Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

1. Тимотеј 3:1-16

3  Оваа изјава е веродостојна.+ Ако некој сака да служи како надгледник,+ тој сака служба вредна за пофалба.  Затоа надгледникот треба да биде беспрекорен,+ да има само една жена, да биде умерен во сѐ,+ разборит,+ да живее уредно,+ да биде гостољубив,*+ способен да поучува други,+  не пијаница,+ ни кавгаџија,*+ туку разумен,*+ не воинствен,+ ни алчен за пари.+  Треба добро да управува со својот дом,+ а децата треба да му бидат послушни и да покажуваат потполна почит.*+  Зашто, ако некој не знае да управува со својот дом, како ќе се грижи за Божјето собрание?*  Не смее да биде новообратен,+ за да не се возгордее+ и да падне под истата осуда како Ѓаволот.+  А треба да биде и на добар глас кај луѓето надвор од собранието,+ за да не падне во срам и во замката+ на Ѓаволот.  Слугите помошници,+ исто така, треба да бидат достојни за почит,* не дволични, да не пијат многу вино, да не бидат алчни за нечесна добивка,+  да се држат за светата тајна+ на верата и да имаат чиста совест.+ 10  И најпрво треба да бидат испитани,+ и ако нема за што да им се приговори,+ нека ја извршуваат службата. 11  Жените исто така треба да бидат достојни за почит,* не клеветнички,+  туку умерени+ и верни во сѐ.+ 12  Слугите помошници нека имаат само една жена,+ добро нека управуваат со децата и со својот дом.+ 13  Зашто, оние што добро ја извршуваат службата, стекнуваат добро име+ и можат со голема слобода да им зборуваат+ на другите за верата во Христос Исус. 14  Иако се надевам дека наскоро ќе дојдам кај тебе,+ ти го пишувам ова 15  за да знаеш, ако се задржам, како треба да се однесуваш во Божјиот дом,+ кој е собрание на живиот Бог, столб и потпора+ на вистината. 16  И, без сомнение, голема е светата тајна+ на оддаденоста на Бог: ‚Тој се појави во тело,+ беше прогласен за праведен во духот,+ им се покажа на ангелите,+ за него се проповедаше меѓу народите,+ во светот поверуваа во него,+ беше вознесен на небото во слава‘.+

Фусноти

Или: „да им излегува во пресрет на странците“. Буквално: „кој ги сака странците“.
Или: „оној што задава удари“. Буквално: „удирач“.
Или: „спремен да попушти“.
Или: „послушни со сета сериозност“.
Види ја фуснотата за изразот „собрание“ во Мт 16:18.
Или: „сериозни“.
Или: „сериозни“.