Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

1. Тимотеј 6:1-21

6  Сите оние што се под јарем, робови, нека ги сметаат своите господари за достојни за секоја чест,+ за никогаш да не се зборува лошо за Божјето име и учење.+  А оние чии господари се верници,+ нека не ги почитуваат помалку+ затоа што се браќа.+ Напротив, нека им служат уште подобро, зашто оние што имаат корист од нивната добра служба се верници и сакани браќа. За ова поучувај+ и на ова поттикнувај!  Ако некој поучува поинаку+ и не се согласува со здравите зборови,+ зборови на нашиот Господар Исус Христос, ниту со учењето што е во склад со оддаденоста на Бог,+  тој е горд+ и ништо не разбира,+ туку е болен+ од потпрашувања и препирки околу зборови.+ Тоа доведува до завист,+ караници, навредлив говор,+ злонамерни сомнежи,  жолчни расправии за ситници, во кои се впуштаат луѓе со расипан ум,+ кои ја немаат вистината+ во себе и ја сметаат оддаденоста на Бог за извор на добивка.+  Несомнено, оддаденоста на Бог+ е извор на голема добивка,+ кога човек е задоволен со она што го има.+  Зашто, ништо не сме донеле на светов, па не можеме ништо ни да однесеме од него.+  Значи, ако имаме храна, облека и покрив над главата, со тоа да бидеме задоволни.+  А оние што решиле да се збогатат, паѓаат во искушение+ и во замка и во многу неразумни и штетни желби,+ кои ги туркаат луѓето во уништување и во пропаст.+ 10  Зашто, љубовта кон парите+ е корен+ на секакви зла+ и, поради неа, некои одлутаа од верата и си нанесоа многу маки.+ 11  А ти, човеку Божји, бегај од тоа!+ Стреми се кон праведност, оддаденост на Бог, вера, љубов, истрајност, благост!+ 12  Води ја добрата борба на верата,+ освој го вечниот живот на кој си повикан, за кое си дал добро сведоштво+ пред многу сведоци. 13  Ти заповедам+ пред Бог, кој дава живот на сѐ, и пред Христос Исус, кој даде добро сведоштво+ пред Понтиј Пилат:+ 14  држи ја таа заповед на чист и беспрекорен начин додека не се појави+ нашиот Господар* Исус Христос. 15  Кога ќе дојде времето+ за да се појави, ќе се покаже среќниот и единствен Владетел,+ Цар+ над царевите и Господар+ над господарите, 16  единствениот кој има бесмртност+ и престојува во непристапната светлина,+ кого никој од луѓето не го видел, ниту може да го види.+ Нему нека му е честа+ и вечната моќ! Амин. 17  На оние што се богати+ во сегашниов свет* заповедај им да не бидат вообразени+ и да не се потпираат* на несигурното богатство,+ туку на Бог, кој богато ни дава сѐ за да уживаме во тоа.+ 18  Заповедај им да прават добро,+ да се богатат со добри дела,+ да бидат дарежливи, спремни да го делат со другите она што го имаат.+ 19  Со тоа ќе го собираат она богатство+ што е добар темел+ за иднината, за да го освојат вистинскиот живот.+ 20  О Тимотеј, чувај го она што ти е доверено+ и избегнувај ги празните разговори, кои го сквернават она што е свето, и противречното таканаречено спознание.+ 21  Поради тоа што се расфрлаа со таквото таканаречено спознание, некои отстапија од верата.+ Незаслужената доброта нека биде со вас!

Фусноти

Види го додатокот 11.
Види ја фуснотата за Мт 12:32.
Или: „да не се надеваат“.