Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

1. Солуњаните 3:1-13

3  Затоа, кога веќе не можевме да издржиме, решивме да останеме сами во Атина,+  а Тимотеј,+ нашиот брат и Божји слуга, кој ја проповеда добрата вест+ за Христос, го испративме да ве зацврсти и да ве утеши за да ја зајакне вашата вера,  за да не се поколеба никој поради тие неволји.+ Зашто, и самите знаете дека тие мора да ни се случуваат.+  Всушност, кога бевме кај вас, однапред ви зборувавме+ дека мора да нѐ снајдат неволји,+ а тоа, како што знаете, и се случи.+  Затоа, бидејќи не можев повеќе да издржам, го испратив за да дознаам за вашата верност,+ зашто се плашам да не ве искушал некако Искушувачот+ и нашиот труд да се покаже залуден.+  А Тимотеј само што ни се врати откај вас+ и ни донесе добри вести за вашата верност и љубов,+ и дека сѐ уште со задоволство се сеќавате на нас и копнеете да нѐ видите, исто како и ние вас.+  Затоа, браќа, покрај сета наша немаштија и неволја, се утешивме+ кога чувме за вашата верност,+  зашто сега, кога ја гледаме вашата непоколебливост во Господарот,* ние оживеавме.+  Зашто, како да му се заблагодариме на Бог за вас, за сета радост+ што ја чувствуваме поради вас пред нашиот Бог, 10  додека дење и ноќе најсесрдно се молиме+ да ги видиме вашите лица и да ја надополниме вашата вера во она што ѝ недостига?+ 11  И самиот наш Бог, и Татко, и нашиот Господар Исус+ успешно нека го насочат нашиот пат кон вас. 12  А вам Господарот нека ви овозможи да растете+ и да обилувате во љубовта+ еден кон друг и кон сите, како што и ние обилуваме во љубовта кон вас, 13  за да ви бидат срцата цврсти, беспрекорни+ во светоста пред нашиот Бог и Татко, и како такви да ја дочекате присутноста*+ на нашиот Господар Исус со сите негови свети.+

Фусноти

Види го додатокот 11.
Грчки: паруси́а (парусија). Види го додатокот 7.