедрата на татко ми.+ 11  Еве, татко ми ви стави тежок јарем, а јас ќе го направам вашиот јарем уште потежок.+ Мојот татко ве казнуваше со камшици, а јас ќе ве казнувам со бодликави камшици‘ “.+ 12  И на третиот ден, Јеровоам и целиот народ дојдоа кај Ровоам, зашто царот рече: „Дојдете пак кај мене на третиот ден“.+ 13  Тогаш царот остро му одговори на народот,+ занемарувајќи го советот што му го дадоа постарите мажи.+ 14  Му одговори како што го советуваа младите мажи+: „Татко ми ви стави тежок јарем, а јас ќе го направам вашиот јарем уште потежок. Мојот татко ве казнуваше со камшици, а јас ќе ве казнувам со бодликави камшици“.+ 15  И царот не го послуша народот,+ зашто Јехова така ги водеше настаните.+ Јехова направи така за да го исполни својот збор+ што му го кажа на Јеровоам, синот на Нават, преку Ахија+ од Сило. 16  Кога целиот Израел виде дека царот не го послуша, народот му одговори на царот и му рече: „Што имаме ние со Давид?+ Ние немаме наследство со синот на Јесеј! Врати се кај своите богови,+ Израеле! А ти, Давиде, грижи се за својот дом!“+ И целиот Израел се разотиде по своите шатори. 17  А Ровоам владееше над Израеловите синови кои живееја во градовите на Јуда.+ 18  Потоа цар Ровоам го испрати кај нив Адорам,+ кој ги надгледуваше оние што беа одредени за работа,+ но целиот Израел го затрупа со камења,+ па тој загина. А цар Ровоам успеа да се качи во колата и да побегне во Ерусалим. 19  И Израелците истрајаа во својата побуна+ против Давидовиот дом и тоа трае до ден-денес.+ 20  Кога чуја дека се вратил Јеровоам, сите Израелци пратија по него и го повикаа во заедницата, па го поставија за цар над целиот Израел.+ Никој друг не му се придружи на Давидовиот дом, освен племето на Јуда.+ 21  Штом стигна во Ерусалим,+ Ровоам ги собра целиот дом на Јуда и Венијаминовото+ племе, сто и осумдесет илјади одбрани луѓе способни за војна, за да се борат против Израеловиот дом и да му го вратат царството на Ровоам, синот на Соломон. 22  Тогаш на Семаја,+ Божјиот човек,+ му дојде речта на вистинскиот Бог: 23  „Кажи им на Ровоам, Соломоновиот син, царот на Јуда, и на целиот дом на Јуда и на Венијамин и на останатиот народ: 24  ‚Вака вели Јехова: „Не одете и не борете се против своите браќа, синовите на Израел!+ Вратете се секој во својата куќа, зашто тоа дојде од мене!“ ‘ “+ Тие ја послушаа Јеховината реч+ и се вратија како што им рече Јехова.+ 25  А Јеровоам го утврди Сихем+ во ефремските планини и се насели во него. Потоа отиде оттаму и го утврди Фенуел.+ 26  И Јеровоам рече во своето срце:+ „Сега царството ќе му се врати на Давидовиот дом.+ 27  Ако овој народ продолжи да оди во Ерусалим да принесува жртви во Јеховиниот дом,+ срцето на овој народ ќе му се врати на нивниот господар Ровоам, царот на Јуда, па ќе ме убијат+ и ќе му се вратат на Ровоам, царот на Јуда“. 28  Откако се посоветува,+ царот направи две златни телиња+ и му рече на народот: „Претешко ви е да одите во Ерусалим. Еве го, Израелу, твојот Бог+ кој те изведе од египетската земја!“+ 29  И едното го постави во Ветил,+ а другото во Дан.+ 30  Тоа беше повод за грев,+ и народот одеше кај едното теле дури до Дан. 31  Тој направи светилиште, височинка,+ и за свештеници постави луѓе од обичниот народ, кои не беа од синовите на Леви.+ 32  Освен тоа, Јеровоам воведе празник во осмиот месец, на петнаесеттиот ден од тој месец, сличен на празникот што се славеше во Јуда,+ за да принесува жртви на жртвеникот што го направи во Ветил, да им принесува жртви на телињата што ги направи. И постави свештеници во Ветил+ за да служат на обредните височинки што ги направи. 33  Во петнаесеттиот ден од осмиот месец, месец што самиот го одреди,+ принесе жртви на жртвеникот што го направи во Ветил. И воведе празник за Израеловите синови и на жртвеникот принесуваше жртви и ги гореше.+

Фусноти