Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

1. Царевите 10:1-29

10  А царицата од Сава+ чу за славата на Соломон, која ја беше стекнал поради Јеховиното име.+ Затоа дојде да го испита со загадочни прашања.+  И дојде во Ерусалим со многу голема придружба,+ со камили+ што носеа балсам,+ многу злато и скапоцени камења. Откако дојде кај Соломон, разговараше со него за сѐ што ѝ беше на срце.+  А Соломон ѝ одговори на сѐ што таа го праша.+ Немаше нешто што му беше скриено на царот и на кое не знаеше да ѝ одговори.+  Кога царицата од Сава ги виде сета мудрост на Соломон,+ домот што го изгради,+  јадењата на неговата трпеза,+ неговите слуги како седат на трпезата, неговите послужители што послужуваа на трпезата и нивната облека, неговите пијалаци+ и жртвите паленици што ги принесуваше во Јеховиниот дом, ѝ застана здивот.*+  Затоа му рече на царот: „Вистина е она што го чув во својата земја за тебе и за твојата мудрост.+  Но не поверував во тоа што се зборуваше додека не дојдов и не видов со свои очи. И ете, ни половина не ми беше кажано!+ Со својата мудрост и со благосостојбата ти го надминуваш она што го чув за тебе.+  Среќни се твоите луѓе,+ среќни+ се овие твои слуги што стојат секогаш пред тебе и ја слушаат твојата мудрост!+  Благословен да е Јехова,+ твојот Бог, кому си му станал толку мил+ за да те постави на престолот на Израел!+ Поради својата вечна љубов кон Израел,+ Јехова те поставил за цар+ за да судиш+ и да делиш правда“.+ 10  Потоа му даде+ на царот сто и дваесет таланти злато,+ големи количества балсам+ и скапоцени камења. Никогаш повеќе не беше донесен толку балсам колку што царицата од Сава му даде на цар Соломон. 11  Бродовите на Хирам,+ кои донесуваа злато од Офир,+ донесуваа од Офир и големи количества алгумово дрво,+ како и скапоцени камења.+ 12  И царот направи од алгумовото дрво потпирачи за Јеховиниот дом+ и за царскиот дворец, како и харфи+ и псалтири+ за пејачите. Никогаш повеќе не беше донесено толку многу алгумово дрво, ниту се виде толку многу до ден-денес. 13  А цар Соломон ѝ даде на царицата од Сава сѐ што посака и што побара, не сметајќи го она што тој, цар Соломон, ѝ го даде затоа што имаше дарежлива рака.+ Потоа таа си отиде и се врати во својата земја, таа и нејзините слуги со неа.+ 14  Златото+ што му доаѓаше на Соломон секоја година тежеше по шестотини шеесет и шест таланти,*+ 15  не сметајќи го она што доаѓаше од патувачките трговци и приходот од продавачите, од сите арапски+ цареви+ и од управителите на земјата. 16  Цар Соломон направи двесте големи штитови од златна легура+ (секој штит го обложи со шестотини сикли* злато)+ 17  и триста мали штитови од златна легура (секој штит го обложи со три мини* злато).+ Потоа царот ги стави во куќата наречена Ливанска шума.+ 18  Царот направи и голем престол+ од слонова коска+ и го обложи со чисто злато.+ 19  До престолот водеа шест скалила, а престолот одзади имаше тркалезен свод. Од двете страни на седиштето имаше потпирачи за раце, а покрај потпирачите+ стоеја два лава.+ 20  Дванаесет лава стоеја од двете страни на шесте скалила. Такво нешто не беше направено во ниту едно друго царство.+ 21  Сите садови од кои пиеше цар Соломон беа од злато и сите садови во куќата наречена Ливанска шума+ беа од чисто злато.+ Ништо не беше од сребро, зашто во времето на Соломон тоа се сметаше за безвредно. 22  Зашто, освен бродовите на Хирам, царот имаше на море и тарсиски бродови.+ Секоја трета година тарсиските бродови донесуваа злато,+ сребро, слонова коска,+ мајмуни и пауни. 23  Така цар Соломон со богатството+ и со мудроста+ ги надмина сите други земни цареви. 24  И цел свет сакаше да дојде пред лицето на Соломон и да ја чуе неговата мудрост што Бог му ја даде во срцето.+ 25  И секоја година секој му го донесуваше својот дар,+ предмети од сребро+ и предмети од злато, облеки, оружје,+ балсам, коњи и маски.+ 26  Цар Соломон насобра и многу бојни коли и коњи. Имаше илјада и четиристотини коли и дванаесет илјади коњи,+ кои ги распореди по градовите каде што држеше коли и кај себе во Ерусалим.+ 27  Царот насобра во Ерусалим толку многу сребро што го имаше како камењата,+ а кедрово дрво како дивите смокви во Шефела.*+ 28  Соломон увезуваше коњи од Египет. Царските трговци ги набавуваа коњите по одредена цена.+ 29  Една кола довезена од Египет чинеше по шестотини сребреници и еден коњ по сто и педесет. Преку тие трговци увезуваа и сите хетејски+ и сириски цареви.

Фусноти

Буквално: „во неа веќе снема дух“.
Нешто помалку од 23 тони. Види го додатокот 13.
Види го додатокот 13.
Види го додатокот 13.
Или: „во низината“.