Префрли се на текстот

Префрли се на споредното мени

Префрли се на содржината

Јеховини сведоци

македонски

Онлајн Библија | СВЕТО ПИСМО - ПРЕВОД НОВ СВЕТ

1. Солуњаните 2:1-20

2  И сами знаете, браќа, дека нашето доаѓање кај вас+ не беше залудно.+  Напротив, откако во Филипи,+ како што знаете, најпрво пострадавме+ и бевме малтретирани,+ собравме смелост со помош на нашиот Бог да ви ја проповедаме+ Божјата добра вест со голема борба.  Зашто, нашиот поттик не произлегува од заблуда, ниту од нечисти+ побуди, ниту од желба да измамиме некого,  туку зборуваме како луѓе кои Бог ги испита и ги сметаше за достојни да им ја довери добрата вест+ — тоа не го правиме како да им угодуваме на луѓето,+ туку на Бог, кој ги испитува нашите срца.+  Зашто, како што знаете, никогаш не се послуживме со ласкави зборови,+ ниту правевме нешто од прикриена+ лакомост+ — Бог е сведок!  И не баравме слава од луѓе+ — ниту од вас ниту од другите — иако, како Христови апостоли, можевме да ви бидеме товар.+  Напротив, кон вас бевме благи, како мајка која ги храни и ги негува своите деца.+  Така, полни со љубов кон вас,+ бевме спремни да ви ја дадеме не само Божјата добра вест туку и својот живот,*+ бидејќи ве засакавме.+  Зашто, се сеќавате, браќа, на нашиот труд и напор. Додека ви ја проповедавме Божјата добра вест, работевме+ ден и ноќ, за да не му бидеме товар никому од вас.+ 10  Сведоци сте и вие и Бог колку верно и праведно и беспрекорно+ се однесувавме кон вас кои верувате. 11  А добро знаете и дека, како татко+ своите деца, секого од вас го поттикнувавме+ и го тешевме и го заколнувавме 12  да водите живот достоен*+ на Бог, кој ве повикува+ во своето царство+ и слава. 13  Затоа и непрестајно му благодариме на Бог+ што Божјата реч, која ја примивте+ откако ја чувте од нас, не ја прифативте како реч човечка,+ туку како реч Божја, каква што таа навистина е, и таа дејствува во вас кои верувате.+ 14  Зашто, вие, браќа, се угледавте на* Божјите собранија кои се во Јудеја во единство со Христос Исус, бидејќи и вие почнавте да го трпите+ од своите сонародници истото што го трпат и тие од Евреите, 15  кои ги убија и Господарот* Исус+ и пророците,+ а нас нѐ прогонуваа.+ Тие не му угодуваат на Бог, туку се противат на она што е добро за сите луѓе, 16  бидејќи се обидуваат да нѐ спречат+ да им проповедаме на незнабошците за да се спасат+ тие луѓе. Со сето тоа и тие ја навршуваат мерата+ на своите гревови. Но неговиот гнев ги стигнува.+ 17  А ние, браќа, кога за кратко бевме одвоени од вас — со лицето, но не и со срцето — многу копнеевме по вас, и на секој начин настојувавме да ги видиме вашите лица.+ 18  Затоа сакавме да дојдеме кај вас — јас, Павле, и првиот и вториот пат — но Сатана нѐ спречи. 19  Зашто, што е нашата надеж или радост или круна*+ со која ќе се гордееме пред нашиот Господар Исус во времето на неговата присутност?*+ Зарем не сте тоа вие? 20  Да, вие сте нашата слава и радост!

Фусноти

Буквално: „своите души“.
Буквално: „да одите достојно“.
Или: „ги имитиравте“.
Види го додатокот 11.
Или: „венец“.
Грчки: паруси́а (парусија). Види го додатокот 7.