Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

1. Тимотеј 1:1-20

1  Павле — апостол+ на Христос Исус по заповед на Бог,+ нашиот Спасител,+ и на Христос Исус, нашата надеж+  до Тимотеј,+ вистинскиот син+ во верата: Незаслужената доброта, милосрдието и мирот од Бог, Таткото, и од Христос Исус, нашиот Господар* нека бидат со тебе!+  Како што те поттикнував кога заминував за Македонија,*+ така те поттикнувам и сега: остани во Ефес за да им заповедаш+ на некои да не поучуваат за поинакво учење+  и да не се занимаваат со измислени прикаски+ и со родословија, бидејќи тоа не води никаде.+ Тоа само придонесува за да се поставуваат непотребни прашања, а не за да се распределува она што Бог го дава за изградување на нашата вера.  А целта на оваа заповед е љубов+ од чисто срце,+ чиста совест+ и нелицемерна вера.+  Некои отстапија од тоа и застранија+ во празни муабети.+  Сакаат да бидат учители+ на законот,+ а не го разбираат ниту она што го зборуваат ниту она што упорно го тврдат.  А знаеме дека Законот е добар+ ако некој правилно се служи со него,+  свесен за тоа дека законот не е донесен за праведниците, туку за беззакониците+ и непокорните,+ за безбожните и грешниците, за неверните+ и за оние кои го осквернуваат она што е свето, за убијците на татковци, на мајки и на други луѓе, 10  за блудниците,+ за мажите што легнуваат со мажи, за трговците со луѓе,* за лажливците, за кривоклетниците+ и за сите други што го прават она што е спротивно+ на здравото учење,+ 11  кое е во склад со славната добра вест на среќниот Бог,+ која ми е доверена.+ 12  Благодарен сум му на Христос Исус, нашиот Господар, кој ми даде сила, зашто сметаше дека сум достоен за доверба,+ па ме постави во служба,+ 13  иако порано бев хулител, прогонител+ и дрзок човек.+ Но ми беше покажано милосрдие,+ зашто бев во незнаење+ и го правев тоа додека немав вера. 14  И примив во изобилство од незаслужената доброта на нашиот Господар+ заедно со верата и љубовта која е во Христос Исус.+ 15  Оваа изјава е веродостојна и заслужува потполно да се прифати:+ Христос Исус дојде во светот за да ги спаси грешниците,+ од кои најголемиот сум јас.+ 16  Сепак, покажано ми е милосрдие+ мене, најголемиот грешник, за Христос Исус да ја покаже сета своја долготрпеливост и да им даде пример на сите што ќе поверуваат+ во него за да добијат вечен живот.+ 17  А на Царот на вечноста,+ на нераспадливиот,+ невидлив,+ единствен Бог,+ нека му е чест и слава во сета вечност!+ Амин.* 18  Оваа заповед+ ти ја предавам, сине Тимотеј, во склад со пророштвата+ кои се однесуваа на тебе, за да водиш добра војна,+ потпирајќи се на нив, 19  чувајќи ги верата и чистата совест,+ кои некои ги отфрлија+ и доживеаја бродолом во верата.+ 20  Меѓу нив се Именеј+ и Александар,+ кои му ги предадов на Сатана+ за да научат* дека не смеат да хулат.+

Фусноти

Види го додатокот 11.
Види ја фуснотата за Де 16:9.
Или: „киднаперите“.
Види ја фуснотата за 5Мо 27:15.
Види ја фуснотата за Ев 12:5.