Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

1. Тимотеј 5:1-25

5  Немој да прекоруваш постар човек,+ туку советувај го како татко, помладите мажи како браќа,  постарите жени+ како мајки, а помладите жени како сестри+ — со сета чистота.  Почитувај ги вдовиците кои навистина се вдовици.+  Но, ако некоја вдовица има деца или внуци, првин тие нека научат со дела да покажуваат оддаденост на Бог во својот дом+ и да им возвраќаат на своите родители,+ како и на дедовците и бабите, за она што го добиле од нив, бидејќи тоа е прифатливо за Бог.+  А жената која навистина е вдовица, и кога е во немаштија+ се надева на Бог+ и истрајно упатува барања* и молитви ноќ и ден.+  Но онаа што им се предава на задоволствата+ е мртва,+ иако живее.  Заповедај им го тоа,+ за да бидат беспрекорни.+  Навистина, ако некој не се грижи за своите,+ а посебно за домашните,+ се одрекол+ од верата+ и полош е од неверник.  На список нека биде ставена онаа вдовица што има најмалку шеесет години, која му била верна на мажот,+ 10  која е позната по своите добри дела:+ одгледала деца,+ била гостољубива,+ им ги миела нозете на светите,+ им помагала на оние што биле во неволја,+ марливо правела секакво добро дело.+ 11  А помладите вдовици не ставај ги на список зашто, кога нивните сексуални нагони ќе им станат поважни од Христос,+ сакаат да се мажат, 12  па заслужуваат осуда, бидејќи ја отфрлиле верата што ја имале на почетокот.+ 13  А покрај тоа се учат да бидат без работа, да скитаат по куќите, и не само што се без работа, туку и озборуваат, се мешаат во туѓи работи+ и зборуваат што не би требало. 14  Затоа сакам помладите вдовици да се мажат,+ да раѓаат деца,+ да водат домаќинство, да не му даваат повод на противникот да зборува погрдно за нас.+ 15  Некои, всушност, веќе застранија и отидоа по Сатаната. 16  Ако некоја верница има вдовици во своето семејство, нека им помага+ за да не се оптоварува собранието. Тогаш собранието може да им помага на оние што навистина се вдовици.+ 17  Старешините, кои ве предводат+ на добар начин, сметајте ги за достојни за двојна чест,+ особено оние што марливо говорат и поучуваат за Божјата реч.+ 18  Зашто, во Писмото стои: „Не врзувај му ја устата на бикот, кој го врши житото“+ и „Работникот ја заслужува својата плата“.+ 19  Не примај обвинение против старешина, освен на темел на изјава од двајца или тројца сведоци.+ 20  Оние што прават грев,+ укори ги+ пред сите, за да имаат страв и другите.+ 21  Те заколнувам пред Бог и пред Христос Исус+ и пред избраните ангели, да се држиш за ова и да не донесуваш суд однапред, и ништо да не правиш од пристрасност.+ 22  Врз никого не полагај раце пребрзо+ и не учествувај во гревовите на другите.+ Чувај се себеси чист!+ 23  Повеќе не пиј вода, туку земај по малку вино+ поради желудникот и честите свои болести. 24  Гревовите на некои луѓе се видливи+ за сите и веднаш водат до осуда, додека гревовите на други се покажуваат подоцна.+ 25  Така и добрите дела се видливи за сите,+ а оние што не се, не можат да се скријат.+

Фусноти

Или: „сесрдни молитви“.