Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

1. Солуњаните 5:1-28

5  А за времињата и раздобјата,+ браќа, не треба да ви се пишува.  Зашто, и самите добро знаете дека Јеховиниот ден+ доаѓа токму како крадец во ноќта.+  Кога ќе зборуваат:+ „Мир+ и сигурност!“ — тогаш ненадејно ќе ги снајде уништување+ како како што ја снаоѓаат родилни болки бремена жена,+ и нема да побегнат.+  Но вие, браќа, не сте во темнина,+ па тој ден да ве затече како што би затекол крадци,+  зашто сите вие сте синови на светлината+ и синови на денот.+ Ние не ѝ припаѓаме ниту на ноќта ниту на темнината.+  Затоа, да не спиеме+ како и останатите,+ туку да бдееме+ и да бидеме трезвени.+  Зашто, оние што спијат,+ ноќе спијат,+ и оние што се опиваат, ноќе се опиваат.  А ние кои му припаѓаме на денот, да бидеме трезвени и на градите да го ставиме оклопот+ на верата+ и љубовта и да го ставиме шлемот+ — надежта во спасението.+  Зашто, Бог не нѐ одредил да го искусиме неговиот гнев,+ туку да постигнеме спасение+ преку нашиот Господар* Исус Христос,+ 10  кој умре за нас+ за — сеедно дали бдееме или спиеме — да живееме заедно со него.+ 11  Затоа, тешете се меѓусебно и изградувајте се еден со друг,+ како што веќе и правите.+ 12  Ве молиме, браќа, почитувајте ги оние што се трудат меѓу вас и предводат+ во делото на Господарот и ве опоменуваат, 13  и нив особено ценете ги со љубов поради нивната работа.+ Бидете во мир еден со друг.+ 14  А ве поттикнуваме, браќа, опоменувајте ги оние што живеат неуредно,+ тешете ги потиштените души,+ помагајте им на слабите, бидете долготрпеливи+ со сите. 15  Гледајте никој никому да не му враќа зло за зло,+ туку секогаш настојувајте да правите добро еден на друг и на сите останати.+ 16  Радувајте се секогаш.+ 17  Молете се непрестајно.+ 18  За сѐ благодарете.+ Зашто, тоа е за вас волјата Божја во Христос Исус. 19  Не гаснете го духот.+ 20  Не презирајте ги пророштвата.+ 21  Сѐ испитувајте за да се уверите во тоа,+ држете се за она што е добро.+ 22  Тргајте се од секакво зло.+ 23  Самиот Бог на мирот+ нека ве посвети потполно.+ И, браќа, целиот ваш дух и душа и тело нека бидат зачувани беспрекорни до времето на присутноста* на нашиот Господар Исус Христос.+ 24  Верен е оној што ве повикува, и тој и ќе го стори тоа. 25  Браќа, молете се за нас.+ 26  Поздравете ги сите браќа со свет бакнеж.+ 27  Ве заколнувам во Господарот, ова писмо да им биде прочитано на сите браќа.+ 28  Незаслужената доброта+ на нашиот Господар Исус Христос нека биде со вас!

Фусноти

Види го додатокот 11.
Грчки: паруси́а (парусија). Види го додатокот 7.